логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Nektarij.vernik.jpg

ИСТОЧНИ КУЛТОВИ

Во нашиов век посебно се зацврсти уште еден лут непријател на христијанството кој жеднее, ако е возможно, да продре во самото негово срце, расипан непријател, лукав и многу успешен во своето зло - тоа е хиндуизмот, како и други источни култови. Како никогаш досега, влијанието на источните идеи се шири во земјите што некогаш биле христијански, нивниот бран особено ја поплави Америка, но со тие учења сега се зарази младината, речиси, во целиот свет. Меѓу современите генерации необично се популарни источните „мудреци": индиски гуруа, тибетски лами, јапонски учители на зен-будизмот и на нив слични наставници на источните религии, кои веќе стануваат „домашни" и во нашата земја, после Западот, кој одамна е заробен. Во последно време тие учења, што очигледно се непријателски кон христијанството, почнаа грижливо да го кријат своето непријателство менувајќи ја терминологијата, зборувајќи за единствената цел на сите религии, на сите им сугерираат дека несогласувањата помеѓу религиите се само надворешни, дека суштината им е иста, дека сите се вистинити и дека треба една со друга да се обогатуваат, а не да се негираат. Учителите на сличниот правец многу се трудат во своето безумие да ги вовлечат и христијаните во целиот свет, а се нафрлиле и на нашата вера и пред се ги избираат слабите страни на современите христијани, измислувајќи разни лаги и лукави зборови за со нив да ги соблазнат, колку што е можно, и верните. Овде накратко ќе ги разгледаме основните црти на денес распространетите учења, имајќи го во предвид тоа дека тие можат да го променат својот изглед и боја, како камелеон, прилагодувајќи се на духот на времето, само да соблазнат што поголем број души - суштина, пак, и цел на сите тие „духовни" мрежи и „замките" секогаш се исти: оттргнување на човекот од познавање на вистинскиот Бог, од покајанието, достигнување на „мир" со измами и безблагодатно „блаженство" со било какви лаги, успивање и успокојување на совеста без исповедување на гревовите, оддалечување од чувството на совеста за својата падната состојба, криење на вистинската болна состојба на душата - создавање на илузија за „духовно" и физичко здравје и среќа, а во суштина оставање на човекот во состојба на осуда на вечна смрт. Сите тие учења претставуваат духовна наркоза што не ја лекува, туку ја отстранува болката (а токму болката е потсетување на ранетиот организам за тоа дека е болен, негов повик за лекарска помош и, ако ја нема болката, болеста би останала незабележана и без пречки би се развивала).
Источните религии болниот човек го убедуваат дека е здрав, во него ја будат вербата во неговото совршенство и боженственост, ја потхрануваат неговата гордост, со помош на злите духови богато го даруваат со истанчени и пријатни „духовни радости", „привиденија", чувства на „блаженство", „спокој", „мир" и „бесконечност". Сето тоа помага во големото ширење на тие верувања. Оној што стапува на патот на слични религиозни експерименти, наскоро почнува на себе да го чувствува нивното очигледно дејство, почнува да гледа во себе многу промени на „подобро", почнува да му се чини дека станува смирен, сигурен во себе, дури и радосен и во мир со ближните... Но, сето тоа е плод на длабока измама, целиот тој дворец е изграден на лажни темели, со песокот на гордоста, самовоодушевувањето, ласкањето на себеси, на обожавање на самиот себе. Меѓутоа, излажениот човек тоа никако не сака да го прифати, тој гледа само дека тие вежби „дејствуваат", и дека дејствуваат „прекрасно" - а тоа значи дека „тие се добри и вистинити". За жал, нашето православно учење за измамата, што детално и студиозно е изложено во делата на светите отци, многу малку им е познато на денешните „христијани" и тие го избегнуваат. Ова учење не се ни споменува меѓу еретиците - римокатолиците, протестантите и секташите, и тие самите, уште одамна, состојбата на прелест (духовна измама) ја прифаќаат како „чиста вода" на христијанството. Не е ни чудно што таквата средина не можела да и даде достоен отпор на наездата на источните учења, туку многу од нив впила и присвоила. Повеќето православни христијани уште сосема не го чувствуваат и не се потполно свесни за погубноста и непријателството на таквото мудрување, но и кај нас има многу од оние чија вера и духовно расудување се слаби и кои не се вардат од ова зло.

Хиндуизам

Примамливоста на хиндуизмот се прелива во сите бои: таму постои се она што претставува соблазна за секое чувство, што е привлечно за секоја слабост, а особено за гордоста. Современиот хиндуизам многу лесно излегува накрај со прашањата со кои денес маловерните луѓе се сомневаат во догматите и учењето на православието, како што е, на пример, учењето за првородниот грев, пеколот и вечните маки што современите луѓе никако не можат да ги сместат во рамките на своите „хумани" сфаќања. Хиндуизмот дава „интелектуално-задоволувачки" алтернативи за секој христијански догмат: се испоставува дека, според хиндуизмот, пеколот „претставува само привремена состојба на душата што ја предизвикала нашата сопствена „лоша карма" и поранешните дела во овој или „претходниот" живот, па тогаш, се разбира, конечната причина не може да има бесконечни последици...; првородниот грев се претвора во „првородна божественост", човекот во „бесконечен сонувач, кој сонува конечни сонови"; проблемот на пеколните маки се решава уште попросто: болката е „маја" или илузија, таа во реалноста не постои итн.
Современите хиндуисти се обидуваат да сугерираат дека „нема никакви реални разлики" помеѓу хиндуизмот и христијанството, и дека добриот христијанин, изучувајќи ја и практикувајќи ја ведантата (мистичниот хиндуизам), ќе стане уште подобар христијанин. Понекогаш се обидуваат да докажат дека идеите што се карактеристични за христијанството, како што се Логосот и крстот, водат свое потекло токму од Индија, а дека оние идеи што му припаѓаат на хиндуизмот, како: реинкарнацијата, преселбата на душата и самадхи (трансот), можат да се најдат во христијанските дела „под услов правилно да се толкуваат", дека не постојат никакви разлики, туку дека се е „едно". Тие го прекоруваат христијанството за тоа што премногу ги цени своите догмати, сметаат дека треба да се ослободи од „скаменетите учења" и тогаш тие две религии, наводно, ќе можат една со друга да се обогатат.
За жал, многумина не сфаќаат дека самиот хиндуизам претставува систем на учења спротивни на христијанството. Се што христијаните или хиндуистите почитуваат произлегува од нивните (спротивни) учења. А хиндуистичките догми се директно негирање на христијанските догмати. Оттаму и заклучокот: она што за хиндуистите е зло, за христијаните е добро. Најстрашниот грев за христијанинот е најголемо остварување на добро за хиндуистот. Христијаните отсекогаш сметале дека гордоста е најголем грев, извор на сите останати гревови, чиј прототип станал Луцифер, кој вели: Ќе се искачам на небото, ќе го издигнам престолот свој погоре од Божјите ѕвезди и ќе седнам на гората во соборот на боговите, на крајот од северот; ќе се искачам до висините на облаците, ќе бидам сличен на Севишниот (Иса. 14, 13-14). На пониско ниво, токму гордоста сите човечки добродетели ги претвора во пороци. А за хиндуистот воопшто, за адвајатистот и ведантистот особено, единствен „грев" е неверувањето во тоа дека ти самиот и човештвото, всушност, е самиот бог. Еден од современите проповедници на ведантата - Свами Вивекананда изјавил: „Вие уште не ја сфаќате Индија! Ние хиндусите во конечна смисла сме поклоници на човекот. Наш бог е човекот! Доктрината мукти (спасение) се состои во следново: човекот мора да стане божествен преку остварување на божественото..."
Значи, ако се соочат догмите на хиндуизмот и догматите на христијанството, се гледа дека тие заемно се негираат во се што се однесува на природата на Бога, на природата на човекот и во смислата на човечкото постоење.
Хиндуизмот повеќе не е практичен систем, туку интелектуално трагање и таа практика, во буквална смисла на зборот, е црна магија. Учителот (гуру) му предлага на ученикот да ја провери философијата во своето сопствено искуство и ученикот гледа дека ритуалите на хиндуизмот навистина делуваат (под сецело покровителство на духовите на лагата во тоа учење), може да добие (сидхи) - тоа се способности, како што се: читање на мисли, моќ да исцелува или убива, да се материјализираат предмети, да се претскажува иднината и така натаму, т.е. цела гарнитура на психички трикови опасни по живот и тој задолжително паѓа во состојба на прелест (измама), во која бунилото го смета за реалност, преживува „духовни искуства", полни со безгранично „блаженство" и мир, го посетуваат привиденија на „боженство" и „светлина". Притоа, ученикот многу ретко го прашува гуруто од каде потекнуваат неговите доживувања, кој му ги дава на кредит во вид на „сила" и „преубави состојби", тој не го знае главното: дека за тоа ќе мора да плати со цената на својата бесмртна душа.
Многу „духовни" вежби на хиндуизмот се сведуваат на мал број практични основи, а тоа се: идолопоклонство (поклонување на статуи или слики на „божества" со принесување на разни жртви, кадење и други ритуали); „џапа" е повторување на санскритска мантра дадена на ученикот при посветувањето (односно, повторување на магична формула-заклетва); „пранајама" се вежби на дишење во комбинација со џапа. Има и други практични вежби што се однесуваат на тантрата, тоа е поклонување на „богот" како „мајка" на женското начело, сили, енергии, еволуциони и дејствителни. Тие се преполни со нескриено зло и прилично одвратни. Така зборувал самиот Вивекананда: „Јас му се поклонувам на Ужасната. Погрешно е мислењето дека сите луѓе ги движи желбата за наслада. Исто така, многумина имаат вродена потреба за маки. Ќе му се поклонуваме на Ужасот заради него самиот. Многумина биле толку дрски што и се поклонувале на Смртта или Кали. (Богињата Кали, едно од најпопуларните божества во хиндуизмот, се прикажува во развратно крвопролевање и колење, со синџир од черепи и откинати глави, со гротескно исплазен јазик што жеднее за уште крв: во хиндуистичките храмови неа ја слават со крвави жртви, убивајќи јариња). Ќе и се поклонуваме на Смртта!" Еве уште Свамиеви зборови за богињата Кали: „Уште има некои што се потсмеваат на постоењето на Кали. Но, денес таа е овде - во турканицата. Луѓето се надвор од себе од страв, и војниците се повикани да сеат смрт. Кој може да тврди дека бог не може да се изразува во вид на зло, како и во вид на добро? Но, само хиндуистот се осмелува да му се поклонува како на зло!" Тој ја заколнувал својата богиња: „Дојди, о мајко, дојди! Зашто твоето име е Ужас!" и негов религиски идеал бил: „да се соедини еднаш засекогаш со Ужасното!"
Ете на што е насочено дејството на злото што тие го практикуваат, цврсто убедени дека тоа е добро!
Смислата на ведантата што ја соопштил Вивекананда, главно, се состои во следново: „Сите религии се вистинити, но ведантата е најголема вистина. Разликите се кријат само во „степените на вистинитоста". Човекот не оди од заблуда кон вистината, туку се искачува од вистина кон вистина, од пониска вистина кон повисока." „Денешната материја е дух на иднината", „денешниот црв е утрешен бог". Целата веданта се темели на тоа дека човекот е бог, така што спасението на човекот е дело на неговите раце. Вивекананда тоа вака го изразил: „Кој може да му притекне на помош на бесконечното? Дури и раката, испружена кон тебе, од темнината мора да стане твоја сопствена рака."
Современите хиндуисти, наводно, подеднакво ги почитуваат сите религии и сакаат да се соединат со секого „молејќи се во џамијата со мухамеданецот", „поклонувајќи му се на огнот со зороастриецот", и „клекнувајќи на колена пред крстот со христијанинот". Тие тврдат дека „сите религии, од најнискиот фетишизам до највисокото поклонување на „апсолутот", се само различни обиди да се осознае „бесконечното", мислат дека „ги собираат сите тие цветови и, поврзувајќи ги со алките на љубовта", да создадат од нив „духовен букет на поклонувањето"... Но, притоа се испоставува дека сите религии се само скалила кон „највисоката религија" - адваита веданта. Притоа хиндуистите посебно со презир се однесуваат кон христијанството, кое го сметаат за „ниска вистина" - дуалистичка (така, Вивекананда во еден приватен разговор изјавил дека „само кукавица, на оној што го бие му го свртува другиот образ").
Ведантата објавува потполна слобода за секоја душа - „да биде онаква каква што е"; таа отфрлува било каква разлика помеѓу свештеното и светското.
Цел на хиндуизмот е создавање на светска (универзална) религија - цел многу посакувана од ѓаволот и што му овозможува да го подметне лажниот бог на оваа лажна религија - антихристот и, конечно, во неговата личност да успее да му се поклонуваат како бог на целиот свет. Таква вселенска религија не може да признае индивидуалистички „сектански" идеи, таа не сака да има ништо заедничко со христијанството. Таа „религија на иднината" ќе биде пожар што донесува''пустош и што го поткопува христијанството. Ако христијанинот ги прифати тврдењата на хиндуистичките проповедници, дека разликите помеѓу нас се само привидни, а не реални, хиндуистичките идеи ќе добијат слободен пристап до неговата душа, а развратната сила на хиндуизмот е безгранична, таа доведува до самиот праг на поклонување на злото: Тешко им на оние, кои злото го нарекувааш добро и доброто - зло, темнината ја сметаат за светлина, и светлината - за темнина, горчливошо - за слатко, а слаткото - за горчливо! Тешко им на оние, кои се мудри во своите очи и разумни пред самите себеси (Иса. 5, 20-21)!

Јога

Индиската јога е учење што советува прилично аскетски начин на живеење потчинет на дисциплина - се состои во управување со дишењето и во одредени физички вежби што доведуваат до состојба на опуштеност, што ја потпомага медитацијата во која, обично, се применува мантра или посветена изрека што на човекот му помага да се концентрира. Притоа јогата има духовни (!), а не само физички цели, како што се постигнување на телесно здравје и убавина. На оние што во наше време пристапуваат кон занимавање со слични работи, најчесто ништо не им се соопштува за натприродното, туку само за здравјето, за физичкото и за моралното совршенство. Повеќе од тоа, се мистично и култно се негира. Но, понекогаш, после одредено време на „натприродните", перспективни и сигурни ученици им се открива езотеричиото, тајно учење. Меѓутоа, и таквото „телесно" ниво на јога-вежбите формира одредени духовни погледи и го подготвува човекот за духовни доживувања, за кои тој дотогаш ништо не претпоставувал. Повеќето, од оние што се занимаваат со тоа учење, остануваат на нивото на егзотични вежби, на хиндуистичкиот жаргон и свест за своето значење во „космосот". Во таа последна точка се собрани сите почетни точки на првобитното посветување: свест за сопствената важност е она што на човекот му се сугерира, секако, заедно со задолжителна грижа за здравјето, како и „љубов кон луѓето" што е придружено со учење за некакво апстрактно и замаглено „добро" и „морал". Меѓутоа, за христијаните „свеста за сопствената важност" претставува искажување на сатанска гордост што го пали и го претвора во ништо секој добар почеток.
Во последно време се попопуларна станува таканаречената „христијанска јога" - обиди методите на јогата да се употребуваат во „христијанската" медитација, човекот да се направи „опуштен, задоволен", пасивен и „приемчив за духовни идеи и влијанија". Оние што се занимаваат со неа го опишуваат „необичното чувство на мир", „одличното расположение", „еуфоријата", „чувството на потполно здравје", „задоволството што ги исполнува телото и душата и го поттикнува човекот на духовен живот", „леснотијата", „зголемениот сензибилитет и подложност на откривање на личните односи помеѓу бога и душата", „сладосната молитва што го обзема целиот човек", чувство на трепетно очекување на допир „од светиот дух", „чувствување на зголемена желба за правда, растење и приближување до бога" и сл. Секој што ја сфаќа природата на духовната заблуда ќе сфати дека во овие опишани чувства е присутно токму такво отстапување од вистинскиот пат, скривнување во правец на сектантските „христијански" искуства, дури и пагански: „исто тежнеење за светото и божественото" во чувствата на истата човечка отвореност и подготвеност да биде „восхитен" со некој дух, исти барања не на Бога, туку на „духовни радости", иста самоопиеност што се сфаќа како „благодатна состојба", иста неверојатна леснотија со која човекот одеднаш станува „созерцател" или „мистик", како и разни други лажни духовни состојби се заеднички особини на оние што паднале токму во опрелестено мислење за себе.
Во духовна заблуда најчесто паѓаат современите трагачи по „духовните вистини" кои залутале од патот на Вистината и кои, по правило, се преполни со гордост. Нападите на источната помраченост на христијаните и нивната успешност многу му должат токму на овој лажен мистицизам. Тие лажни учења многу се соблазнителни за денешната младина, а особено за оние што употребувале дроги или за оние на кои сличните искуства им се веќе познати.

