логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Септември - декември 29 година


Ако дури и по исповедањето на Петар апостолите не биле подготвени да ја примат богочовечката тајна, каква тогаш смисла за нив имал зборот „Месија"? Кој бил за нив Исус во третата година од нивното живеење со него?
Иако секој ден што Дванаесетмината го минувале со него бил исполнет со чувство на Божја блискост, вистинската смисла на тоа чудо постојано била недопирлива. Не споделувајќи го политичкиот радикализам на зилотите, апостолите продолжиле да веруваат дека Христос е „Оној, што треба да го избави Израилот" (Лука 24,21). Мислата за Спасител на светот кој страда не се вклопувала во сознанието на учениците. Ним им бил поблизок страшниот Месија од откровенијата и тие се надевале дека, основувајќи го царството Божјо во Ерусалим, Синот Човечки ќе се појави пред народите во несовладливата моќ на земната победа. Со еден збор, тие денови Дванаесетмината останале на полпат меѓу месијанизмот од народните верувања и евангелскиот месијанизам.

Христос самиот не одрекувал дека неговото доаѓање е претскажано во пророштвата, дека во него се оствариле надежите на Стариот завет. Својата служба Тој честопати ја појаснувал со светите текстови на Библијата. Тоа помагало неговите следбеници да ја зачуваат врската со традицијата и постепено да ги продлабочат своите претстави за Месијата.

Впрочем, понекогаш размислувањата околу текстовите на Писмото воделе до нејаснотии. Така уште во Голан апостолите на Исус му поставиле прашање за пророкот Илија. Се сметало дека овој древен пророк и ревнител за верата не умрел99, туку живее при Бога и кога ќе дојде назначениот час, тој повторно ќе застане пред Израилот и ќе го посочи Спасителот. Учениците биле во недоумица. Ако Исус е Месијата, тогаш зошто не се појавува Илија? - Исус им одговорил: „Ви велам, Илија веќе дојде и не го познаа, туку му направија како што сакаа" (Мат. 17,12).

Било јасно дека станува збор за Јован Крстител. Но учениците биле засегнати од зборовите што Учителот веднаш потоа ги рекол: „Така и Синот Човечки ќе пострада од нив" (Мат. 17, 12). Зошто Тој повторно зборува за тоа? Од која страна доаѓа опасноста што му се заканува? Дали Ирод Антипа се решил да стори ново злосторство? Но тој и без тоа го предизвикал гневот на народот! Ако не тетрархот, тогаш кој? Зарем свештенството поставено од Бога? Навистина, многумина од нив се однесувале со недоверба кон Исуса, но зарем Бог би допуштил неговите служители да му се спротивстават на Месијата? Можеби ќе мине некое време и тие ќе се сепнат, ќе сфатат дека Учителот од Галилеја е навистина пратен од небото.

Знаејќи за овие недоумици, Христос им објаснил на учениците дека отсега првите ќе стасат последни и дека свештениците се претвориле во волци. Пред да поверуваат во Исус како во живо откровение на Бога, свештениците и закониците требало да видат во него барем пророк. Но, воспоставените погледи и погодената сталешка гордост сепак ги попречиле да го сторат тоа. Нивната единствена желба била да се ослободат од Назареецот што е можно побргу.

Во врска со тоа, Христос одново им ја прераскажал на учениците приказната за повиканите на свадба. Некој цар ја славел свадбата на својот син. Тој им наредил на слугите да одат да поканат видни гости. Но тие, како одговор, ги навредиле пратените слуги, а некои од нив дури и убиле. Налутениот владетел ги казнил оние кои го навредиле, но сепак не посакал да ја помести свадбената свеченост. Тој им наредил на слугите да го поканат во дворецот секого кого ќе го видат, вклучувајќи ги случајните минувачи и питачи, за да ги заземат местата на неговата гозба. (Мат. 22,1-14)
Учените и свештенството не го примиле Евангелието, но на нивно место кај Христос доаѓаат амхаарец, сиромаштијата, „митници и грешници".

Впрочем, ниту сите кои ќе одговорат на повикот, нема да бидат удостоени од Божјиот благослов. За тоа зборува завршниот дел од приказната. Кога царот забележал дека еден од гостите седнал без да облече чиста облека, наспроти обичајот, тој увидел дека тоа е непочитување и кон него и кон наследникот, и наредил дрскиот да биде истеран од дворецот. Следствено, царството Божјо не е наменето само за сиромасите, туку за оние кои се готови да го исполнат Христовиот завет. Ете зошто има многу повикани, но малкумина избрани. На прашањето: „Малкумина ли се и оние што се спасуваат?" Христос одговорил:

„Потрудете се да влезете низ тесната врата; зашто ви велам: мнозина ќе сакаат да влезат и не ќе можат. Кога ќе стане домаќинот и ќе ја затвори вратата на куќата, а вие, стоејќи однадвор, ќе почнете да чукате и да викате: Тосподи, Господи, отвори ни!', Он ќе ви одговори и рече: ‘Не ве знам од каде сте’. Тогаш ќе почнете да зборувате: 'Ние јадевме пред Тебе и пиевме; и по нашите улици Ти поучуваше'. А Он ќе рече: 'Ви велам, не ве познавам од каде сте; отстапете од Мене сите што вршите неправда!' Таму ќе биде плач, крцкање со заби кога ќе ги видите Авраама, Исака и Јакова и сите пророци во царството Божјо, а себе - истерани надвор." (Лука 13, 24-28)

Од секого Христос бара духовен и морален подвиг, „усилба". Тој воопшто не бил, како што понекогаш се обидуваат да го прикажат, „демократ" за кого веќе самата припадност кон угнетената класа е заслуга. Со тоа се објаснува рамнодушноста на Исус кон бучните пројави на народниот восхит. Масовниот ентузијазам пламнува лесно и исто толку лесно негова жртва стануваат тие кои бараат потчинување или идоли. Чедата на царството не смеат да бидат такви.

Откажувањето на Исус да им оди во пресрет на очекувањата на народот, да се согласи со улогата на популарен водач, се чини дека придонеле за падот на неговото влијание во Галилеја. Противниците побрзале тоа да го искористат и набргу ја постигнале својата цел. Кога Учителот се вратил од Голан, атмосферата била променета. Било јасно дека некој ги води луѓето против него. Нему веќе не му допуштале, како порано, да проповеда во синагогите. Тој не бил осуден на исклучување од заедницата, но таа казна им се заканувала на сите кои го следеле.

Од тоа време Исус бил принуден засекогаш да го напушти Капернаум. Но и соседните приморски градови се плашеле да го прифатат. Што се случило таму - ќе остане непознато, но од Христовите зборови станува јасно колку енергични биле неговите непријатели:

„Тешко тебе, Хоразине! Тешко тебе, Витсаидо! Ако во Тир и Сидон беа чудесата што станаа при вас, тие одамна би се покајале во кострет и пепел; но ви велам: на Тир и на Сидон ќе им биде полесно во судниот ден отколку вам. И ти, Капернауме, што си се воздигнал до небото, до пеколот ќе слезеш; зашто, ако во Содом се беа извршиле чудесата што станаа во тебе, тој и до денес ќе останеше. Но ви велам, дека на земјата содомска ќе и биде полесно на страшниот суд отколку тебе."(Мат. Ц,21-24)100

Патот до Назарет исто така му бил затворен. Кога се обидел повторно да проповеда во градот, недостасувало само малку за да го убијат. Сега веќе можело да се очекува влијанието на тетрархот, но внимателниот Антипа претпочитал да остане настрана. Од својот управник, чијашто жена била ученичка на Исус, Ирод можел да дознава за тешкотиите што го погодувале. Имало момент кога тој посакал да го види Назареецот, но подоцна решил дека најдобро би било Тој да ги напушти земјите под негова управа.

За таа цел Ирод им јавил на некои од фарисеите дека сака да го уапси и погуби Исуса. Тие, пак, брзајќи кон Учителот, му рекле: „Излези и оди си одовде, оти Ирод сака да Те убие!" Но Исус веднаш ја забележал стапицата на тетрархот: „Одете и кажете и на таа лисица: еве, истерувам бесови и лекувам денес и утре - и на третиот ден ќе завршам; но Јас треба да врвам денес, утре и задутре, бидејќи не бива пророкот да загине надвор од Ерусалим." (Лука 13, 31-33)101
Фарисеите разбрале дека Исус самиот сака да ја напушти Галилеја, дека негова цел е Давидовиот град, во кој се подготвува да ја прими маченичката смрт.
Тешко е да се проследи Исусовиот пат откако Тој станал прогонуван скитник. Прибежиште наоѓал од село во село, но никаде не се задржувал подолго време. Кога еден книжник му рекол: „Учителе, ќе врвам по Тебе каде и да одиш", тој зачул одговор исполнет со горчина: „Лисиците имаат легла и птиците небески - гнезда; а Синот Човечки нема каде глава да потслони" (Мат. 8,19-20).

Судбината на Исус почнала да ги загрижува неговите роднини. Макар што браќата биле скептични во поглед на неговата дејност, тие никако не му сакале зло. Кога Тој бил популарен, веројатно, тоа им ласкало. Сега, пак, гледајќи дека Исус жнее неуспеси во Галилеја, тие му предложиле да оди со нив во Ерусалим на празникот Сеници и таму да се објави себеси.

- Излези одовде и отиди во Јудеја - рекле браќата со лошо скриена иронија, та и учениците Твои да ги видат делата што ги вршиш. Оти никој не прави нешто тајно кога и сам сака да се прочуе. Ако Ти ги вршиш овие работи, тогаш покажи се пред светот.
- Моето време се уште не е дојдено – одговорил Исус, а за вас времето е секогаш годно. (Јован 7, 3-6)
Но кога браќата си заминале, Исус сепак заминал во Ерусалим, но не јавно, туку во тајност.
Својата намера да ја посети престолнината им ја објаснил на учениците преку една парабола, велејќи:
- Еден човек имаше во своето лозје посадена смоква, па дојде да бара од неа плод, и не најде. Тогаш му рече на лозарот: „Ете, три години доаѓам и барам плод на оваа смоква и не наоѓам; пресечи ја; зошто само да ја испостува земјата? А тој му одговори и рече: „Господаре, остави ја и оваа година, дури да ја окопам и и ставам ѓубре; па, ако роди добро; ако не, тогаш в година ќе ја пресечеш." (Лука 13, 6-9)

Со други зборови, Исус сакал уште еднаш да го испита Ерусалим, пред да дојдат судбинските денови.
Не сакајќи да привлекува внимание, за патување го одбрал патот што ретко се користел од страна на патниците, бидејќи тие се плашеле од непријателството на Самарјаните и претпочитале да одат по источниот брег на реката Јордан. Исус, пак, со учениците не тргнал по обиколниот пат, туку непосредно преку Самарија.

Кога дошла вечерта, ги пратил апостолите да побараат ноќевалиште. Но во самарјанското село нив ги препознале како патници Јудејци кои одат на поклонение во Ерусалим и не ги пуштиле в куќи. Јован и Јаков, заморени и раздразнети, му рекле на Учителот:

- Господи, сакаш ли да кажеме да падне оган од небото и да ги истреби, како што направи и Илија?
- Не знаете од каков дух сте - им одговорил Исус, зашто Синот Човечки дојде, не да погубува човечки души, туку да ги спаси. (Лука 9,51-56)102
Најпосле тие се сместиле во едно село, а неколку дена подоцна, незабележани од никого и помешани со другите патници, влегле во престолнината.
Празникот Сеници траел веќе четири дена и бил на својот врв. Постојано се слушала музика, трубите трубеле покривајќи го човечкиот жагор, а над ридот Морија се кревале облаци чад од жртвите. Се славел крајот на жетвата, народот се веселел и пеел, се гостел и се молел. Сиот слободен простор во градот бил исполнет со колиби, набрзина изградени од гранки. Покрај нив стоеле камили, коли и мулиња. Ерусалим личел на номадски логор.

Во приквечерините луѓето се збирале во многубројните простории на Храмот за да ги слушаат проповедите на мудреците, да се одморат, да ги споделат новостите. А новости имало многу: судири меѓу Евреи и Египќани во Александрија, погубувањето на Сабин обвинет за навреда на „Неговото величество“, востанието на Фригијците, Пилатовото казнување на Галилејците. Учителот од Назарет исто така бил предмет на бројни расправи. „Он е добар" - велеле едните. Другите слегнувале со рамениците: „Не, туку го заблудува народот" (Јован 7, 12).103 Впрочем, од пред некое време таа тема почнала да се смета за опасна во Ерусалим, луѓето се плашеле да не го навлечат врз себе гневот на старешините.

Ненадејно вниманието на присутните било привлечено од спорот што го воделе книжниците во еден агол од галеријата на Храмот. Сите биле зачудени од непознатиот човек кој говорел со галилејски акцент. „Како ги познава Книгите кога не учел?" - се чуделе книжниците. „Учењето мое не е мое, а на Оној што ме прати" - одговорил Тој.

„Не е ли овој Тој кого сакаат да го убијат?" - се досетувале жителите на Ерусалим. Но, зошто дејствува отворено? Оние на кои секогаш им било битно мислењето на властодршците, се вознемириле: „Да не се увериле и првенците дека Тој е навистина Христос?" Но нив ги прекинале дојденците од Галилеја:
- Ние знаеме од каде е, а кога ќе дојде Христос, никој не ќе знае од каде е.
Тогаш Исус, обраќајќи им се рекол:
- Ме познавате и знаете од каде сум; но сепак сам одсебе не дојдов, а има еден Вистински кој ме пратил и кого вие не го познавате.
Мислењата се поделиле. Едните предложиле да се фати еретикот и да се води кај старешините, другите, оние кои биле сведоци на неговите исцелувања, го бранеле Назареецот. Тој, пак, продолжил да говори за патот непознат за нив, а по кој мора да оди за да ја исполни волјата на Отецот.
- Ке ме барате и нема да ме најдете; и каде што ќе бидам Јас, вие не ќе можете да дојдете.
- Каде ќе оди овој, за да не можеме да го најдеме? - со потсмев забележувале книжниците. - Да не сака да оди кај паганите Елини, па и нив да ги поучува?

Тие побрзале да му јават на првосвештеникот Кајафа дека Исус се појавил во градот. Тој веднаш издал наредба стражата на Храмот да го уапси. Конечно, самоповиканиот му е в раце! Но пратената стража се вратила со празни раце.
- Зошто не го доведовте? - строго ги прашале.
- Никогаш никој не говорел така како овој човек - се правдале стражарите.
- Да не се прелагавте и вие? - ги прашале фарисеите. -Зарем поверувал во него некој од првенците и фарисеите? Само оваа толпа што не го знае Законот, проклети да се.
Фарисејот Никодим бил сведок на разговорите.
- Зарем нашиот Закон осудува човек без најнапред да го сослушаат и не дознаат што прави? - забележал тој.
- Да не си и ти од Галилеја? - му одговориле. Испитај и види дека пророк од Галилеја не може да има.

Сепак, овојпат првосвештеникот Кајафа не се осмелил нешто да преземе. Исус, пак, кога се спуштила ноќ, низ источната порта излегол од градот и се упатил кон Елеонската Гора.

Ако во Ерусалим го опкружувала туѓа и непријателска средина, тогаш на Елеон можел да се почувствува како во најдобрите денови во Галилеја. Овде, меѓу маслиновите градини, во мали населби живееле неговите пријатели и следбеници. Витанија веќе одамна, од времето на неговата прва посета, станала центар за Христовите ученици. Овде доаѓале луѓе верни на Исуса. Во домот на Лазар и на Симон можел да се одмори, опкружен од луѓе кои му биле блиски и кои го сакале.

Повремено Учителот доаѓал и во Ерусалим кој се наоѓал на само три километри оддалеченост. Таму се грижел да остане во сенка меѓу другите учители и рабини. Покрај него биле само учениците и неколку Галилејци, а понекогаш им се придружувале и други слушатели. Во тој период властите се откажале од обидите да го уапсат Исуса. Или тие немале погоден случај, или пак се надевале дека новата заедница ќе се распадне самата од себе.

Само во еден случај Исусовата проповед довела до отворен конфликт.
Празникот Сеници завршувал на 22. ден од есенскиот месец тишри. Тој ден левитите последен пат ги палеле огромните светилници, чиишто огнови го осветлувале градот во текот на празниците. Седејќи во едната од доградбите на Храмот, Исус говорел за симболите на празникот - светлината и водата. Обредот на излевањето на вода потсетувал на патувањата во пустината, кога Мојсеј открил извор за жедните. Водата е знак на животот и ја дарува Божјата Премудрост. Но отсега самиот Месија ќе ја дава водата на вечниот живот. Тој ги повикува луѓето кај себе како што некогаш тоа го правела Премудроста: „Кој е жеден, нека дојде при Мене да пие".

Светилниците ја означуваат светлината на Законот. Но, светлината што проистекува од Месијата гори уште посилно. „Јас сум104 светлина на светот; кој врви по мене нема да оди во темнина, а ќе има светлина во животот" (Јован 8, 12).

По ваквите зборови побожните луѓе, не сакајќи да земат учество во разговорот, заминале исполнети со негодување. Останале само оние кои биле готови да го сослушаат Учителот. Но ниту тие не издржале долго.
- Ако вие останете при моето слово - им рекол Исус, навистина ќе бидете мои ученици; и ќе ја познаете вистината, и вистината ќе ве ослободи. (Јован. 8, 32)
Таквите зборови им се причиниле чудни и навредливи.
- Ние сме семе Авраамово и никогаш никому не сме робувале; а како Ти велиш „Ќе бидете слободни!"?
Исус им одговорил:
- Вистина, вистина ви велам: секој што прави грев, рроб му е на гревот. А робот не останува вечно во куќата; синот останува вечно. И ако Синот ве ослободи, навистина ќе бидете слободни.
- Наш татко е Авраам, тие тврдоглаво ја повторувале патриотската парола, без да сфатат за што станува збор. Нивната раздразнетост постојано растела.
- Ако бевте чеда Авраамови - им рече Исус, вие ќе ги вршевте делата Авраамови. А сега сакате да Ме убиете, мене Човекот кој ви ја кажа вистината што ја чув од Бога. Авраам така не правеше. Вие ги вршите делата на својот татко.

Тие повторно не го сфаќале. Едните мислеле дека Тој ја преувеличува опасноста што надвиснала над него: „Да не е бесот оној, што сака да Те убие?" Другите, пак, биле длабоко засегнати.

- Ние не сме родени од блудство; еден отец имаме - Бога.
- Ако Бог беше ваш Отец - им одговорил Исус, тогаш ќе ме сакавте мене, бидејќи Јас сум излегол и доаѓам од Бога. Не сум дошол сам од себе, а Он ме прати. Зошто не ги разбирате моите зборови? Затоа што не можете да ги слушате поуките мои. Вашиот татко е ѓаволот и вие сакате да ги исполнувате желбите на својот татко; тој е човекоубиец од почетокот... (Јован. 8, 44)
Слушателите биле опфатени од вистинска јарост:
- Не зборуваме ли право дека ти си Самарјанин и дека бес има во Тебе?
- Во мене нема бес - им одговори Исус, туку го почитувам својот Отец, а вие ме бесчестите. Но Јас не ја барам славата своја; а има друг кој ја бара и кој ќе суди. Вистина, вистина ви велам: кој ќе ги запази зборовите мои, нема да види смрт довека.
- Сега разбравме дека во Тебе има нечист дух. Да не си Ти поголем од нашиот татко Авраама, кој умре? И пророците умреа; а за кого се претставуваш Ти сам?

Ако се славам сам, тогаш славата моја е ништо; мојот Отец е што ме прославува и за него вие велите дека е ваш Бог. Но не го познавате, а Јас, пак, го знам... Авраам, таткото ваш, би се зарадувал да го види мојот ден: и го виде, и се зарадува.
- Уште немаш ни педесет години, а си го видел ли Авраама?
- Вистина, вистина ви велам: Јас постојам уште пред да се роди Авраам, Јас Сум.
ЈАС СУМ... Така можел да говори само Предвечниот. Тоа е неговото тајно име, кое првосвештеникот го кажувал на празникот Сеници, кога светите зборови се губеле во буката на трубите и во џагорот на народот. И ете, сега тие се на усните на Назареецот! Слично како древните пророци, исполнет со неземна сила, Тој стои пред луѓето.

Повеќе нема место за двоумење. Или е лажливец и богохулник, или самиот Бог говори низ него.
Изборот бил направен. Оние кои поверувале уште потесно се сплотиле околу Исус, а останатите со закана се фатиле за камењата.
Се чини дека се нашол голем број луѓе кои во Назареецот го виделе Пратеникот Божји и тоа го спречило обидот за негово убиство на празникот Сеници. Впрочем, поголемиот дел од нив биле богомолци, кои по повод празникот пристигнале во градот, да прослават. Евангелистот Јован говори само за еден жител на Ерусалим, кој бил преобратен тие денови. Тоа се случило во необични околности.

Низ Ерисалим минал глас дека Исус му го вратил видот на човек кој бил роден слеп. Многумина го знаеле затоа што тој седел пред портите, барајќи милостина. На почетокот се посомневале во грешка, но набргу сомнежите биле разбиени. Исцелениот бил одведен кај фарисеите и тие побарале од него да раскаже како сето тоа се случило.

- Еден човек, кој се вика Исус, направи кал, ми ги намачка очите и ми рече: „Отиди во бањата Силоам и изми се!" Отидов, се измив и прогледав.
- Не е од Бога овој човек, штом не ја уважува саботата - му објасниле фарисеите (чудото се случило во светиот ден за одмор на Евреите). Но некои фарисеи размислувале: „Како може грешен човек да прави такви чуда?" По долги спорења, тие пак му се обратиле на прогледаниот:
- Ти што велиш за него? Нели ти ги отвори очите?
- Пророк е.

Тогаш ги повикале неговите родители.
- Дали е овој вашиот син за кого велите дека се родил слеп?
- Знаеме дека е овој наш син - одговориле преплашените родители, и дека се роди слеп, но како гледа сега, не знаеме; ниту кој му ги отвори очите не знаеме. Тој е голем, прашајте го него, нека ви каже сам за себе!
Фарисеите кои се решиле цврсто да стојат на своето, останале упорни.
- Прослави го Бога, ние знаеме дека оној човек е грешен.
- Дали е грешен, не знам; но знам дека бев слеп, а сега гледам.
- Што ти направи? Како ти ги отвори очите?
- Јас ви реков веќе - им одговорил снаодливиот жи тел, и не чувте, што сакате пак да чуете? Да не сакате можеби и вие да му станете ученици?
- Ти си негов ученик, а ние сме ученици на Мојсеј! - повикале разгневените книжници. Ние знаеме дека со Мојсеј говорел Бог, а за овој не знаеме од каде е.
- Тоа е и за чудење, што вие не знаете од каде е, а мене, сепак, ми ги отвори очите. Знаеме дека Бог не слуша грешници; но оној што го почитува Бога и ја исполнува неговата волја, него го слуша. Откако е веков, не се чуло некој да отворил очи на слепороден. Ако овој човек не беше од Бога, не ќе можеше да направи ништо.
- Сиот си во гревови роден, па зар ти нас ќе не учиш? - конечно се налутиле фарисеите и го истерале надвор. Дознавајќи за тоа, Исус го нашол исцелениот и го прашал:
- Веруваш ли ти во Синот Божји?
- А кој е, Господи, па да поверувам во него?
- И си го видел, и тој што зборува со тебе, Он е.
- Верувам, Господи! - одговорил тој, поклонувајќи му се на Исус.
Овој настан сепак поколебал и некои од фарисеите. Не можело да биде случајност што чудниот Учител поседувал таква сила. Од каде му е таквата дарба? Тие решиле да разговараат со Исуса и зачуле од него сурови зборови:
- За суд дојдов Јас во овој свет, за да прогледаат слепите, а оние што гледаат да станат слепи.
- Зар сме и ние слепи? - се зачудиле фарисеите.
- Да бевте слепи, грев немаше да имате; а сега велите оти гледате, затоа и гревот ви останува. (Јован. 9,1-41)

Навистина, тие се сметале себеси за чувари на Преданието и Заветот, за наследници на големите отци: Симон, Абталион и Гилел. Тие верувале дека Дух Божји им помага да го даваат најточното толкување на Тората, дека токму Бог ги поставил нив за духовни пастири на Израилот. Опиени од чувството за сопствена надмоќ, овие луѓе не можеле да ја препознаат живата Вистина која дошла до нив во ликот на Исус Назареецот.

Меѓутоа, Тој бил пратен кај Божјиот народ како небесен Пастир, кој не личи ниту на надмените книжници ниту на лажните месии на зилотите.
„Вистина, вистина ви велам: Јас сум вратата за овците. Сите, колку што дојдоа пред Мене, крадци се и разбојници; но овците не ги послушаа... Јас сум добриот Пастир. Добриот пастир си ја полага душата своја за овците; а наемникот, кој не е пастир и кому овците не се негови, види ли волк да иде, ги остава овците и бега; и волкот ги разграбува и ги распрснува овците. Наемникот бега зашто е наемник, и не се грижи за овците. Јас сум добриот пастир: и ги знам моите, и моите ме знаат мене. Како што мене ме познава Отецот, така и Јас го познавам Отецот; и душата своја ја полагам за овците свои. И други овци имам, што не се од ова трло, и нив треба да ги приберам; и ќе го чујат гласот мој и ќе биде едно стадо и еден Пастир." (Јован 10, 7-16)

И пак настана - вели евангелистот Јован, расправија меѓу Јудејците поради овие зборови. Мнозина од нив велеа: 'Ова не се зборови на луд човек; може ли луд човек на слеп да му отвори очи?'

До средината на декември Исус без пречки доаѓал од Витанија до Храмот, опкружен со голема група ученици. Обично нивно место за собирање бил Соломоновиот трем покрај источниот ѕид. Но на празникот Ханука настанал нов судир.
- До кога ќе ги мачиш нашите души? Ако си Христос, кажи ни отворено?
- Ви реков - им одговорил Исус, и не верувате. Делата што ги вршам Јас во името на мојот Отец, сведочат за мене.
Сепак, од него се очекувале други „дела". Се очекувало Тој да крене бунт како Исус бар-Аба (Варава), да собере вооружени луѓе и да тргне против Пилат, за тие да се кренат и тргнат по него. А наместо тоа, Тој им говори за работи кои тешко се разбираат и уште потешко се исполнуваат:
„Вие не верувате, оти не сте од моите овци... Моите овци го слушаат мојот глас и Јас ги познавам; и тие одат по мене и Јас ќе им дадам живот вечен; и никогаш нема да загинат; и никој не ќе ги отме од раката моја. Мојот Отец, што ми ги даде, е поголем од сите; и никој не може да ги грабне од раката на мојот Отец. Јас и Отецот едно сме." (Јован 10, 26-30)

Жагор на ужас се проширил низ насобраниот народ. Тој вели дека е Син Божји! Треба веднаш да се казни за богохулство! Напразно Исус им ги предочувал зборовите на Писмото, каде што сите верни се наречени „синови Божји". Фанатиците не сакале да навлегуваат во расправија, нивните аргументи биле камењата. Овојпат Исус, едвај одбегнувајќи ја смртта, заминал за Елеон.

Неговото збогување со Ерусалим било тажно:
„Ерусалиме, Ерусалиме, ти што ги убиваш пророците и со камења ги засипуваш пратените при тебе, колкупати сакав да ги соберам чедата свои како квачка пилињата свои под крилата, но не сакавте. И ете, домот ваш ќе ви се остави пуст. И Јас ви велам, дека нема да ме видите се дури не дојде времето да кажете: „Благословен е Оној што иде во името Господово!" (Лука 13, 34-35)

99 Види 3. книга Царства, од 16. до 22. глава, и 4. книга Царства од 1. до 2. глава, а конкретно 2. глава од 1. до 15. стих. Во овој дел од Светото Писмо е опишан животот на еден од најголемите и најревносните пророци, пророкот Илија. Поради неговата љубов, чистота и апсолутна преданост на Бога, самиот наш љубовен Извор во „огнена кола со огнени коњи" го вознесе пророкот во небесните - духовните Божествени сфери на постоење. (Забелешка на редакторот.)

100 Во дадениот контекст Содома и Тир ја означуваат границата на нечестието.
101 Според некои толкувања, трите дена за кои говорел Исус се апокалиптичкиот симбол на рокот на испитување.
102 Лука оваа епизода ја поврзува со последното патување на Исус во Ерусалим. Но, тогаш Тој стигнал преку Ерихон, од другата страна на Јордан, додека правиот пат од Галилеја водел преку Самарија. Зборовите „Не знаете од каков дух сте" и натамошните не постојат во најстарите ракописи, но нивната смисла е сосема во согласност со учењето и стилот на Христовите беседи.
103 Посетата на Ерусалим во текот на празникот Сеници е опишана кај Јован, гл. 7 и 8. Низа толкувачи истакнуваат хипотеза дека дијалозите наведени таму се само Јованова илустрација за учењето за Бога - Словото. Но сепак, во овие поглавја, повеќе отколку во другите делови од евангелието, се истакнува човековата природа на Христос.
104 Изразот Јас сум (грчки: Его ејми, еврејски: Ани-ху) во Стариот завет се сретнува како еквивалент на зборот Суштиот. Дека името Ани-ху се изговарало во текот на службата за празникот Сеници, говори раби Јехуда бен Елај (II век). В.: Сh. Dodd: Тhе Interpretatiоп оf thе Fоиrth Gоѕре1, р. 94-95. Кај Јован Исус повеќепати го применува тој збор за себеси.

протопрезвитер Александар Мењ

ХРИСТОХ

Издавач: Ѓаконија и Скопска епархија

 

 

 

Посети: {moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3227
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7719
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

28/12/2024 - сабота

Божикен пост (пост на масло)

+Светиот свештеномаченик Елевтериј; Свети Стефан Исповедник Сурожски; Преподобен Павле во Латра; Преподобен Пард Отшелник;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная