Од чудата на свети Јован Кронштадски (25.01.2016)
„Јас бев исто така присутна – говори Татјана Сергеевна Смирнова – бидејќи премногу го почитував покојниот баќушка и доаѓав и порано кај него во Кронштад. Во последно време ме болеше раката. Тоа беше некоја чудна болест. На десната рака, околу дланката, ми се појави некоја не многу голема црвена флека.