Старец Јосиф Исихаст: Ако си паднал, стани!
Значи, не очајувај кога ќе паднеш, туку со усрдност стани и направи метанија, велејќи: „Прости ми, Христе мој, човек сум и слаб сум“. Не те напуштил Бог, како што кажуваш, но бидејќи во тебе има световна гордост и многу суета, нашиот Христос дозволува да згрешиш и паднеш, па така секојдневно, преку тие ситуации, да станеш свесен за својата слабост, за да ги трпиш грешните, да не ги осудуваш...