Зен-будизам

Зен-будизмот е многу сличен по техниката на индиската јога, од која и произлегол. И овде станува збор за медитативни вежби и методи на дишење, своевидни и својствени само на зен-будизмот. Целта на овие методи е иста како и во јогата: исклучување на рационалното размислување и постигнување на состојба на спокојна тивка медитација, проникнување во „центарот на сопственото битие", во „созерцание" што е лишено од ликови и звуци, „во длабоко и прекрасно царство на психичкиот живот", во „длабока внатрешна тишина". Чувствата што се постигнуваат на овој начин во нешто потсетуваат на чувствата на наркоманите.
Во нашиов болен век станува можна толку противречна појава, каков што е „христијанскиот зеи". Неговите проповедници зборуваат за обновување на христијанството, на своето учење прилепуваат поуки од православните отци - подвижници, зборуваат дека и тие, исто така, водат кон состојба на „созерцателно тихување и мир" и на оние што тоа го сакаат им го препорачуваат повторувањето на Исусовата молитва за време на зеновската медитација...
Голем е бројот, во денешно време, на оние што се доведени во заблуда, а искрено себеси се сметаат за пророци, кои на своите браќа им носат добро, а не се свесни дека ги вовлекуваат во психичка и духовна погибел!
Зенот нема никаква теолошка основа, тој се потпира на „искуството" и така паѓа во иста заблуда како и хиндуизмот: ако нешто делува и донесува „мир" и „хармонија", тоа значи дека тоа автоматски е вистинско и добро! Зен-будизмот и се обраќа на толку распространетата гордост на оние што мислат дека можат самите себе да се спасат и дека за тоа не им е потребен никаков спасител, освен самите тие. Од сите современи источни учења зенот е, однадвор гледано, најинтелектуално и најпрефинето источно учење, но неговата духовна погубност е во тоа што во него го нема Христа, ни спасение.
Како што е веќе речено, крајна цел на ширењето на источните култови во денешно време е создавање на универзална религија. Зен-будузмот очигледно овде треба да одигра голема улога. Значи, како предупредување нека ни послужи следново: религијата на иднината нема да биде само култ или секта, туку силна и длабока религиска струја што ќе биде апсолутно убедлива за умот и срцето на современиот човек.
Може да се набројат уште многу други примери на источни религии. Секоја година носат преоблечени стари култови. Но, мислиме дека она што е речено е доволно да би се сфатило дека кришнаизмот, различните видови медитација, јогата, различните планетарни „култови на самосвест" и големото мноштво на нивни видови - дека сите тие движења и трагања по „духовност" немаат ништо заедничко со христијанското предание, туку се производ на источните пагански религии и на современиот спиритизам. На православниот христијанин категорично му се забранува допир со нив. Нарушувањето на оваа забрана е крајно погубно, зашто разните „духовни доживувања" и таинствени „прекрасни чувства" што ги овозможуваат разновидните медитации, стапувањето во „космичките духовни пространства", каде што длабоките страни на човечката личност стапуваат во „контакт" со реални духовни битија - демоните, паднатите духови, кои секогаш се како рој оси што вртат околу човекот, барајќи ја неговата пропаст. „Посветувањето" во искуствата на духовниот свет го вовлекуваат човекот во нешто што неговата свесна волја не може да го контролира, на човекот му е исклучително тешко да се извлече од мрежата на несаканите психички доживувања.
Таквата „нова религиска свест" станува многу помоќен и поопасен непријател на христијанството од сите ереси од минатото. На почетокот „духовните" искуства на источните култови наизглед се добри или „неутрални", но потоа нивните предавачи прават законит премин на чудни и застрашувачки опити што на крајот на краиштата, имаат, без сомнеж, демонски карактер. Дури и чисто физичката страна на таквите психички учења, како што е јогата, крие во себе опасност, зашто буди во човекот психички расположенија и искуства што всушност се и основна цел јогавежбите и од кои и произлегуваат. Отприлика истото може да се каже и за денес многу распространетите источни боречки вештини, како што се: каратето, кунг-футо, џудото и сл., каде што, исто така, под маската на спортот, вежбањето и развивањето на некои скриени можности во себе - телесни и психички, всушност се врши сериозна духовна обработка на човечката личност што допира во самите длабочини на неговата душа и срце. Овие вежби, можеби, се уште поопасни за душата од порано набројаните демонски религии. Секако, ни овде ученикот не ја сфаќа длабоката смисла на сите оние егзотични дејства, зборови, пози и крикови што ги следат овие вежби. Многу современи „христијани" негодуваат кога свештеникот одеднаш од нив ќе почне да бара да ги остават сличните вежби, зашто не гледаат ништо нехристијанско во каратето, кунг-футо, јогата итн. „Сето тоа е само древна мудрост, наука за усовршување на нашите телесни и духовни можности..." Што да се одговори на таквите изјави?! Ние христијаните знаеме само за една вистинска наука за совршенството, како и за наука за нашата падната и пореметена состојба, знаеме и за подробно учење за сите страни на животот (внатрешен и надворешен) - тоа е учењето Христово, кое нашата света Црква секогаш обилно и штедро го ширела и гласно го објавувала. И ние христијаните добро знаеме како злонамерно и неуморно ѓаволот врти околу секој човек, „како лав рикајќи" и „барајќи кого ќе изеде", и секое „големо" учење, проследено со „чуда" и „со посебна надареност", „со надчовечки способности", во кое не се проповеда Христос е пород на овој лут злотвор - ѓаволот. На што учат наведените „спортски" активности? Тоа на сите им е јасно доколку престанеме да се лажеме себе си: да го убиеме или сурово да го казниме својот противник со голи раце! Тука, обично, луѓето повторно почнуваат да спорат, тврдејќи дека тоа е „уметност на одбрана", дека каратистот или кунг-фуистот прв не го напаѓа човекот и сл. При сето тоа во склоп на вежбите има работи што предизвикуваат ужас кај смирениот христијанин, воспитан на евангелските заповеди и учен да постигне кротост, незлобивост, љубов кон непријателите и да му го сврти образот на оној што го бие: кунг-фуистот, на пример, вежба за со молскавична брзина да му зададе удар на противникот и со два прста од раката, пробивајќи му ги градите, да му го искорне срцето. Со „совршен развој на телесните можности" тоа се прави толку брзо, така што убиениот паѓа мртов, а притоа дури не ни сфаќа што се случило. Постојат слични начини за вадење на утробата и други органи од животна важност на ближниот. При таков удар, убиецот прво треба да се сосредоточи на некој таинствен извор на енергија или сила „кими" (тој се наоѓа некаде во пределот на утробата), која по учењето на некои школи му дава на ударот таква натчовечка сила и тече од него при нанесувањето на ударот на противникот (за потеклото на овој извор ништо не се зборува). При ударот, каратистот или кунг-фуистот, испушта страшен крик што наводно овозможува концентрација на тие внатрешни сили (ако овој крик внимателно се слуша и ако човекот се обиде да пронајде нијанса на расположение слична на него, се гледа дека тој најмногу потсетува на пуштена и ослободена концентрација на омраза, која како змиски отров, со долги тренинзи, се собира во некоја кеса под срцето на таквиот човек). На таквите часови на ученикот често му се предлага да работи нешто што потсетува на источните религиски ритуали, за кои порано зборувавме: човекот клекнува на колена и ги склопува рацете во таинствена поза, при што повторно се случува нешто слично како во медитацијата, а многу од тоа што треба да направи со своето тело и со својата душа на ученикот му е таинствено и несфатливо.
Што точно се случува на овие вежби? Мислиме дека овде доаѓа до призивање во себе, во своето тело на нечисти сили - зол дух, со чија сила и се остварува крајната моќна акција што ги надминува човечките можности. Несреќата е во тоа што на повеќето луѓе во денешно време им е малку познато вистинското учење за паднатите духови и што тие, очигледно, не ја сфаќаат сериозноста, како на постоењето на овие духови, така и на нивните способности. Нам, пак, православните христијани од подробните учења и објаснувања од нашите свети отци на Црквата добро ни е познато не само тоа дека злите духови лесно доаѓаат на секој позив, туку и тоа дека имаат можност да искажуваат голема физичка сила, дека лесно можат да преместуваат предмети без разлика колку се тешки, да прават големи знаци и чуда. На многумина од нас и од секојдневното искуство ни е познато каква сила, понекогаш, злите духови им даваат на таканаречените „опседнати" бесомачни луѓе, во кои влегува и со кои завладува злиот дух, како понекогаш наизглед слабата жена опседната од зол дух не можат да ја задржат шест-седум крупни мажи или како таквите луѓе ги кинат и најјаките конопи и синџири со кои се врзани. Кога злиот дух ги напуштал таквите несреќници, се покажувало дека тие физички се крајно слаби. Така, злите духови - демоните со радост и леснотија би го уништиле целиот човечки род, ако го нема нашиот Милосрден Господ, Кој тоа не им го допушта. Меѓутоа, кога луѓето почнуваат сами да ја бараат и да ја повикуваат оваа зла сила, тогаш Бог допушта таквиот човек да го прелажат непријателите на нашиот род.
Треба ли уште да зборуваме за слично зло и за тоа колку е тоа неспоиво со христијанскиот живот.
Значи, човек треба сериозно да се замисли и да отфрли секаква симпатија кон древната „мудрост" од таков вид и да го исфрли сиот тој мрак, целиот свој живот, внатрешен и надворешен, да го очисти од секое такво демонско влијание, а на блиските луѓе да им зборува и да ги предупредува на слични заблуди. За својата врска со слични пагански култови (без разлика што таа била дамнешна и мината забава) задолжително треба да се покаеме и да го исповедуваме тој грев!

  -Архимандрит Лазар Витаниски

 

(Продолжува)

Извадок од книгата:

ПОКАЈАНИЕТО- ПАТ КОН ВЕЧНОСТА

Издавач: Канео ,Охрид, Дебарско- кичевска епархиј

Друго: Pokajanie.korica.jpg

 

 

 

{moshits}

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7710
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная