Во 700 цркви и манастири ќе се спроведе мониторинг на православното културно наследство
Претседателот на националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети – ИКОНОМОС, Кристина Бицева, на денешната презентација на проектот што се одржа во манастирот „Св. Пантелејмон“ во Нерези, истакна дека државава е исклучително богата со културно наследство, но како што рече, најпрепознатливо, највредно и најбројно е токму .






Имено, иако борците за слобода со своите идеи им припаѓаат на сите слободољубиви луѓе и народи, иако светителите се почитувани и славени од сите богољупци, сепак, тие по својата национална припадност му припаѓаат само на еден народ. Затоа, и свети Климент и Гоце, поради нивните богоугодни и човекољубиви дела, можат да бидат почитувани и од други, но не можат да се делат со други! 
-Македонскиот јазик е темелот на македонскиот идентитет. Круната на неговата кодификација е 5 мај 1945, денот што денес го прославуваме. Иако првпат е прогласен за службен јазик во нашата држава на 2 август 1944, на Првото заседание на АСНОМ, континуитетот во развојот на македонскиот јазик го следиме уште од X-XI век,
Од денес, 3.5.2022 до 9.5.2022 година, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, се одржува Меѓународниот саем на книгата. На него традиционално, веќе едно десетлетие, учествува Македонската Православна Црква. Годинава на нашиот штанд своите издавачки дејности ќе ги претстават: Скопската, Дебарско-кичевската, Преспанско-пелагониската, Повардарската, Брегалничката и Кумановско-осоговската епархија.
На денешен ден, на 5 мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеци Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик.
После повеќе од 200 години од смртта на великиот македонски книжевник Јоаким Крчовски, Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква, донесе одлука за прибројување на Крчовски во диптихот на светиите. На 22 овој месец во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ ќе биде извршена свечена канонизација на Јоаким Крчовски.
Многумина зборуваат за својот патриотизам и љубовта спрема татковината, но татковината, пред сè, се луѓето. Татковината не е само минато, туку е и сегашноста и иднината. Оние родители кои ги убиваат децата, ја убиваат иднината на својата татковина. Тие вршат геноцид против сопствениот народ.




... Бидејќи духовните книги ги читате без нечие раководство, се плашите да не ви се случи да западнете во некакви неправилни мисли и да прифатите неточни мислења. Вашето стравување е многу оправдано. Затоа, ако не сакате да пострадате од ваква душевна неволја, не голтајте ги секаквите нови книги, макар тие да се и со духовна содржина, но чии автори не го потврдиле своето учење со светоста на својот живот; читајте ги делата на оние Отци кошто Православната црква ги прогласила за апсолутно и несомнено поучни и спасоносни.
Човек комбинира едно, па друго, па трето и ете. Размислува, тоа ќе биде, ова ќе биде, а всушност ништо нема да биде. Само усложнува и сам си го расипува расположението и после некој друг му е виновен што е тој нерасположен (му го расипале денот). Поминал некој и му го расипал расположението. А, нема "некој", туку сам човек си прави и си расипува.

Христовото Воскресение е најголемиот настан во историјата. Тоа е она што го диференцира Христијанството од било која друга религија. Другите религии имаат смртни водачи, додека Глава на Црквата е Воскреснатиот Христос. Христовото Воскресение е обновувањето на човечката природа, повторно создавање на човечкиот род,
И знаете што - секогаш кога го гледам, плачам за страданијата Исусови како прв пат да го гледам. Наивно и како дете. И не само за Исусовите туку за страданијата човечки воопшто. За она што човекот го има како потенцијал како Божјо чедо, а кое му е одземено, љубовта претепана, крилјата отсечени, она што има да го даде од себе за да го спаси светот - исмејано. 























