Архимандрид Захариј Захару: РАСПНАТ ЕРОС
За да се научи на понизност. Бог допушта искушенија за да стекнеме смирение и поголема благодат. Добивката ќе биде наша. Не е важно од каде доаѓа искушението, но важно е да го надминеме. "Покорете му се на Бога; а противете се на ѓаволот, и тој ќе побегне од вас. Приближете се кон Бога, и Он ќе се приближи кон вас" Јаков 4, 7-8). Смирувајќи се ние му се спротивставуваме на ѓаволот, а во исто време се приближуваме кон Бога. Не постои друг начин да се соединиме со Христос освен преку љубовта. Само преку неа ќе ја стекнеме победата.