логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 p.andreas-konanos

 17/09/2015   Поуки - совети

Светителите велат дека еден од главните проблеми кои ги имаме, е заборавањето. Освен чисто битни работи за кои што треба да трчаме, ние забораваме и многу други работи. Јас на пример, дома сум купил четири пакети сол, бидејќи кога одам во продавница, си мислам дека може да е завршена и купувам. Така сум го наполнил ормарот со сол. Заборавам што имам да правам и што правам, но во просторот на духовниот живот забораваме на она на кое Христос нè учи. Резултатот од тоа е дека по време на искушение не опфаќа паника, бидејќи тоа ни се случува изненадно и одеднаш.

Светителите велат дека секој пат кога ќе се чувствуваме лошо, без разлика дали поради тревога или загриженост, или се урива, или не потиснува меланхолија или не опфаќа паника, сугурно нешто сме заборавиле. Не е возможно во тој час да си во контакт со Бога, со Неговото учење и вистини, со чувство во душата, па дури и само како мисла. Не е можно да се чувствуваш толку опаднат. Во моментот кога се чувствуваме лошо, нешто сме заборавиле.  Добро е да се потсетиме на тоа нешто. Затоа постојано служиме света Литургија, затоа постојано читаме, затоа се молиме постојано, затоа за време на светата Литургија свештениците велат: “пак и пак…“, повторно и повторно. Зошто? Бидејќи сум човек. Како што велат некои – убаво  ги зборуваш овие работи и додека зборуваш, сè е во ред, но кога ќе завршиш, започнува пак истото – ги заборавив твоите зборови. Повторно чекам да те слушнам и потоа пак заборавам.

Која ни е целта? Да, дојде еден момент во животот – ќе биде подобро да не сме на 95 или 100 години, добро е сепак да е во овој живот, во кој овие вистини ќе најдат простор во нас, ќе почнат да доминираат и ќе бидат основниот елемент во нашиот живот. Да ги почувствуваме и тие да нè напојуваат, за да живееме порадосни и утешени. Една заборавена вистина е доказ дека за духовен живот не се зборовите, а радоста која  се емитува во нас. Можеме многу да говориме за Христос, но кога некој живее блиску до нас, тогаш гледа дали она што го велиме, го преобразуваме и во реалност. Затоа многу често дома се караме, ги притискаме другите, им говориме разни нешта, им припомнуваме, но со тоа што го кажуваме, не им допираме до срцата, зашто заборавеме дека прво нешто со кое треба да сведочиме за Христа, е мојот личен живот, а не зборовите. Зборови во нашава епоха има многу. Луѓето не се убедуваат, бидејќи велат – добро зборувате, но не го живеете она што го велите. Затоа и Христос вели: „По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе“ (Јован 13, 35). Односно не од она што зборувате, иако и тоа е потребно, но не е доволно, бидејќи не убедува. Затоа основна вистина, за која зборуваме е дека приоритет во духовниот живот треба да оддадеме на тоа колку работите кои ги зборуваме, нè преобразуваат самите нас. Те прави ли среќен тоа, во кое веруваш, те успокојува ли, те умиротворува ли твојата вера? Живеј го она што го вели Христос и остави ги луѓето во спокојство и мир.

Обично, ние создаваме тензии дома, во околината, на работа, во семејството, наводно за да им помогнеме заради Христа… А, всушност избувнуваме од сопственото нерасположение и незадоволство, од нашите лични емоционални, психолошки и духовни проблеми. Човекот, кој во себе има спокојство, е умиротворен. Сака сите да се спасат, има позитивна загриженост, за која што зборува старец Пајсиј. Таа добра загриженост не го полудува, тој спие спокојно зошто го доверува животот на луѓето на Бог.

На Света Гора тоа ми го кажа еден монах од  „Света Ана“ во 1986 година – јас тогаш бев мал и мислев дека ако веруваш во Бога, тоа задолжително ќе има за последица да зборуваш, да трчаш, да ги променуваш луѓето насила, со добро или со зло. Прашав тогаш за овој монах: тој што ќе прави тука, цел живот ли ќе стои во планина? Ми се чинеше многу љубопитно и чудно. Имав малку детска дрскост и го прашав:

    Отче, што правиш тука? Со што ќе му помогнеш на опшеството?
    Јас ќе ги оставам луѓето на мира, тоа ќе е мој придонес, нема да им одам на нерви и да ги загрижувам луѓето со моите страсти, нема да ги оковувам со мојот притисок, со мојот карактер, ќе стојам тука, за да придобијам мир и спокојство.

Потоа ме праша:

    Можеш ли да ги прегрнеш нозете на Христос и да се преобразиш? Тоа сакам да го постигнам!

На крај ми кажа: „Можеш ли да станеш свети мошти, тоа ќе е твојот принос“. Направи го животот таков, каков ти ќе бидеш, како што треба да бидеш, а луѓето остави ги да те почувствуваат. Св. Нектариј Егински каде е сега во недела наутро и што прави? Стои таму легнат, таму се неговите мошти. Бродовите одат и се враќаат во Егина, го посетуваат Светителот, тој е свет и ги привлекува луѓето. Ако си таков, каков Бог те сака, ќе ги придобиеш луѓето, ќе доаѓаат другите да те најдат, без самиот да ги притискаш, да вежбаш притисок, тоа е исконска духовна вистина, која не сме ја разбрале.

Многу пати нашата прекумерна екстровертност крие наши лични недостатоци и проблеми. Жени кои им врескаат постојано на мажите, проповедаат, ги поправаат, сакаат да ги стават сите во ред. И жени и мажи, сите страдаат  од она, кое покажува, дека тие самите не достигнале мир и не се смириле. Спокојниот човек дава спокојство на сите. Другиот ќе се спаси, но не од тебе. Ако ти не го убедиш, друг ќе го стори тоа, така одеднаш, додека не се очекува. Ќе отиде на некое поклонение, ќе најде брошура на влезот, незначителни работи на прв поглед, и ќе си каже: види, тука Бог нешто ми кажа! Нема ти да го промениш. Ти смири се. Големо нешто е да запомниме, дека најважно во духовниот живот е ние да придобиеме мир и спокојство, нека не се заборава тоа.

Кога избувнувам, само и единствено јас имам проблем во себе. Никој не ми е виновен. Никој! Од тоа си патат многу жени, кои се мажат и ми кажуваат:

    Јас, отче, се омажив!

Кога јас прашувам каков е спомнатиот маж, таа ми штрајкува:

    Добар е… Не е многу, каков што јас го сакам, но ќе го оправам. Лека – полека ќе го променам.

И, тоа и целта на нејзиниот живот. Се мажи, за да го оправи. И мажите истото им го кажуваат на пријателите: не е како треба, но ќе ја поправам. Едниот се обидува да го оправи другиот, првиот повлекува наваму, вториот назад. Така се караат до длабока старост и никој не вели: јас треба себе си да се променам.  Не се оженив за жената, да се правам мисионер, да ја оправам насила. Главните елементи на личноста не се менуваат, пример – една жена, која има голем инает, упорност, карактерот и е таков, малку ќе  омекне, но нема да стане ангел. Тоа се практични работи. Во теорија може да веруваш дека може да стане ангел. Но, сум слушал многу исповеди (признанија) и сум сфатил дека не стануваме ангели во однос на основните составни елеминти. Родителите со тек на време омекнуваат, стануваат благи, но не се менуваат радикално. Освен, кога ќе остариш целосно. Ѝ кажав на една госпоѓа:

    Гледам, дека си напреднала во духовниот живот, многу си спокојна, не се караш.
    Ее, што да правам, отче, како да се карам – немам сили, остарев, и тој не може, има и шеќер, има и болест, кога ќе го мавне, не може да зборува…

Тоа се вистини кои изгледаат смешно, но ако погледнеш подлабоко, тие кријат многу сериозни проблеми во нашиот духовен живот.  Затоа фокусирајте се на себе. Кога  си Божји човек, не сакаш никого да убедуваш, но убедуваат твојот живот и пример. Тоа, што во среда и петок ќе постиш, без притоа да ги обеспокојуваш другите кои не постат. Убедува тоа, што во недела наутро ќе одиш во црква, без да се враќаш дома намрштен заради тоа, дека другиот не отишол. Убедува тоа, што ќе одиш на разговор и ќе се вратиш со мир, слобода и спокојство. А, не да велиш: требаше и ти да дојдеш, да слушне како кажуваа за тебе! Сето кажано беше за тебе! Односно одиш на разговор со цел да го промениш другиот. Со цел да создадеш смут, напнатост и други соодветни чувства на тоа.

Многу ни се допаѓа да ги читаме житијата на светиите, но што земаме од нив? И преподобниот старец Порфириј кажува за тоа: не зборувај му постојано на детето, бидејќи ќе влезе само во увото, подобро кажи го на Бог, Тој да го вложи во срцето на детето. Да го промени на мек начин. А, ние зборуваме, зборуваме и состојбата останува иста. Зашто ние не се променуваме. Вистинско себепознание е кога знам дека сите луѓе длабоко во себе бараат нешто убаво и најубаво. Тоа исто го забораваме – дека не постои лош човек, не постои таков, кој ќе е грешен по природа. Нашето создавање е испреплетено со љубовта Божја, со Неговата Благодат. Со простувањето кое сме го добиле со светото крштение, со светото миро, со Светата Причест, преку која ни се простуваат нашите гревови. Кога гледаш некој човек и имаш внатрешно напрегање и сакаш да се скараш, запомни, дека тој човек страда. Еден светогорец рекол: кога гледаш дека некој те напаѓа и е агресивен спрема тебе, те наредува, или зборува остро, во себе не подготвувај оружје за да војуваш против него, но кажувај: колку страда овај човек во моментов, нешто го мачи, нешто го измачува. Колку повеќе вика и се кара, толку повеќе страда и се мачи. Тој повеќе се мачи од тебе. Кој греши,  е жеден.

Човек не знае да го најде Христос, и започнува да прави гревови. Колку е пожеден човек за грев,  гледаш и колку повеќе се потопува во наркотици, пороци, беззаконија, но да знаеш дека и тој не е лош човек – тоа го гледале сите светители. Но ние го забораваме, ги етикетираме луѓето како добри и лоши, праведни и грешни. Истовремено, гледаме дека Христос е постојано со тие лошите, Го гледаме да јаде, да оди, да зборува со нив и да ги сака, а другите да се скандализирани, односно ние „добрите“. Кога Му рекле: зошто одиш при нив, не гледаш дека се лоши? – Тој им одговорил: „Зашто не дојдов да ги повикам праведниците, туку грешниците на покајание“(Матеј 9:13). Тие луѓе, всушност, длабоко во себе, не љубат, Господ ги изобличува. Кога отишол во домот на Симон, Тој му рекол: ти не ми даде ни целив, додека  блудницата Му ги целивала нозете. Таа гревовна душа… Гревовна во својата површност и дела, таа пројавила љубов. А ти покажуваше само дрскост, самооправдување, задоволство. Си кажуваш: јас сум во ред, не сум како другите,  како своето дете кое има смолкнати панталони и обетки, и тетоважи, што сум должен да го поучувам и поправам. Но, зад сето тоа гледам еден друг печат, кој е од Бога. Не ја гледај тетоважата – зад неа се крие душа што жеднее да отпечати врз себе љубовта која не ја добила. Но кога ќе настане скандалот, ние го забораваме тоа. Зборуваме како да сме непријатели и дома имаме логори.

Некои жени велат: сите се свртеле против мене, сите војуваат со мене. Јас ја прашувам: каде живееш, во Авганистан? Како тоа сите војуваат со тебе? Тоа е твој дом, твое семејство, деца. Но таа зборува со агресивни, нападни термини, термини од војната.  Во таа куќа, вели таа, наумиле да ме полудат! Кои се тие? Мажот ми, децата… Не разбира дека врската е врска на заедничко патување. Сите одиме заедно за да ја постигнеме целта, која е радоста и покојот на душата и единството на срцето и телото, кога станува збор за сопружници. Ако тоа не се постигне, владее само напон.

 

Автор: архимандрит Андреј Конанос

Превод од бугарски: богослов Дамјан Трпкоски

Извор: pravoslaven-sviat.org.;

Преземено од: Преспанско-пелагониска епархија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3142
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная