логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

ЗА МАШКИОТ И ЖЕНСКИОТ ПРИНЦИП

 TVIT604

Во Новиот Завет, поточно во Првото Послание на Светиот Апостол Петар (1 Петр. 3, 1-7), е напишано дека жените треба да се трудат не само за надворешната убавина, туку и за внатрешната, која потајно, како постојаност и тих дух е скриена во срцето, а која пред очите на Бога е исклучителна вредност и драгоценост. Апостол Петар во продолжение вели дека мажите треба да живеат разумно со своите жени, да ја почитуваат нивната нежност и женственост, да гледаат на нив како на еднакви битија на себеси, да ги сметаат за сонаследници на благодатниот живот, и така, пазејќи ја оваа хармонија, без никакви пречки и застои да растат во молитвата.

Целото Свето Писмо ги набљудува машко-женските односи на принципот на дополнувањето. Мажот е дополнение на жената, а жената е дополнение на мажот, тие се едно тело (Мар. 10, 8), и од нивното спојување во љубовта се раѓа новиот живот.

Секому му е јасна и очигледна разликата меѓу мажот и жената, ова не е само производ на некаква замислена теорија, и биологијата како егзактна наука ги прецизира овие разлики, и тоа: во хромозомите, во хормоните, во хипоталамусот, во нервните кола, во емоциите кои произлегуваат од нив, во тежината, висината, во мускулната маса, во метаболизмот и во складирањето на маснотиите, во протокот на крвта и во телесната температура, во устата, во ларингсот, во видот, во слухот, во мирисот, па дури и во перцепцијата на бојата и снаоѓањето во мракот. Но, за гордиот човек ова не е доволно. Оној што расне и си ја храни суетата, на крајот неминовно и отворено почнува да му се противи и на Бога и на Неговите природни закони, доживувајќи се себеси како оска околу која се врти светот. Не треба да потсетувам кој е родоначалник на ваквата погубна состојба. Денес, со упорното инсистирање за донесување на закон за родова еднаквост, и тоа како е актуелен овој дух. Силата на овој дух е безочна, бескомпромисна и амбициозна во намерата да го измеша и поништи сето она што е Божјо и човечко. Да се потсетиме накратко. Според овој закон, не се битни биолошките карактеристики и зададености, доволно е само субјективно да изјавиш дека од утре си жена и веднаш добиваш можност рамноправно со нив да се натпреваруваш на секое општествено поле, со што целосно се субординира биолошката жена и нејзината борба за еднакви можности и права во однос на биолошките мажи. На пример, ако си помалку надарен спортист, но имаш големи амбиции, преку овој закон речиси ти е загарантиран златниот медал во лесна атлетика на претстојната Олимпијада. Во женските здруженија, рамо до рамо со биолошките жени, рамноправно ќе седнат биолошки мажи, кои преку своите веќе стекнати законски права, ќе одлучуваат што е корисно и полезно за жената. Страшно и апсурдно! Како наеднаш да сме префрлени во некоја друга паралелна реалност, каде на секој чекор нè демне некое страшно чудовиште со неискажливи садистички пориви.

За нас православните христијани, Библијата е извор на секоја мудрост. Стариот завет изобилува со примери каде е наведено дека и жената и мажот имаат исто достоинство и во секој поглед се еднакви пред законот Божји. Во Божјите заповеди еднакво се почитувани и таткото и мајката. Во Книгата Изреки Соломонови е речено дека оној што ќе најде добродетелна жена, е како да нашол бисери и најскапоцени камења. Премудриот Соломон за жената уште рекол: „Срцето на нејзиниот маж е потпрено врз неа, и таа ќе му чини добрина во сите дни од неговиот живот. Таа, дланката своја му ја отвора на сиромав, а раката му ја подава на оној кој е во неволја. Здравје и убавина е нејзината облека, и таа со радост гледа во иднината. Мудрост говори устата нејзина и поука на кротоста почива на нејзиниот јазик. Го пази и надгледува својот дом и не јаде од лебот на мрзеливоста“ (Изреки 31, 10-27). Во овие Соломонови стихови се содржани највредните женски карактеристики, како што се: нежноста, чистотата, емотивноста и се разбира мајчинството. Овде лежи нејзиното високо достоинство, овде е скриен печатот и принципот што ѝ е врежан од раката Божја. Библијата понатаму вели дека машкиот принцип е свештенството, кој се состои од самопрегорното татковство, кое е подготвено да љуби до самопожртвување, кое е обдарено со онаа иста љубов со која Христос ја возљуби Црквата и Себеси се предаде за неа (Еф. 5, 25). Мајчинството никако не стои скалило подолу од татковството. Напротив! Тоа се две еднакви дарби, од кои е сочинет здравиот развој на личноста. Но, за жал, преку овој закон и тоа ќе биде загрозено. Невините дечиња, без некој да ги праша, ќе бидат приморани да растат во нездрава и опасна средина. Државата, со нејзин поттик, ризикува на нејзино тло да израснат психолошки накази и монструми. И сето тоа ќе биде направено во име на слободата. Тоа е одговорот на бранителите на овој закон. Нивна идеја водилка е дека на секоја индивидуа, без разлика како таа си го замислила животот, треба да ѝ се даде неограничена слобода. Но, кој може да ги исправи сите нелогичности и да ги победи сите болести во овој свет? Што правиме со педофилите? И ним ли ќе им скројат закон по нивна мерка? Како не се свесни дека сите нас останатите не подложуваат на опасни ризици. Што ќе биде со правата на невините деца кои од старт ќе растат во нездрава, но озаконета средина? Треба да знаат дека на секој што некогаш се дрзнал да ја „напатствува“ природата му било вратено со стократна разорна сила токму од истата таа природа, слично како цепкањето на малиот атом што ја пораѓа атомската бомба. Таква катастрофа од невидени размери неминовно ќе доживееме, доколку на сила ги измешаме мажот и жената, доколку покажеме отворено непочитување на Божјите и природните принципи, кои се утврдени уште од создавањето на светот и човекот.

Треба ли да потсетиме дека татковскиот инстинкт не е исти како мајчинскиот. Мажот не може да поседува нешто што од Бога не му е дадено, и обратно. Нежноста на мајчинството, која ги совладува сите неволји и несреќи, не може да биде заменета со татковската посветена грижа и поука. За да порасне еден човек и воедно да биде среќен, потребно е во неговата личност да се соединат и двата пола, и двата принципи. Сите ние, свесно или несвесно, сме се напојувале и од двата извори. Ова не го тврди само Библијата, ова е егзактна теорема и на современата развојна и семејна психологија.

Кога современата жена ќе си постави за цел да се претвори во маж, тогаш таа веднаш ќе ги загуби сите нејзини вистински вредности и сите нејзини женствени карактеристики. Ако во борбата за еднаквост жената ризикува да му стане соперник на мажот, тогаш во борбата за родова еднаквост мажот ќе стане доминантен во однос на жената. Тогаш сè ќе се измеша и претопи. Па, како производ на ваквата состојба, човекот ќе се претвори во збунето сениште, кое ќе го мине својот живот во страв и неизвесност.

Во Православната црква жената е поставена на висок пиедестал. Во нашите храмови, на највидливото место, како најголема и најзначајна фреска е насликана Богородица „Поширока од Небесата“, која во својата мајчина утроба Го примила и сместила несместливиот Бог. Во модерниот либерализам ваквата конотација е незамислива, бидејќи нивното доживување на жената се движи единствено во доменот на политичката коректност. Тоа е нивниот максимум. На жената се гледа како на индустриски ресурс кој треба да му послужи на Големиот Брат во грабањето на неизмерна моќ и власт, и во трупањето на незамисливи богатства. Поимите како што се: нежност, чувствителност, посветеност и ревност се допуштени само во поезијата. Откако убедениот либерал ќе се добере до неограничената власт, која не трпи никаква одговорност, тогаш стапува на сила деспотизмот, угнетувањето и тиранијата. Тогаш е возможно да се создаде и секретаријат за родова еднаквост, некакво политбиро за морал, кое законски ќе ги контролира зборот, мислата и помислата. Токму ова е предвидено со законот за родова еднаквост, кој нам сега ни се предлага. Овој секретаријат ќе биде некаков вид на ментална полиција која ќе оценува, и се разбира ќе казнува, за секоја мисла или збор што ќе биде спротивен на оваа демонска идеологија. Ако во комунизмот, семоќното и сезнајното политбиро казнуваше за вербален деликт, овие модерните „европејци“ и „демократи“ ќе ја санкционираат дури и помислата. Ваков закон, каков што нам ни се спрема и предлага, не постои во ниедна држава на овој свет. Ние ќе бидеме експериментот, некаква лабораториската епрувета, чија загадена проба без размислување ќе биде фрлена во отпадот. Еве до каде планира да дофрли провинцијалниот и теснограден дух, кој лажно е занесен од идејата дека е попаметен од секого што некогаш живеел на овој свет.

За нас православните христијани жените се смели мироносици, чие срце не се уплашило и затреперило пред стражата на гробот Господов. Нивната верност ја породи храброста која ги посрами мажите што се разбегаа пред налетот на толпата и силата на Кесарот. Бог го избира она што е слабо во светот за да ги посрами силните (1. Кор. 1, 27). Женската душа е проткаена со светост и чистота, со огромна љубов и гостопримство. Тоа е идеалот кон кого сите ние се стремиме. Жената е првиот сведок на страдањата Христови, тие се удостоиле први да му објават на светот дека Христос воскреснал, дека смртта е победена и дека рајот ги отворил своите живеалишта. Жената е пример за светоста, украсен сад за благодатта на Светиот Дух, кандило на верата, душа на семејството, оган на молитвата и побожноста во нашите домови. Жената е нежна и кротка мајка, верна и вредна сопруга, пример во општеството, во работата, во негата на болните. Тие наши мајки, во својата внатрешност го чуваат неизбришливиот и блажен мирис на споменот и сеќавањето.

Е, токму тие жени треба да ги чуваме сигурни и неосквернети, и да не ги препуштиме на виорот кој руши сè пред себе и кој остава пустош врз чија површина во иднина нема да никне ништо живо.

 

Митрополит Повардарски

†Агатангел (Станковски)

http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=2891&Itemid=32

 

Текст на Митрополитот Агатангел
7.06.2023.

Текстот е објавен во весникот „Нова Македонија“ на 07.06.2023 година

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная