логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Архимандрит Рафаил Карелин

✤✣✤

Молитвата – највозвишеното дело на човекот

(II дел)

✤✣✤

Ако за Исусовата молитва е потребно откажување од световната култура, вклучително од философските и другите знаења, или нивно сведување на минимум, зарем тоа на луѓето нема да им изгледа како своевидна прослава на незнаењето и пофалба на неукоста?

-Прашањето е неправилно поставено. Овде не се спротивставува незнаењето на знаењето, туку највозвишеното знаење, надзнаењето – на световното знаење. Овде човекот личи на патник што  нашол богатство. Како да го земе со себе? Човекот исфрла од својата патна торба сѐ од што може да се ослободи, за да би можел да ја наполни со скапоцености, за да може да ги понесе со себе. Зарем може да се каже дека поради тоа ќе стане посиромашен? Обично луѓето кои немаат претстава за духовниот живот, сметаат дека одрекувањето од световните знаења задолжително води до интелектуална празнина, мрзливост на мислите и необразованост. А овде се случува нешто сосема друго: премин од пониското кон повозвишеното, од душевното кон духовното, од минливото кон вечното. Затоа Исусовата молитва го прави човекот мудар, таа му открива други знаења, кои се толку над сѐ што може да стекне човечкиот интелект, колку што е оддалечено небото од земјата.

Науките од овој свет се знаења за созданието Божјо и тоа се знаења условни и променливи, несигурни и непотврдени, а молитвата е познание на Оној Кој ги создал видливите и невидливите светови, пред Кого земјата е налик на зрнце песок на морскиот брег, пред Кого космосот е само најнизок степен на создаденото, на онаа таинствена лествица која оди во бесконечна висина. Бог му се открива на човекот во молитвата, Бог ја осветлува со Својата светлина човечката душа, Бог, Кого не може да Го смести во себе целата Вселена, слегува во човечкото срце. Затоа светоста е највисокото знаење на коешто е повикан човекот. Умот на философот и научникот кои сакаат со напорите на својот разум да ја пронајдат вистината, се заплеткува во јазолот на противречности, талка по лавиринтите од кои нема излез и препуштајќи се на земното, се претвора во грутка земја. Молитвата е учество на човекот во највисокиот живот и премин од смртта кон бесмртноста. Философијата и науката не го прават човекот подобар, а молитвата ја менува самата негова природа, тој како да станува друго битие, како што станува поинаков металот кога ќе се растопи во огнот. Затоа молитвата е голем дар од Бога за човекот, кој го прави човекот сличен на ангелите.

Безумство е да не веруваш во Бога, но уште поголемо безумство е да се верува во Него, а истовремено да се однесува кон Него како кон спореден фактор на својот живот, оставајќи за Него само едно мало ќошенце во својата совест и срце; да Му даваме трошки од својот живот, за богоопштење да одвојуваме само мали паузи помеѓу обичните земски активности. Неверието е демонско одрекување на духовната очигледност. Половичната вера е понижување на Божеството. Во Откровението постои следнава слика: Христос чука на затворената врата, оваа врата е човечкото срце (види Откр. 3, 20). Оној што не верува не ја отвора вратата за Бога, тој не го слуша, или не сака да го слушне ова чукање. Млаките христијани, какви што се денес повеќето од нас, ја отвораат вратата, но на Христа не Му даваат место во собата, туку во ходникот, плашејќи се дека присуството Божјо ќе им пречи на нивните вообичаени работи; за нив Бог не е изворот на животот, не е најголема радост на нивното постоење, не е вечна Светлина што ги осветлува човечките души, туку е пред сѐ гаранција за нивната благосостојба.

Погледнете ја молитвата на современите христијани. За што тие најчесто Му се молат на Бога: за спасение на душата, за вечен живот, за враќање на благодатта, за љубов кон непријателите? Не, тие се молат за успешно завршување на работата, за исцеление од болести, за избавување од несреќи, а Бог како внатрешен живот на нивното срце им е потполно непотребен и несфатлив. Само понекогаш настапува некакво проѕирање, особено кога ќе се упокои љубениот човек: тогаш тие се сеќаваат на вечноста, тогаш се молат за покој на душата на оној кој ја поминал границата на овој свет, тогаш ја чувствуваат несигурноста и минливоста на сѐ што е земно, сфаќаат дека се држеле за сенки кои не можат да се задржат во рацете, и дека вистинскиот живот е надвор од границите на земното постоење. Меѓутоа, ова проѕирање необично брзо исчезнува и се заборава, како некаква искра која пламнала и во истиот миг се угаснала, и повторно срцето се скаменува и потонува во вообичаената дремка.

Колку пати човекот ќе се увери дека во гревот нема среќа, туку се присутни само пустош и горчина. И повеќето овие лекции поминуваат без трага, тој повторно ја бара среќата во нечистотијата од која до неодамна му се вртеше во главата и му беше мака и повторно Го продава Бога, повторно му верува на ѓаволот. Нашиот однос кон Бога можеме да го наречеме скотски. Нашиот однос кон сопствениот дух треба да го наречеме непомирливо непријателство. Нашиот однос кон сопствената душа – постојана измама, нашиот однос кон сопственото тело – покорност на господарот кон својот безобразен слуга, кој владее во неговата сопствена куќа, се пијани, ја ограбува оваа куќа, го принудува да му служи.

А кои сме ние самите? Какво е ова таинствено „јас“ што го одредува нашиот живот, што одговара на прашањето: дали сме со Бога, или сме со ѓаволот? Тоа е оној таинствен центар на човечката душа каде се сумира целиот човеков живот, но каде што останува неговата слободна волја. Нашето „јас“ е она што ја носи последната одлука, тоа е образот и подобието Божјо, кои се неуништливи во човекот. Човекот истовремено е и личност, и објект на овој свет. Највозвишената и најсовршената Личност е Бог. Со приближувањето кон Бога се обновува  човечката личност, човекот станува сѐ понезависен од надворешното и внатрешното, односно од она што го наследил, своите навики, претходниот живот, своите страсти. Надвор од Бога човекот од личност се претвора во предмет, тој како да се материјализира, неговата душа го губи оној центар што го нарековме слобода, таа бива поробена и проголтана од надворешното. Во Светото Писмо, ѓаволот е наречен „туѓина“ (види Јован 10, 5), тој е туѓ на душата, но душата без Бога му се покорува и станува негова слугинка.

Исусовата молитва го просветлува во човекот образот Божји, безгранично го зголемува потенцијалот на неговата внатрешна слобода. Светоста е својство на Христовото име. Во човекот светоста се изразува како спротивставување на светот, телото и демонот, односно на похотите на плотта, похотите на очите и на духот на гордоста. Во Новиот Завет пишува за огнот којшто ќе ги преобрази небото и земјата. Исусовата молитва, пак, е огнен зрак којшто го преобразува срцето. Гревот што во нас живее ги разединил умот и срцето. Умот живее во светот на фантазии и претстави, срцето – во светот на страстите. Исусовата молитва ги зближува умот и срцето, чистејќи ги. Кога умот и срцето се соединуваат во молитва, започнува преобразба на човекот, на неговите дух, душа и тело.

Ларвата се затвора во кукла. Во неа таа како да умира, се претвора во густа безоблична маса, а потоа невидливо во куклата се создава пеперутка, едно крилато битие што воопшто не наликува на ларва. Умот којшто се потопил во срцето е налик на оваа ларва: во мракот, во незнаењето на материјалните претстави, во незнаењето на овој свет, тој се преобразува заедно со срцето, се приближува кон онаа духовна состојба што ја имал Адам пред падот во грев. Оваа состојба Светиите ја споредувале со оган кој ја грее душата и со светлина во којашто човекот го гледа светот во неговата првосоздадена убавина, истата онаа светлина во која Го созерцава Бога. Во оваа светлина тој ја гледа бездната на својата душа, ги гледа страшните рани од своите гревови, ги гледа демоните како црви во труп што се распаѓа. Тој го гледа предворјето на пеколот во своето срце и истовремено чувствува дека со името Христово може да се врзе и зароби оваа страшна мрачна сила, како што во Откровението Ангелот со окови го врзал сатаната. Тој наликува на човек што седи на карпа во која удираат брановите на бурното море: тие удираат во карпата, но не можат да ја достигнат. Оваа карпа е името на Исус Христос од Кого се плашат демоните.

Без Исусовата молитва човекот само добива удари од непријателот кој е сокриен од него во темнината, а со молитва тој самиот може да ѝ задава удари на оваа пеколна сила. Името на Исус Христос ја принудува да трепери. Човекот гледа како благодатта Божја, налик на вешт лекар ги лечи раните во неговото срце, така што не остануваат ни траги од нив. Меѓутоа за тоа се потребни труд и самопожртвуваност: молитвата треба да се смета за главно занимање во животот, а сѐ останато за споредно. Имало случаи заробеник во текот на многу месеци, па и години да ги сечи со турпија своите окови, или пак, со парче железо да копа тунел под затворскиот ѕид. Тој се трудел постојано и неуморно само за да може повторно да се сретне со своите роднини и пријатели, повторно да ги види сонцето и небото, да вдиши чист воздух со своите гради, наместо смрдеата на затворот, да не биде жив закопан во подземјето, и кога ќе успеел да стекне слобода, заборавал на сиот свој претходен напор и труд. Затворот и оковите се нашите гревови. Исусовата молитва на почетокот е исто толку тешка, како што е тешко да се сечат окови со турпија, или со рака да се копа земјата и расфрлува по подот. Меѓутоа, кога благодатта ќе го допре срцето, тоа ќе почувствува дека неговите окови паднале. Исусовата молитва се претвора на љубов на душата кон Бога, а во оваа љубов се крие вистинскиот живот за кој светот не знае, вистинската радост и слобода. Кога затвореникот се будел од сон, тој знаел дека за него главно е да ги сече со турпија оковите, овде немало избор – или слобода, или смрт. Човекот, будејќи се наутро, треба да знае, не само со умот, туку и со срцето, дека во тој ден за него е главна Исусовата молитва, а сѐ останато, сите световни активности се позадина на којашто треба да тече молитвата. И ова знаење треба да премине во решителност на волјата. Легнувајќи во постела, човекот треба да потоне во сон со молитва, будејќи се ноќе, треба да стане на молитва; ако денот го посвети на молитвата, таа ќе го посетува и ноќе за време на сонот; ако, пак, дел од ноќта се моли, целиот утрешен ден за него ќе биде поинаков.

Во Евангелието се раскажува за мудриот трговец којшто ги продал сите свои имоти за да би можел да купи еден скапоцен бисер (види Матеј, 13, 45 - 46). И човекот мора да го продаде својот мисловен имот – своите световни знаења, своите помисли, слики на земна убавина, своите мечти и соништа, својот интелектуален имот во којшто навикнал да живее како на семејно наследство, да продаде сѐ, да се одрече од сѐ за да би можел да стекне еден бисер кој е поскапоцен од целиот свет; тој бисер е името на Исус Христос; со овој бисер се стекнува Царството Небесно.

Продолжува

Извор: Бигорски манастир

 

Друго:

Архимандрит Рафаил Карелин: Молитвата – највозвишеното дело на човекот



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3223
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7716
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная