„Секој ден мене ми е чудо. Кај мене секој ден небото е различно’’ - Петар Мамонов
Jас ништо не одобрувам и не обвинувам, ми стои нешто во грлото, својата нечистотија. Ако го исчистам светот за мала дамка од себе, на светот тоа му е доволно. Спаси се себеси и доволно е тоа од тебе.


Еднаш си реков: „Боже мој, Те молам, направи така да се промени животот на сите мои пријатели и на луѓето кои го слушаат радио емитувањето“. И Бог вели: „Не разбрав! Односно ти сакаш да не се научат да одат сами? И да добиваат сѐ на готово? Ќе чекорат на нивните нозе, Јас ќе им подадам рака, ќе ги подигнам да одат. И грешки ќе направат, но треба да се борат во својот живот…“
Ние имаме право само да кажеме: „Нека Господ те спаси, нека те сочува Господ, нека ти помогне Бог, и јас верувам во тебе, за сé што си постигнал јас сум задоволен, што ти донесе самостојно решение, но беше потребно да се посоветуваш со мене... и сé во таков дух (позитивен).“
Мислам дека тоа е суштината на духовниот живот. Денес некој ми прати меил и ми напиша: „Многу те молам, отче, кажи нешто за Третата светска војна!“ Добро де, луѓе, да кажам и за неа. Но јас сум сигурен дека многу од тие кои прашуваат, нема да ја доживеат Третата светска војна како што се плашат, но ќе успеат до вечерта да ја преживеат нивната светска војна со жената и со децата!
Нешто се случува со нас луѓето, не знам како да го објаснам тоа, но секогаш наоѓаме причина да се грижиме, да западнеме во меланхолија. Бог ти решава еден проблем, а ти за кратко наоѓаш друг. Не знам што се случува, не сум видел некој човек во животот да каже: „Јас сум среќен и се оди добро!“
И повторно и повторно вителот на помислите ќе не однесе во темнина. Ќе го слушаме шепотот на демоните: Ти едноставно не можеш да се насладуваш и да се радуваш! А, навистина погледни добро, и на се` добро во твојот живот, и се`како ни заповедал Христос.
Откажи се од треперливата светлина на разумот за кој е недостапен духовниот свет; потопи се во мракот на незнаењето и бесмислата за тоа преку молитвата на срцето твое да засветли духовна светлина. Претстави си дека си дете кое ништо не знае, ништо не разбира, но кого нешто го влече кон Бог, Кому му верува макар онака како што мало дете им верува на своите родители.
"Луѓето имаат обичај да кажат : нека биде волјата Божја.
Сликата на дете со „паметен“ телефон или таблет в рака веќе стана секојдневие, и тоа до таа мера, што нивните родители се гордеат за способностите на пребарување што ги поседува нивното дете, а најверојатно го забораваат шокантното во целиот овој случај.
Самиот сатана го направил хероинот во својата лабораторија! Најпрво нуди задоволства, лажни, кои човекот ги прифаќа, од себељубие и егоизам. Поривот да се земе дрога доаѓа од гордоста. Мислиш дека луѓето околу тебе не ја сфаќаат твојата величина.
Девојката влезе и седна пред бирото на свештеникот. „Барам совет од вас“, рече отсечно и одлучно. „Мајка ми е при крај со животот. Голем дел од животот го помина работејќи ноќе во лоши места… Знам… Можеби малку ќе ве соблазнам…“ Престана, гледајќи го свештеникот испитувачки, но со искреност во нејзините очи“.
Можеме да зборуваме за различни видови на љубов. Има едноставен, вообичаен опит на љубовта, кога членовите на едно семејство меѓусебно се љубат, кога таткото и мајката ги љубат своите деца, кога децата возвраќаат на таа љубов, кога љубовта, радосна и светла, ги соединува младоженецот и невестата. Ваквата љубов, која се јавува како радост и светлина,

Над сѐ: над љубовта, над твојот маж, над твојата жена, над секојдневните настани, да помните дека сте предназначени за небесата, дека сте стапиле на патот кој бездруго треба да ве однесе таму. Невестата и младженецот ги даваат нивните раце, ги позема свештеникот и ги води околу трпезата, играјќи и пеејќи. Ова значи дека бракот е патека, патешествие кое ...
Занимавањето со спорт, стекнувањето на воени вештини, кампувањата, учеството во работа, со акцент на традиционалната машка работа, мноштвото херојски примери со кои изобилува историјата, книжевноста, уметноста и-слава на Бог-современиот живот, тоа се, кажано со јазикот на математиката, неопходни услови но, недоволни за вистинско машко воспитание.
Што конкретно пречи во современото општество на востановување на машкото начело? Мене ми се чини дека тоа пред сè е усмерувањето на хедонизам. Основното усмерување на потрошувачкото општество. Ако општеството има потреба од «идеален потрошувач», ако жедта за наслада е во главата на аголот, тогаш во склад со тоа, во човекот со бујни бои расцветува егоизмот, индивидуализмот и инфантилизмот.
„Пет минути“ пред склопувањето на сојуз, потпишаното не се разликува од обична свиткана хартија, но „пет минути подоцна“ ја има силата да ја определи судбината на стотици милиони.
Ние со ужас си помислуваме за војната, но многу често сосема спокојно се однесуваме кон оној страшен, бесчовечен мир, којшто ѝ претходи на бурата и крвопролитието. И секој од нас носи одговорност за сите оние страшни работи што се случуваат наоколу; никој да не вели: „Јас сум жртва, јас сум чист, јас само сум подложен на страданија, јас сум сломен од околностите…“ Христијанинот не може да биде сломен од ништо,























