
Многу од нас грешат против првата Божја заповед така што од сè извлекуваат разни „значајни“ за клучоци, гледајќи небесни знаци во сѐ.
Тешко грешат пред Господа и оние кои шират секакви гласини: за гладот, поплавите, а некои дури си даваат за право да го проречуваат и точниот датум на крајот на светот. Кој се осмелува да го претскажува она што ни на Ангелите Божји не им е познато, туку само на Небесниот Отец! А доколку ги слушаме тие дрски зборови и претскажувања, и нам ни е тоа грев.
Господи, прости ни нам грешните!
Добротољубие
Православие.Мк †



























