логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

sv.Elisaveta.zitie.jpg

 (Обновено)

Колку ли можеме да простуваме? Некоја навреда, можеби? Неисполнето ветување? Лажно обвинување? А можеме ли да простиме убиство на некој што ни е многу близок, како што прости ТАА?
Колкава ли жртва можеме да направиме за другите? Да се откажеме од нешто што ни припаѓа, можеби? Или, да подариме некому неколку часови од нашето скапоцено време? Можеби би направиле и некоја друга, поголема жртва? А би можеле ли целосно да се жртвуваме себе си, како што тоа го правеше ТАА?
Колку ли можеме да љубиме? Но вистински да љубиме, барем онолку колку што се сакаме себе си. Би можеле да ги љубиме нашите роднини...пријателите...или оние што не љубат нас... А можеме ли да ги љубиме  оние што ни посакуваат зло, како што љубеше ТАА?
Ах, кога само би можеле да бидеме како НЕА... ТАА беше вистински пример на простување, себе-жртвување и љубов. ТАА беше великата руска кнегиња Елисавета.

 

sv.Elisaveta.zitie1.jpg

Денес, многумина во светот знаат за неа или имаат слушнато за нејзиното велико име. Сепак, постојат и некои кои досега немале можност да разберат за нејзиното величие. Која е таа велика кнегиња Елисавета?
Родена во 1864 година како вистинска принцеза (внука на англиската кралица Викторија) а подоцна постанувајќи сопруга на великиот руски кнез Сергеј, Елисавета имаше право на секакво кралско достоинство и привилегии. Но, вистинската величественост на една личност не може да се пронајде во блесокот на златната круна, туку во кроткото, понизно и полно со љубов срце. Токму такво беше срцето на Елисавета. Всушност, многубројни беа добродетелите што ја красеа и ја правеа така величествена и посебна. Начинот на кој таа простуваше, нејзината самопожртвованост, а посебно љубовта со која зрачеше кон целиот свет, јасно сведочат за една уникатност и огромна возвишеност над секојдневното и овоземното.
Како простуваше Елисавета?
Како сопруга на велики кнез -син на рускиот император Александар II во време кога руските револуционери вршеа атентати над многу државни функционери, Елисавета постојано стравуваше за безбедноста на нејзиниот сопруг. Во 1905, нејзиниот страв постана и реалност кога великиот кнез Сергеј беше убиен од терористичка бомба. Со своите сопствени раце, Елисавета ги собираше остатоците од телото на сопругот, растурени насекаде по белиот снег, не изустувајќи ниту еден лош и гневен збор против убиецот. Всушност, таа најде сили и да го посети убиецот во затвор и да му каже дека нејзиниот сопруг и таа му простуваат за злоделото што го стори! Му подари Свето Писмо, надевајќи се дека со тоа ќе го омекне неговото жестоко срце и ќе го поттикне на покајание. На заминување од затворската келија, благо му рече: „Ќе се молам за тебе“. Навистина, ретки се оние што имаат таква храброст! Ретки се оние што можат да понудат такво простување! А таа беше една од ретките.

 

sv.Elisaveta.zitie2.jpg

Каква беше самопожртвованоста на Елисавета?
Елисавета беше спремна во секое време да се жртвува себе си за другите. Ова особено стана очигледно по смртта на нејзиниот сопруг. Таа го раздаде целиот свој имот и соблекувајќи ги гламурозните царски одежди, понизно ги замени со скромна монашка риза. Да, претходно примајќи ја светата православна вера, по трагичната смрт на великот кнез, Елисавета прими монашки образ. Продавајќи ги сите убави облеки, накити и уметнички дела, таа ги употребуваше парите за да им помага на несреќните и сиромашните. Го основа и домот на милосрдие (подоцна и Манастир)„Марта и Марија“ во Москва, каде што отвори и бесплатна болница и кујна за бедните. Околу 400 луѓе се хранеа во бесплатната кујна секојдневно. Основа и сиропиталиште каде што многу сирачиња и напуштени дечиња најдоа топол дом. Елисавета беше спремна дури и да го жртвува својот живот за да спаси други животи. Таа често одеше во најбедните и најзлогласни места во Москва, изложувајќи го животот на опасност при обидите да спаси колку што може повеќе дечиња од глад и домашно злоставување. Да, секој еден ден од животот на Елисавета беше една голема жртва за другите. Се грижеше за болните во болницата давајќи им морална поддршка и физичка помош, подготвуваше оброци за бедните, се грижеше за дечињата, раководеше со Манастирот и се грижеше за духовното раководство на сестрите во него...Таа целосно го имаше посветено својот живот на другите. Постои ли поголема жртва од оваа?

 

sv.Elisaveta.zitie3.jpg
Она што најмногу ја красеше Елисавета беше нејзината совршена љубов. А како љубеше Елисавета?

Љубовта што Елисавета ја поседуваше навистина не може да се измери. Таа љубов беше толку возвишена над земните работи и несфатлива за човечките умови. Таа го љубеше секого, дури и повеќе отколку што се сакаше себе си. Навистина, се досега кажано за неа сведочи за тоа. Сепак, има уште многу да се зборува за нејзината љубов. За време на првата светска војна, кога руските армии се бореа против Германците, Елисавета многу страдаше поради нејзиното германско потекло. 
Во една прилика, таа за малку ќе беше каменувана до смрт од група руски бунтовници пред болницата што самата ја основа и во која се грижеше за болните. 
Нарекувајќи ја германски предавник, насилниците беа спремни да ја нападнат, но во вистински момент беа спречени од чета руски војници кои ги оставија посрамени и прекриени со рани. Елисавета, полната со љубов монахиња, брзо ги повика другите сестри и ги внесе повредените напаѓачи во болницата за да им помогне да се опорават од зададените рани. Збунет и трогнат од ваквиот гест, еден од насилниците ја запраша: „Зошто ни помагаш? За малку ќе те убиевме и ќе го срамневме со земја твојот Манастир.“Таа мирно му одговори: „Во овој момент вие сте само повредени луѓе...“

 

sv.Elisaveta.zitie4.jpg

Елисавета не престана да ја излева својата непресушна љубов дури и кога умираше. Откако беше приведена и затворена, таа во 1918 година беше убиена од руските револуционери заради нејзината „германска крв“. Заедно со уште една монахиња (сестра Варвара) и уште неколку царски затвореници, таа беше жива фрлена во полу-поплавена, 18 метри длабока шахта. Како што подоцна во своето сведоштво опиша еден од нејзините убијци, тој можел да слушне како, откако била прва фрлена во шахтата, таа им помагала на другите што биле фрлени по неа да излезат од водата што ја поплавувала шахтата и да не се удават. Се слушал и нејзиниот тивок глас кој пеел црковни химни и ги ободрувал оние што страдале со неа. Како што сведочи убиецот, пеењето продолжило дури и откако ладнокрвните злочинци во шахтата фрлиле неколку гранати.Химните не престанувале и неколку часови откако полни со гнев, убијците ја исполнале шахтата со суви дрва и ја запалиле! Подоцна, кога телата беа пронајдени, се покажа дека се до последниот здив, Елисавета се обидуваше да им послужи и помогне на другите. Можеше јасно да се види дека, не мислејќи на себе дури и кога умираше, таа се беше обидувала да ги преврзе раните на повредените што беа со неа. Ах, која ли љубов може да биде поголема од оваа?

sv.Elisaveta.zitie5.jpg

Денес, Елисавета е канонизирана Светителка на Православната Црква. Позната е како руска новомаченица Света Елисавета (или: преподобномаченица кнегиња Елисавета). Нејзиниот свет и добродетелен живот е вистински пример за сите нас.
Да се поучиме од неа и да направиме нов почеток! Следниот пат кога ќе се колебаме дали да простиме некому што не навредил, да се потсетиме на нејзиното великодушно простување. Кога ќе забележиме дека ни е тешко да им посветиме неколку часови од денот на оние на кои им е потребна помош, да си спомнеме за нејзиното постојано себе-жртвување. А пред се, секогаш да се огледуваме на нејзината неизмерна љубов. Да ги љубиме сите, нема да кажам „дури и оние што ни посакуваат зло“, зашто доколку СИТЕ ја имаме љубовта што ја имаше Елисавета, злото повеќе нема ни да постои.

 



С.Л. (Од факултетската презентација на тема „Tribute speech”)

Користена литература:
“Ella's story - the Duchess who became a Saint”by Maria Tobias
„“Святая мученица Российская Великая княгиня Елизавета Феодоровна"- Любовь Миллер

 

 

 

  A Tribute to the Grand Duchess Elizabeth of Russia

How much are we able to forgive? An insult, maybe? A broken promise? A wrongful accusation? How about forgiving a murder of a loved one, as SHE did?
How much are we able to sacrifice for the benefit of others? Some of our possessions? A few hours of our precious time?  Maybe even something grater than that? How about utterly sacrificing ourselves, as SHE did?
How much are we able to love? But love truly, as we love ourselves. Our relatives…our friends…The ones who love us… How about loving the ones who wish us evil, as SHE did?
Yes, SHE was the real epitome of forgiveness, self-sacrifice and love. SHE was the grand duchess Elizabeth of Russia. 
Today, numerous people around the world know about her, or, at least, have heard of her. Still, there are many who yet need to learn about her greatness.
Born in 1864 as a real princess (a granddaughter of queen Victoria of England) and later becoming a wife of a grand duke in Russia, Elizabeth had all rights to be respected and honored as real royalty. However, the true greatness of a person cannot be found in a golden crown, but in a humble and loving heart. And such was the heart of Elizabeth.
Let us now start examining the greatness of the grand duchess by looking at the many virtues she possessed. One of them was her unique ability to offer forgiveness.
How great was Elizabeth’s forgiveness? 
Being married to a grand duke and a son of the emperor Alexander II of Russia, in times when the Russian revolutionaries were assassinating many government officials, Elizabeth constantly worried about the safety of her husband. In 1905, her fears became a reality, when her husband Serge was assassinated by a terrorist bomb. With her own hands, Elizabeth was collecting the remains of her husband’s body, not even uttering a single word of hatred against his murderer. Moreover, she went to visit him in prison, offering him her and her husband’s forgiveness. She gave him a Bible, hoping to soften his cruel heart and lead him to repentance, and left his cell with the words, “I shall pray for you”. Indeed, rare are those who have such strength! Rare are those who can offer such forgiveness! And she was one of the rare.
But there were many other virtues that adorned Elizabeth. Self sacrifice is one that can not be omitted. 
Elizabeth was always ready to sacrifice everything for the benefit of others. This was especially manifest after her husband’s death. She gave away all of her property to her orphaned niece and nephew, and took off the glamorous royal clothes, replacing them with a simple garment of a nun. She sold all of her beautiful clothing, jewelry and artwork, and used the money to help the poor and unfortunate. She opened the Martha and Mary home in Moscow, where, upon becoming a nun, she established a free hospital and organized free meals for the poor. About four hundred people ate their meals at Elizabeth’s convent every day. She also established an orphanage, where many orphaned and abandoned children found a loving home. Elizabeth was ready to even sacrifice her life while trying to save the lives of others. She would often go to the poorest and notorious for crime places in Moscow, putting her life in danger, while doing everything in her power to save unfortunate children from hunger and domestic violence. 
And every day of Elizabeth’s life was a sacrifice for the others. She was caring for the sick at the hospital, offering them moral and physical help and support; she was preparing meals for the hungry; she was taking care of the children. She completely dedicated her life to the others. Now, what sacrifice can be greater than this?
One of Elizabeth’s greatest virtues was her perfect love. 
Elizabeth’s love can truly not be measured. It simply goes beyond any human comprehension. She loved everyone, even more than she loved herself. Everything previously stated supports this claim. Yet, there is even more that can be said about her love. During World War I, when the Russian armies were fighting against the Germans, Elizabeth greatly suffered because of her German descend. On one particular occasion, right in front of the hospital that she established, she was nearly stoned to death by an angry group of Russian rebels, being called a German traitor. Luckily, a troop of Russian soldiers came to her rescue at the last second, leaving the rebels covered in bad wounds. 
Elizabeth, then already a nun, quickly called the other sisters and brought the wounded attackers in her hospital, to help them heal. This action greatly confused one of the men, who asked her, “Why are you helping us? We tried to kill you and smash you up the convent”. She calmly answered, “Right now you are simply injured men…”
Elizabeth didn’t stop pouring out her unceasing love even when she was dying. Being previously captivated and imprisoned, in 1918 Elizabeth was murdered by the Russian revolutionaries on account of her German blood. Along with one other nun and a few other royal prisoners, she was thrown alive in a sixty foot deep, half-flooded mine shaft.
 As described by one of the assassins, himself, he could hear that, being thrown in the pit first, Elizabeth was trying to help the others thrown after her to come out of the water in the mine and not drown. She could also be heard singing church hymns, thus morally supporting the ones who suffered with her. According to the assassin, the singing continued even after a few grenades were thrown and the mine was filled with dry wood and set alight. Later, excavations had shown that until the last moment Elizabeth was trying to serve and help others.
 It could be clearly seen that, not thinking about herself even when dying, she had been trying to wrap the wounds of others who were wounded. Now, what love can be greater than this?
Today, Elizabeth is a canonized Saint of the Orthodox Church. She is now known as Saint Elizabeth, the new martyr of Russia. Her remarkable life is a true example for everyone. She is a wonderful role model for all of us. So, the next time we are hesitating to forgive someone that has insulted us, let us be reminded of her great forgiveness. The next time we refuse to dedicate a few hours of our day to help the ones in need, let us think of her constant self-sacrifice. And let us especially be reminded, at all times, of her immeasurable love. Let us love everyone, and I will not say “even the ones who wish us evil”, because if we all had the love Elizabeth had, evil wishes would not exist.
 
S.L. (From the Tribute Speech college presentation)
 
Refferences:
“Ella's story - the Duchess who became a Saint”by Maria Tobias
“Святая мученица Российская Великая княгиня Елизавета Феодоровна"- Любовь Миллер

 

 За Преминпортал: С.Л. (Од факултетската презентација на тема „Tribute speech”)

  18-ти јули, лето Господово 2013

 

Друго:

sv.Elisaveta6.jpg

 

 

Извор:

TVITer270

П.П. 2013-07-18 04:07:15

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная