Св. Јован Шангајски - ГО ЧЕКАМ ВОСКРЕСЕНИЕТО НА МРТВИТЕ И ЖИВОТОТ ВО ИДНИОТ ВЕК
Да бидеме и ние милосрдни кон починатите. Штом некој се упокои, веднаш повикајте свештеник или кажете му да прочита “молитва по исход на душата“, која е одредена да се чита над сите православни веднаш по нивната смрт. Погрижете се ако постои можност, опелото да се изврши во Црква, а пред опелото над покојникот да се чита Псалтир. Опелото не мора да биде раскошно, но мора да се изврши во целост, без скратување;