логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


Божествена Литургија во Струмица (10.02.2019 )



Денес, во неделата на Закхеј, викарниот епископ Јаков Полјански отслужи Божествена Литургија во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.

 

„Денес дојде спасението на овој дом“

 

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Oсобено се впечатливи оние настани од Евангелието кога доаѓа до личносна средба помеѓу Богочовекот Христос и кој било друг човек – можеме и слободно да кажеме кој било грешник. Единствената од човечкиот род што не можеме да ја наречеме така е Пресвета Богородица. Единствено таа средба била безгрешна и непорочна.

Многупати сум говорел дека живееме во карактеристично време. Не ги сакаме фанатизмот и апокалиптичниот дух во Црквата, ниту пак, да говориме дека живееме во последните времиња. За оној што живее во Христос и со Христос секогаш е последно време, зашто гледа на овој живот од перспектива на вечноста. Во секој случај, не можеме да ја пренебрегнеме рамнодушноста што нѐ опкружува, рамнодушноста кон Синот Божји, рамнодушноста кон Светата Литургија на Црквата, рамнодушноста кон сѐ што е Христово. Како единственото нешто што го покренува човекот да дејствува во овој свет да е гревот, и дефинитивно живееме во време во кое гревот се умножил. Но, гледајте што вели светиот апостол Павле: „Каде што, пак, се умножува гревот, благодатта се јавува во голема изобилност“ (Рим. 5, 20). Тоа, секако, не значи дека треба да грешиме. Ние, во Црквата, многу добро знаеме што претставува магнет за благодатта Божја. Тоа се кротоста и смирението, за кои своевидна сигурност дека се секогаш присутни во нашиот живот е длабокото и целосрдечно покајание.

Примерот на Закхеј (види: Лука 19, 1–10) е исклучително трогателен. Времето во кое живеел Закхеј по ништо не се разликува од денешново време. Немојте да мислите дека сите жители на градот излегле на улица да Го видат Христос, да видат Кој е Тој. И да излегле, не излегле суштински да Го видат и да Го познаат, бидејќи истата таа толпа подоцна ќе повикува: „Распни Го, распни!“ (Јован 19, 6). Но, тука доаѓа до вистинска средба, до вистинско препознавање, каде што човекот Го препознава Единородниот Син на Отецот, пратен во овој свет за спасение и за живот на светот, Го препознава како свој единствен спас и како единствниот Кој може да го љуби вистински, и вистински да не се гнаси од гревовите човечки. Гледаме таков еден човек, презрен од сите и осуден, поради својот грешен живот.

Видете го овој клучен и особено силен момент кога Закхеј излегува смешен во очите на светот. Возрасен човек, познат во целиот град, се качува на дрво како палаво дете (на Цветници ги гледаме децата качени на дрва, коишто кинат гранки). Во секој случај, тоа било недоличен гест за возрасен човек. Закхеј, наспроти тоа, воден од желбата да Го види Христос, се качува на дрво. И, тоа е навистина така и во нашиот живот. Не можеме да Го препознаеме Христос, не можеме да Го видиме, ниту пак, Бог може нас вистински да нѐ повика, сѐ додека сме приковани и врзани за земните задоволства, земните наслади и за земјата, воопшто. Постои таков клучен момент во животот на секој христијанин, кога мора да испадне смешен и луд во очите на овој свет. Оти, денес, да одите на црква, да верувате во Христос, да верувате во воскресението на мртвите е примитивизам. И, верувајте ми, доаѓаат денови кога сѐ повеќе ќе се соочуваме со тој притисок. Но, не смееме да се симнеме од тоа дрво на коешто изгледаме смешни и луди во очите на овој свет, оти тоа е единственото место, на кое одвоени од земјата и од сѐ што е земно и трулежно можеме да Го видиме Христос и Христос да нѐ гледа нас. Не можеме да му бидеме пријатели на светот и пријатели Христови (види: Јаков 4, 4). Никој од Отците што живееја пред нас не го оствари тоа – не постигна таков компромис, нема да можеме и ние.

Видете го оној миг кога во целата таа толпа, Христос се врти и му се обраќа на началникот на митниците: „Закхеј, слези побргу од дрвото, зашто денес треба да бидам во твојот дом“. Видете го тој клучен момент – кога Христос никој друг не забележува во таа толпа, туку најгрешниот, најодвратниот, најпрезираниот човек во Ерихон. Еве ни утеха: секој што себеси се смета за грешен и недостоен за милоста Божја, нека се утеши со примерот на Закхеј, но исто така, како Закхеј нека се издигне над сѐ земно и минливо.

Ви спомнав дека не постои елитизам во Црквата – сите сме повикани да бидеме совршени. Гледате што вели апостол Павле во денешното Послание: „Ако сме умреле со Христа, веруваме дека со Него и ќе живееме“ (Рим. 6, 8). Христос е мерка за сѐ во Црквата. Зошто е мерка за сѐ? Поради тоа што со Христос се храниме во Црквата, и така стануваме членови на Неговото Тело, на Неговото богочовечко Тело. Или сме Христови или не сме.

А што значи тоа човекот да биде Христов? Видете го повторно примерот на Закхеј – обземен од радост и покајание, тој вели: „Господи, ако сум зел од некого нешто несправедливо, четворно ќе го вратам“. И тоа е добро и тоа е во ред. Тоа е совесност и човечност. Но, со личносните односи во Црквата, по средбата со Христос, не е доволно да бидеш само добар, и никогаш веќе ништо не може да биде исто после таа средба. Оној што вистински се допрел до Христос, не може да остане рамнодушен.

Гледате што ни вели Преданието, Закхеј не се задоволил едноставно со тоа да биде добар човек и да ја поправи неправдата што ја сторил во животот. Христос, штом стапнал во неговиот дом и во неговиот живот сѐ се променило. Светото Предание ни вели дека Закхеј не останал ниту миг во својот дом, туку го раздал целиот свој имот, и тргнал по Христос. Не можел да живее ниту миг без Него – станал еден од Неговите апостоли.

Сега, драги мои: или сме со Христос или не сме. Нашиот живот во Црквата треба да се рефлектира на целокупниот наш живот, на целокупното општество, на соседите, на пријателите, на непријателите. Не можеме да одиме во црква и да се причестуваме, а да озборуваме, почнувајќи од озборување на епископот, па сме скарани со сите од зградата во која живееме, и да велиме дека сме Христови, а се причестуваме секоја недела, или на секоја Литургија...

Зарем Христос се згнаси од Закхеј? Зарем му рече ти си грешен човек и не сакам да имам ништо со тебе? Не, туку му рече: „Денес дојде спасението на овој дом“. Како можеме да кажеме дека сме Христови, а ги немаме истите чувства што ги има Христос? Зарем на тоа нѐ учи Црквата?

Кога свештеникот вели на отпустот: „Во мир да излеземе“, што значи тоа? Каде да излеземе? Да се одвоиме од Христос, да излеземе од Црквата? Напротив, ние сме се соединиле и сме станале едно со Него, и затоа кога секој еден христијанин излегува после Литургијата во овој свет, не излегува човек, туку излегува Христос. „Во мир да излеземе“, значи да излеземе во овој свет и да сведочиме за Воскресението Христово, да сведочиме за љубовта Божја, да види овој свет дека Христос навистина воскреснал. Зарем не сме предупредени дека сме солта на овој свет? Но, тоа е така единствено ако личиме на Христос, ако сме христоподобни. Ако не сме, тогаш сме блуткава сол, што ја изгубила силата и не служи за ништо освен да се фрли (види: Матеј 5, 13).

Гледам огромна самодоволност, огромна самобендисаност, една атмосфера на елитизам меѓу луѓето што живеат во Црквата. Зарем Христос нѐ учи на арогатност, дека ние ќе се спасиме, а другите ќе загинат? Кој Христос Го знаете? Па, нашиот Христос вели: „Поучете се на Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце“ (Матеј 11, 29). Бог сака да се спасат сите луѓе и да дојдат до познание на вистината. Видете ги оние што заличиле на Него, видете го светиот апостол Павле, кој вели: „Повеќе би сакал јас да бидам одвоен од Христа за браќата свои“ (Рим. 9, 3).

Критериум за исправноста на нашиот духовен живот, на нашата духовна состојба е секогаш Христос, а не човек, па макар бил тој свештеник, монах, епископ, што сака нека е. Тој е Христов, само ако ги има Христовите чувства и мисли.

Видите ли некој да озборува, да сплеткари, да оцрнува некого, тој нема ништо со Христос. Па, макар и ако зборува, со злоба и презир, против непријателите на Црквата, тој нема ништо со Христос – ви гарантирам.

Ако во Црквата не сме Го познале и не сме Го откриле Христос, таков каков што Е, залудно си го трошиме времето, а и не само времето, туку ќе си ја прокоцкаме и вечноста. А, ако човекот на душата своја ѝ напакости, подобро е да не се ни родил.  

Размислувајте за примерот на Закхеј, размислувајте за односот, за љубовта што ја пројавува кон Христос, за оној миг кога Христос се врти кон него и му вели: „Дојди, слези. Јас не те презирам, наспроти сиот град“. И ќе видите, ќе заплачеме и ќе се покаеме, и сѐ ќе биде во ред, и со милост и љубов ќе гледаме на сите оние што светот ги осудува.

Луѓе мои, не смееме од ништо и од никого да се гнасиме и да презираме. Имаме легитимно право да се гнасиме само од себеси, оти единственото нешто што е нечисто, а што имаме обврска да го исчистиме е нашето срце. Ние со сѐ и со секого се занимаваме, само не со нашето срце.

Господи, дај ни ги покајанието и љубовта на Закхеј, но дај ни ги и неговото покајание и усрдност да Те следиме, по секоја цена!

Бог да ве благослови!

Викарен Епископ Јаков Полјански
 

(според записот на присутните)

Извор: Струмичка епархија

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная