Митрополит Струмички Наум - Избор (11.12.2016 )

Богочовекот Исус Христос ги победи ѓаволот, гревот и смртта – и тоа ги победи за нас, и наместо нас, и го обезбеди нашето вечно благобитие. Ѓаволот, неговите демони, неговиот слуга – антихристот, гревот и смртта се поразени. Наше е само слободно, со вера и на дело, да избереме дали ќе учествуваме во победата на Богочовекот или во поразот на ѓаволот, и никакви други победи или порази не постојат на овој свет, и никаков друг суштински избор немаме.









Душата човекова е жедна за благодат и близина со Бога возљубени и скапоцени мои браќа и сестри, но единствено примерот може да ја приведе душата на секој човек по патот на вистината или по патот на погибелта, во зависност од делата кои секој од нас ги твори, а за кои неодложно ќе го добиеме заслуженото.



Понекогаш, кога љубовта Христова нe допира, ја чувствуваме вечноста. Тоа не можеме да го сфатиме со разумот. Бог дејствува на Негов, својствен начин, кој е недофатлив за логиката. Во нашиот христијански живот не треба единствено да се потпираме на својот разум.








Сте забележале ли, дека во денешно време никој за ништо не е виновен и дека сите се разбираат од сè? Освен фудбал и политика, Православието исто е популарна тема. Секој, кој што се крстил, веќе го кажува своето мислење каква треба да биде Црквата. А како што гледам дури и некрстените имаат мнение по тоа прашање.

























