Русија испрати хуманитарна помош во Р. Македонија, наменета за справување со последиците од поплавата која се случи во Скопје и Скопскиот регион
На молбата на Владата на Република Македонија Владата на Руската Федерација испрати хуманитарна помош во Република Македонија, наменета за справување со последиците од поплавата која се случи во Скопје и Скопскиот регион на 6-7 август оваа година, а исто така и за засилување на капацитетите на служби за кризно реагирање на Република Македонија.