Старец Јосиф Исихаст: Постојано прави метанија кога ќе погрешиш и не губи време
Значи, прави метанија секогаш кога грешиш и не губи време. Зашто, колку што одолговлекуваш да побараш прошка, толку му дозволуваш на лукавиот да пушта корени во тебе. Не му оставај простор да добива право врз тебе. Така, немој да очајуваш кога ќе паднеш, но откако ќе се подигнеш, бодро направи метанија и речи: „Прости ми, Христе мој, човек сум немоќен“.