Св. Максим Исповедник: Поука
Речи вака:
„Господи Исусе Христе, помилуј ме мене грешниот и мојот брат (името), затоа што поради моите гревови ми се налути.
Зашто мојот брат е моето огледало и тој ги гледа моите лоши дела“.
Ти се воплоти во пештера тајно, но небото Те објави на сите, Спасителу, како уста употребувајќи ја sвездата, и таа Ти ги приведе мудреците кои со вера Ти се поклонија. Со нив и нас помилуј не. А кога се наврши времето, Бог Го испрати Синот Свој Единороден (Гал. 4, 4) за да се спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовеста којашто архангелот Гавриил Ѝ ја јави на Пресветата Дева во Назарет велејќи: „Радувај се, благодатна..., еве ќе родиш и ќе зачнеш син“ - во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се попише сиот народ во римското царство. Повеќе... |
Речи вака:
„Господи Исусе Христе, помилуј ме мене грешниот и мојот брат (името), затоа што поради моите гревови ми се налути.
Зашто мојот брат е моето огледало и тој ги гледа моите лоши дела“.
О, кога би знаеле колку Пресвета Богородица ги љуби оние кои ги исполнуваат заповедите Христови и како жали и тагува за оние кои не се поправаат.Ова лично го имам почувствувано. Таа благоизволи да ме посети и да ме вразуми веќе да не грешам, велејќи: „Тешко ми е кога гледам што правиш“.
Страв и трепет ја обземаат душата моја кога сакам да пишувам за љубовта Божја. Бедна е душата моја и нема сили да ја опише љубовта Господова. Душата се плаши, но истовремено и сака да напише неколку зборови за љубовта Христова. Мојот дух нема сили да пишува за тоа, но љубовта ме поттикнува.
Начинот на кој соборноста на Црквата се открива во евхаристиската заедница покажува дека најдлабоката суштина на соборноста е положена во надминувањето на сите разлики во Христа. Ова мора да се разбере безусловно и без какви и да е исклучоци. Тоа ги покрива сите полиња и сите области на постоењето, било лични или општочовечки, историски или есхатолошки, духовни и
За пиетизмот богопознанието претпоставува „препород“ на човекот, а овој препород е сфатен како живеење според моралниот закон на Евангелието и како емотивно искуство на авторитативните вистини. Пиетизмот се претставува како мистична побожност, а конечно како облик на спротивставување на знаењето; како „адогматски“, во смисла дека ја игнорира
Многумина во мојата парохија го бараа скапоцениот ,Бисер‘. И многумина го имаа најдено. Мојата парохија напредуваше во секој поглед. Мојата душа се полнеше со радост, надеж и храброст. Моите проповеди оставаа голем впечаток. Многумина доаѓаа на исповед. Мојата црква секогаш беше преполна од народ. Успеав да ја заживеам целата парохија.
Преку многу неволји и жалости треба да влеземе во Царството Божјо, таков е духовниот закон. Апостолите, мачениците и преподобните, сите светии, влегле во Небесната слава преку многу голема жалост и неволја. „Зашто Господ го казнува оној, кој што го сака; го кара секој син, кого што го прима“. Очигледно нема друг пат во Царството Божјо, освен тесниот, крсниот.
Пријателе мој, едно те молам: никогаш не отстапувај од Бога, колку и да паднеш и колку да згрешиш и да Го навредиш Господ (Господ нека те чува), но како блудниот син, моли Го за прошка и секогаш труди се повторно да живееш по заповедите. „Оној кој доаѓа кон Мене, нема да го отфрлам!…“ Кој оди кон Господа исполнувајќи ги заповедите, ако на патот падне, а потоа стане и оди напред,
Гoлeма e жртвата да сe oстави свoјата таткoвина и дoбрoвoлнo да сe живee вo туѓина заради кoрист на свoитe ближни. Нo кoлку e пoгoлeма жртвата да сe oстави свoјoт ум и пoстoјанo да сe прeправа прeд луѓeтo какo бeзумeн! Зарeм бeзумиeтo нe e најгoлeма туѓина? И да сe живee вo таа страшна туѓина гoдини и гoдини и тoа сè заради пoлза на свoитe ближни.
Како да се победи стравот?
Многу едноставно- да се биде смирен. Во смирението потонуваат сите стравови и помисли како камен во огромен океан. Тогаш ти ќе дознаеш дека смирението е вистинска храброст. Затоа стравот е спротивен на храброста. Но, не таа храброст за која говорат во светот, туку храброста на смирението, кое раѓа чисто срце.
Исто така погрешно зборуваш кога велиш: нема Бог! Бидејќи она што ти го немаш, не значи дека никој го нема. Кој те овластил да зборуваш во името на целиот свет? Кој ти дал право својата болест да им ја припишуваш на сите, и својата немаштија да им ја наметнуваш на сите?
Кога ќе се приближиме за да се причестиме, мислам дека тоа е термометарот на нашата вера. Другпат сме велеле дека термометарот на нашата вера е молитвата, но сега велам, дека тоа е термометар во оној час – дали нашето срце ќе заигра? Молитвата е љубов кон Бога. Светата причест е љубов кон Господа, но нешто многу повозвишено,
Ми напиша дека си плачела три дена по добивањето на моето писмо. Се радувам дека си плачела, ако твојот плач е по Бога, а не од навреда, од самољубие. Од сета душа ти посакувам да ги видиш своите прегрешенија и да плачеш за нив не три дена, туку низ целиот свој живот се до смртта, за да не плачеш вечно по смртта… кога ќе не изведат пред непристрасниот Судија,
Не чудете се на тоа. Тоа е жестока битка, и „ако Господ не изгради дом, напразно е залагањето на ѕидарот и ако Господ не го сочува градот, залудно е бдеењето на стражарите“. Треба да се предадеме на милосрдие во Божјите раце, гледајќи ја пред Бога својата бессилност и немоќ сами да се одбраниме од непријателите видливи и невидливи. Не плашете се! Ѓаволот не го прави она што сака, туку она што Господ му допушта. Прочитајте ја книгата за Јов.
Кога го гледаме Христа Каков што Е, почнуваме да се гледаме самите себе си, да се освестуваме колку големи и бедни грешници сме, и да заплачеме за себе си. Љубовта за целиот свет се раѓа по мерата на нашиот плач. Престануваат поделбите. Сите сме едно во Христа.
Монахот Му заблагодарил на Бога што го зачувал жив, а разбојникот го замолил да му дозволи да остане со него. Монахот го зел со себе, збогатувајќи се со совршен послушаник. Послушаникот поживеал многу години во пустината и при секоја прилика не пропуштал да се потсети на чудото, односно првата средба со својот...
Ако си го победил злото во еден агол на земјата, си го победил по целата земја, и без да зборуваш, кога ќе се покаеш, стануваш најголемиот мисионер на светот. Ако таму каде што стоиш, во твојата соба, ќелија, дом, автомобил, се покаеш и се натажиш за себе си, за тоа каков си, каков би требало да бидеш, но не си таков – тогаш помагаш на луѓето, зашто стануваш смирен,
Сметам дека една од причините поради која младото поколение денес нема многу покајание, најмалку внатрешно, го потенцирам тоа – не внатрешното, туку надворешното – покажуваат непокорлив, бунтовен, рамнодушен, презрив дух кон возрасните, прават што сакаат, трошат сѐ, ништо не ги интересира
Се каеме лично, но нашите страсти се оние кои го угнетуваат светот. Следствено, она што го живееме не е одвоено од животот на светот. Полека – полека, природно, почнуваме да ја живееме нашата состојба како отсјај на состојбата на целото човештво.
Живееме во еден свет во кој владее антикрсниот дух. Во еден свет кој како свој идеал ги има себељубието, свет без морал, свет во кој е најважно задоволувањето на страстите, благоденствието, комфорот, свет кој ја поставува слободата не во жртвата и љубовта, т.е. во Крстот, туку во егоизмот.