Прво, очистува од гревот. Со милосрдност и правда гревот се очистува (Изрек. 16, 6). Нема грев што милостината не би можела да го очисти. Водата по својата природа не ја пере нечистотијата на телото онака, како што милостињата со својата сила ја измива нечистотијата на душата, вели светиот Златоуст.
БEСEДА за жeлбата за Бoга - eдинствeна жeлба на правeдникoт
Тeбe? Пoтрeбна ли му e рeка на oнoј кoјштo e дoвeдeн на извoрoт да пиe? И дали сe заглeдува вo oвчарската трпeза oнoј кoј e сeднат на царската трпeза? Бoг e дoвoлeн самиoт пo сeбe да гo засити сиoт глад и жeдта на чoвeкoт. Бoжјo e нeбoтo и Бoжја e зeмјата. Гoспoдарoт на ситeбoгатства e најгoлeмo бoгатствo; Твoрeцoт на ситe сласти e најгoлeма сласт;






На луѓето, одвоени од Бога со тројна преграда: природата, гревот и смртта, Господ им дал да Го поседуваат целосно и да се соединат со Него непосредно, со тоа што Он, една по една ги отстранил сите пречки: онаа на природата – преку Своето овоплотување; онаа на гревот – преку Својата смрт; онаа на смртта – преку Своето воскресение.
Еден ден, кога по обичај седел во својата ќелија и пишувал полезни книги, му дошол некој сиромав, и го замолил за помош. Му раскажал дека како капетан на брод преживеал бродолом и притоа не само што го изгубил својот имот, туку и туѓиот. Свети Григориј го повикал слугата и му наредил да му даде шест дукати на сиромавиот.
И така, проблемот на пубертетот не треба да го фокусираме на младите луѓе, туку на возрасните. И ако сакаме да ги решиме проблемите на младите, треба да почнеме од себеси. Ние, родителите, ќе поработиме на себе и тогаш ќе видиме дека ќе имаме резултати и во односот со децата. Ако сакаме да ги поправиме, без да се поправиме себеси, сѐ ќе направиме прав и пепел, само ќе отвориме рани и ништо нема да постигнеме.
Го велиш тоа и веруваш, но дали вистински си смирен, тоа нема да се види од твоите зборови, туку од тоа како ги примаш нападите и навредите од страна на другите. Таму ќе се пројави твоето смирение. Бидејќи кога велиш дека си грешен, недостоен, егоист, а потоа си одиш дома и една забелешка од сопругата станува повод за караница, што ти вели тоа? Само пред 10 минути велеше дека си
Исполнет со тага, тој не им одговарал ниту, пак, ги слушал. Бидејќи не можеле ништо да постигнат, тие го фатиле и страшно го истепале. Откако му го покриле целото тело со рани, го оставиле полумртов и заминале. Тој, пак, воздивнувајќи во неотстапно покајание, останал неподвижен.
Фотомедиа претставува меѓународно биенале на фотографска уметност со натпреварувачки карактер. Организирана е од страната на Фото Клубот “Елема 1962” од Скопје, поддржана од Фото Сојузот на Македонија и е под патротнат на Меѓународната фотографска асоцијација - ФИАП (Fédération Internationale de l'Art Photographique).
Раниот развој на децата, според различни методи, е една од многуте моди. Денес, само тоа слушаме: најважен за секој човек во нашиот „информациски век" е интелектот. Многу родители се поткупени од тој аргумент. Мајките сметаат дека детето треба да стекнува огромно интелектуално знаење буквално уште од пелените.
Јас кутриот, што да ви кажам… многу сум слаб. Не успеав толку многу да Го возљубам Христа, мојата душа да копнее по Него. Чувствувам дека сум многу назад. Така се чувствувам. Немам стасано таму каде што сакам, не ја живеам таа љубов. Но не очајувам, туку ѝ се доверувам на Божјата љубов. Му велам: „Христе знам дека сум недостоен.
Ако постапиме така, човекот повеќе нема ништо да сака да ни каже. Тоа е искуството на општењето и ние како родители треба да им дадеме на децата чувство дека во секој миг можеме да ги сослушаме, без да се разгневиме, без да се запрепастиме и дека нема да почнеме да си ги корнеме косите ниту да паничиме, па што и да ни кажат.
Чудотворниот лик на Божјата Мајка «Герондиса» се наоѓа во манастирот «Пантократор» на Света Гора. Именувањето на иконата во превод од грчки е «Старица» или «Игуманија». На оваа икона Пресветата Богородица е претставена во цел раст, во молитвена поза.
Во своите длабоки размислувања за човековиот живот, тие успевале да стасаат само до создавањето на одделни идеи, несомнено големи според својата содржина, но сосема безнадежни според својата сила. Кај грчките филозови идеалот на човекот целосно се ..
Колку ли се одалечуваме
Човекот не само што живее, туку и си дава отчет за својот живот, и затоа што си дава отчет за својот живот, тој може да живее не како што соодветствува, туку како што тој сака. Од личните размислувања над фактите тој си создава жива претстава за богатствата на животот и од гледна точка на таа претстава ја оценува својата положба во светот и се поставува себеси во однос на творечкиот живот.
Христијанството му говори на човекот дека тој не постои заради смртта и за да биде сенка во таинствените пребивалишта на митолошкиот Ад, туку постои за вечен разумен живот на небото, во Божјото царство на светлината и на вистината. Следствено, христијанството му ветува на човекот не проста бесмртност на неговиот дух, туку целосна возобнова на сето негово битие
66.Што е Символот на верата?
Иконата „Радост на сите нажалени’’ се чествува на 06. 11 по повод чудесното исцеление на Ефимија, сестра на патријархот Јоаким, коешто се случи во 1668 година во Москва. Ефимија имаше тешка рана на колкот, па бидејќи лекарите не можеа да ја излечат, таа падна да се моли со плач на Пресвета Богородица. И слушна глас: „Ефимија, оди во храмот на Преображението на Мојот Син; таму е иконата „Радост на сите нажалени“.

























