Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)
Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на неговото срце.
Трудете се да го достигнете овој дар. Овој дар е вистинска љубов, спасение и мир за светот. Не


Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме само оние што нас нѐ љубат, тогаш каква благодат сме примиле од Бога? Како би го
Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат да се држат за нешто видливо, опипливо – како слепи за стап, и до нешто што можат да го чувствуваат и доживеат, а Бог не им личи баш погоден за тоа.
Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот нахранувајќи го и необлечениот облекувајќи го, одејќи со брзање во црквата Божја, пазејќи ]а со страв заповедта Божја, со вера барајќи го царството Божјо, како што рече Господ:
Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со човекот: првиот пат, кога не поверуваа дека бил слеп; и вториот пат, кога сакаа да го омаловажат делото Христово, а и Самиот Христос.
Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за догма, од проста причина што на крајот, како и на почетокот, ќе има прогон на Црквата и никој не ќе може јавно и долго да служи Литургија, 

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие и љубов кон човекот, кон секое човечко битие. Оваа приказна е пример за љубов, за помош без причина,
Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во срцето, односно без сериозна намера да ги спроведеме на дело, тогаш собираме само некакво „теолошко“ знаење без благодат, а со тоа стекнуваме еден вид имунитет, еден вид отпорност кон Божјата информација,
Ние самите себе се осудуваме, ако со своите дела отпаднеме од Оној преку кого сме создадени и Кој е смисла на нашето постоење, од Богочовекот Христос. Сѐ е информација, нашиот проблем е во тоа како ја прифаќаме и дали разликуваме од кого е таа информација – Божја, ангелска, демонска или човечка.
Во деновиве во кои, согласно светите Канони, се причестуваме секој ден, сакам да ве потсетам на една димензија од оваа Света Тајна која како да е малку подзаборавена. Сите знаеме дека се причестуваме со Христос; притоа, нашата намера треба да биде –
Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и од Светото Евангелие дека истото се случило со Христос, Кој затоа нè предупредува и охрабрува: „Ако Мене Ме гонеа, и вас ќе ве гонат“ (Јован 15, 20). Но, што сакам, за мене нешто навистина посебно и воодушевувачко, да ви нагласам за жените мироносици?
„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено. Принос пред олтарот во храмот и состојба на умот пред олтарот од своето срце. Извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот„ („Тајната вечера„)
И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo. А штoм гo слушнат тoа имe, пoстeпeнo сe пoмируваат пoмeѓу сeбe заради напад на тoа свeтo имe. Пoлeснo
Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да Гo викаат Бoга: Oтeц, а дoлжнoст на гoспoдаритe e да владeат сo сeбe, над свoeтo тeлo, над свoитe мисли и жeлби и над цeлата прирoда oкoлу сeбe.
Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo Гo гoнeа, тајнo Гo судeа, вo нoќната тeмнина тајнo најмуваа и пoтплатуваа лажни свeдoци, какo и Јуда, и тајнo Гo
Влегуваме во периодот на Големиот пост. Почнуваме со ’тримерот‘. Во Црквата Божја ова не е само период со некој посебен ред и правила, ова е, пред сè, период на посебна благодат.
























