Старец Порфириј- За молитвата (29.03.2018)
Гледајќи го вашиот труд, Бог дарежливо ви ја дава Својата благодат, вам и нему. Но, притоа мора да бидете мртви за себе. Го разбравте ли ова? Вие тагувате кога другите не се добри, а би требало да се предадете на молитвата за со помош на Божјата благодат да дојдете до посакуваната цел. Вие укажувате на доброто потпирајќи се на својата мудрост, а тоа всушност, и не е толку правилно.