Архимандрит Андреј (Конанос): Засакај се себе си и ќе го засакаш братот

Затоа што понекогаш одмаздољубивоста, омразата, проклетствата и негодувањата водат во болести. Докторите постојано ни зборуваат за тоа, дека ракот и разните останати болести: чиреви, крварења на желудникот, хипертонија, притисок – предизвикуваат душевна напнатост. Што е душевната напнатост? Нејзиниот корен е во недостатокот на љубов. Чувствуваш во другиот свој непријател.






Мошти од Св. Климент Римски беа пронајдени од страна на вработените во фирмата за рециклирање на ѓубре Envirowest. Тие веднаш ги известиле надлежните општествени служби за ваквиот значаен пронајдок и ги повикале да спроведат експертиза и поставување на моштите на соодветно место, односно светилиште.
Деновиве во нашите две свештени Обители, Бигорската и Рајчичката, за огромна радост на најмладите од целата наша земја, започнаа летните кампови по Веронаука. Огромна радост, бидејќи децата со нетрпение чекаат да дојде периодот, во кој тие ќе можат низ наука, креативни активности и рекреација да се запознаат со основните постулати на православната христијанска вера.
Самиот сатана го направил хероинот во својата лабораторија! Најпрво нуди задоволства, лажни, кои човекот ги прифаќа, од себељубие и егоизам. Поривот да се земе дрога доаѓа од гордоста. Мислиш дека луѓето околу тебе не ја сфаќаат твојата величина.
Kој нема духовен учител, од почетокот секогаш има усрдност спрема постот, бдеењето, безмолвието, послушноста и спрема другите добродетели, а потоа неговата усрдност постепено истинува и, бидејќи нема никого, кој да го подучува, да го подржува и да ја разгорува неговата усрдност, - тој почнува да се суши, да паѓа и, најпосле, станува немоќен роб на своите непријатели, кои почнуваат да прават со него сѐ што сакаат.
Девојката влезе и седна пред бирото на свештеникот. „Барам совет од вас“, рече отсечно и одлучно. „Мајка ми е при крај со животот. Голем дел од животот го помина работејќи ноќе во лоши места… Знам… Можеби малку ќе ве соблазнам…“ Престана, гледајќи го свештеникот испитувачки, но со искреност во нејзините очи“.
Кога ќе посакаш да правиш добро дело, најпрво да се подготвиш себеси за соочување со искушенијата, кои ќе дојдат против тебе. Бидејќи непријателот (ѓаволот), кога ќе види дека некој почнува со топла вера еден богоугоден живот, обично го подложува на различни и страшни искушенија, та од нив да се расколеба човекот, и да ја остави добрата намера.
„Архимандрит Партениј е познат со уважението кон сите луѓе, без разлика на нивната верска, етничка и расна припадност. Тој го претвори Бигорскиот Манастир во вистински центар на соживот, не само во Македонија, но и надвор од земјата. Архимандрит Партениј се занимава со хуманитарна дејност и укажување на духовна и материјална помош, како на поединци
– Видете, го нарекуваат свет, а јас не знам дали е свет, дали пости, дали бдее, дали се моли со бројаницата и прави поклони, не знам за тие работи, можеби и ги прави. Но едно нешто знам – јас, како што можете и да видите, не сум добар монах и тоа го кажувам – пијам, се опивам, никогаш не постам, не одам на служби…
Еднаш Старецот ми рече: „Ти си побожен човек. И сакаш да ги натераш своите ближни да бидат исто толку верни и побожни луѓе како тебе. Мислиш дека така ќе успееш? Само ќе направиш штета. Принудувањето побудува отпор кај луѓето. Ти му велиш на човека „направи вака“, и тој не сака, затоа што ти си му го рекол тоа. Во него се крева бран на отпор и тој ќе ги игнорира твоите зборови.
Можеме да зборуваме за различни видови на љубов. Има едноставен, вообичаен опит на љубовта, кога членовите на едно семејство меѓусебно се љубат, кога таткото и мајката ги љубат своите деца, кога децата возвраќаат на таа љубов, кога љубовта, радосна и светла, ги соединува младоженецот и невестата. Ваквата љубов, која се јавува како радост и светлина,
Кoга ситe планини би тргналe на тeбe, дали ти би мoжeл сo рацe да ги запрeш? Нe. А кoга тeмнината на ситe тајни на нeбoтo и на Зeмјата сe навали врз малата свeќичка на твoјoт разум, дали твoјoт разум би мoжeл да ги oсвeтли? Уштe пoмалку. Нe пoтпирај сe на твoјoт разум, бидeјќи и oд таа ништoжна твар,
Кога би работеле на сопственото поправање и кога повеќе би биле свртени кон внатрешното отколку кон надворешното, давајќи ѝ предност на Божјата помош, повеќе и подобро би им помогнале на другите. Над сѐ, така би ја добиле внатрешната хармонија што тивко им помага на луѓето кои ги сретнуваме,
Страшнo e да сe убиe чивeк. Нeма збoрoви сo кoи ќe сe oпишe ужасoт штo гo oпфаќа чoвeкoубиeцoт. Дoдeка чoвeкoт сe пoдгoтвува да убиe чoвeк, тoј пoмислува дeка e сeeднo да сe убиe чoвeк и да сe убиe вoл. Нo кoга ќe гo изврши свoeтo смислeнo злoстoрствo, тoгаш oдeднаш ќe oсeти дeка им oбјавил вoјна на нeбoтo и на зeмјата,...
Сеќавај се на две помисли и плаши се. Едната ти вели: „Ти си свет човек“, а другата: „Нема да се спасиш“. И едната и другата доаѓаат од ѓаволот и не се вистинити. Ти мисли вака: „Јас сум голем грешник, но Господ е милостив и ги сака луѓето и Он ќе ми ги прости гревовите“.
Така и јас еднаш испросив послушание по своја волја. Бев економ, но сакав да одам во Стар Русик поради безмолвие. Таму постојано се постеше. Цела недела се јадеше на вода, освен сабота и недела, и заради тоа народот таму ретко одеше. Госто-приемник тогаш беше отец Серапион кој јадеше само леб и вода. Потоа него го замени отец Онисифор.
Ако ти сакаш да се сретнеш со Христос, ти Него ќе го најдеш во Црквата, бидејќи таму целото човештво е соединето со Бога во лицето на Христа. Невозможно е да имаме општење со Христос, ако се наоѓаме во лоши односи со луѓето. Со својот пример Старецот не учеше, дека нашата љубов кон Христа, доаѓа преку луѓето.
Зборот катихизис во превод од грчки јазик значи огласување, усно поучување, а, соодветно на неговата употреба во времето на апостолите со тој збор се означува првоначалното учење за православната христијанска вера, учење кое му е неопходно на секој христијанин (Лк. 1, 4; Дела. 18, 25).
























