Ретроспектива (2005-2020): Света Дева – Пресвета Богородица
Има две главни причини зошто Црквата има толкаво почитување за Пресвета Богородица и секогаш Дева Марија. Прво – поради тоа што се покажала како најсвето човечко битие во историјата на човештвото до Христа и како таква се удостоила да Го прими Бога во својата пречиста утроба. Преку неа Бог неодвоиво и неразделно се сврзал со човекот и го остварил нашето спасение. Поминале толку човечки генерации, се родиле и живееле толку многу луѓе, но Бог чекал