логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Многумина наши современици, говорејќи и пишувајќи за исцелувањето на душата и воопшто за спасението на човекот, говорат и пишуваат со апстрактни поими. Кога велат спасение на човекот, под тоа разбираат влегување во некакво место што се одликува со бестрасност и со отсуство на чувственост во согласност со учењето на стоиците, а кога говорат за лекување на душата, пак, под тоа подразбираат некаков привиден свет, т.е. стремеж да се најдеме во некаков апстрактен свет - да бидеме само добри луѓе.
Меѓутоа, светите отци, во своите поуки, не се ни апстрактни ни медитативни, туку многу практични. Со голема прецизност дефинираат што е лекување на душата и во што се состои спасението на човекот. Затоа треба да подвлечеме дека исцелувањето на душата оди заедно со спасението на душата. Доживувајќи го спасението, светите отци добро ја познаваат таа состојба и поради тоа се така конкретни.
Во оваа статија ќе го разгледуваме учењето на свети Григориј Палама, архиепископот Солунски, по прашањето за лекување на душата. А кога ќе речеме учење на свети Григориј Палама, под тоа во никој случај не подразбираме дека тоа е учење на овој светител, туку учење на Црквата која се изразила низ неговите зборови. Затоа, всушност, нема „Паламово богословие" туку - богословие на православната црква што е изразено со зборовите на свети Григориј Палама.
Свети Григориј бил како, впрочем, и сите свети отци на Црквата, сеопфатен богослов. Тоа значи дека ги одбегнувал фрагментарните разгледувања за духовниот живот. Не пренагласувал некои страни на духовниот живот за сметка на други. Тој е, всушност, комплетен православен богослов, кој го изразува учењето на Црквата во целост. Со други зборови, значи светителот ниту само богословствува, ниту само морализира. Богословието и моралот (етиката) не ги гледа одвоено. Зборува за спасение на човекот, зашто тоа е сигурен пат за стекнување на вистинско богословие, што всушност и е човечка заедница со Бога.
Оваа комплетност на светителот се гледа и во неговиот став кон еретичките движења што владееле во негово време, изопачувајќи и уништувајќи го духовниот живот.
Едно еретичко движење биле масалијанците, еретици од старите времиња, чие движење повторно оживеало во времето на свети Григориј Палама. Според нивното „учење" светите тајни на Црквата - светото Крштение и божествената Евхаристија немаат толку големо значење за човечкото спасение. Тие тврделе дека најмногу човекот го соединува со Бога, таканаречената, умна молитва. Таа го очистува човекот и благодарение на неа се постигнува обожување, а не низ светотаински живот. Освен тоа, масилијанците учеле дека во човечкото срце истовремено се наоѓаат и Божјата благодат и сатаната. Масалијанците му давале предност на безмолвничкиот (тихувателен) живот над светотаинскиот живот во Црквата.
Второто еретичко движење било главно од западното христијанство и, воглавно, потекнувало од мислите и делата на блажениот Августин, погрешно разбрани и ставени во нов облик од Латините и од нивното интелектуално богословие. Во времето на Григориј Палама за ова учење се застапувал Варлаам, филозоф и мислител, и со него полемизирал големиот светогорски светител. Варлаам многу го истакнувал светотаинскиот живот на Црквата на штета на безмолвничкиот жовот. Го омаловажувал таканаречениот исихазам и се што е поврзано со умната молитва. За него е највозвишено од се нашето учествување во светите тајни на Црквата. И тој говорел за молитвата, но многу апстрактно и интелектуално. Згора на тоа нагласувал дека Божјата благодат е создадена и дека созерцанието Божјо е созерцание на создадена светлина. Воопшто, го презирал црковното Предание и со потсмев говорел за него, а тоа е основа на сите учења и заедничко на сите свети отци.
Светиот Григориј водел паралелна борба против двете еретички движења. Мислел, како што мисли и Црквата - секое претерување во едно, а омаловажување на друго - претставува изопачување на православниот живот, па, според тоа, и оддалечување од спасението. Потенцирал дека е неопходна врската помеѓу светотаинскиот и безмолвничкиот живот за човечкото излекување, а со самото тоа и за неговото спасение. Светотаинскиот живот не води до спасение доколку не постојат предуслови за тоа - исихастичкиот живот. Од друга страна, пак, нема исихастички живот во рамките на Црквата надвор од светотаинскиот живот.
Според тоа, по мислењето на светогорскиот светител, излекувањето на душата се постигнува и со светотаински и со безмолвнички (исихастички, тихувателен) живот. Надвор од овие врски нема православнен живот и православно богословие. Меѓутоа, потребно е во продолжение да го разгледаме ова учење на светителот и да увидиме на кој начин најдобро да се излекуваме.

Светотаински живот
На многу места во неговите беседи се нагласува големата важност на светите тајни на Црквата. Во некои беседи учи дека Христос ја осветува ипостаста на секој човек и ни дарува опростување на гревовите „преку божественото Крштение, исполнувањето на Неговите заповеди, покајанието - што им го подарил на паднатите и светото Причестување со Неговите тело и крв". Двете основни свети тајни, т.е., светото Крштение и светата Причест, заедно со исполнувањето на Христовите заповеди, обезбедуваат ослободување од гревови и осветување на човекот. Преку светото Крштение Христос им постанува татко на луѓето, а преку причестувањето - мајка. За ова да го објасни, светителот се послужил со многу впечатлив пример. Христос „дои... како што и грижливата мајка го дои своето доенче". Значи, како грижливата мајка што го дои своето доенче со млекото од своите дојки, така прави и Христос. Двете дојки Христови, а тоа важи и за Црквата, се двете основни свети тајни - светото Крштение и светата Причест.
Во една друга беседа, пак, споменува колкава е силата на овие две свети тајни на Црквата. Христос на себе примил човечка природа, па и Тој, како и ние, имал душа и тело. Светителот вели: „Телесно пострадал, умрел и бил погребан, а потоа воскреснал од мртвите и така нам ни оставил предание да извршуваме бескрвни жртви и да добиеме спасение". Со слегувањето на Неговата душа во пеколот и со нејзиното враќање ни подарил вечна светлина и живот, а како гаранција ни го предал светото Крштение, како „преку Него би добиле спасение, зашто секоја тајна посебно, како и двете заедно ги обоготворуваат и телото и душата, па така (и телото и душата) примаат семе на бесмртен (чист) живот". И душата и телото се осветуваат преку овие две свети тајни и од овие свети тајни зависи нашето спасение. На крајот светителот вели: „од овие две тајни зависи нашето спасение, зашто тие ја возглавуваат целата богочовечка икономија".
Од ова јасно се гледа дека светителот го обусловува спасението на човекот со светите тајни на Црквата. Тој, значи, не ги потценува како што тоа го правеле масалијанците и евтихите, туку ги смета за центар на духовниот живот. Во своите беседи на повеќе места исцрпно ги анализира секоја од светите тајни посебно.
Да ја разгледаме прво светата тајна Крштение. Важноста на оваа света тајна е огромна, зашто, иако по природа сме деца на своите родители по тело, крштевајќи се во Христа и облекувајќи се со Христа, натприродно постануваме „(деца на) Христа, Кој така го победува светот". И како Тој што е зачнат бессемено, преку Светиот Дух, така и на оние кој веруваат во него им дал власт да постанат деца Божји. Со светото крштавање ја надминуваме природата, ја надминуваме својата таканаречена биолошка ипостас и добиваме Христова ипостас. Постануваме делови од Телото Христово и така стекнуваме друго семејство, Црквата - повозвишено од семејството по тело, стекнуваме друго сродство, повозвишено од секое друго човечко биолошко сродство.
Според тоа што во една цела беседа го анализира целиот поредок и чин на светата тајна Крштение, толкувајќи го целиот чин и давајќи му го вистинското значење, се гледа дека & се придава голема важност и тежина „на оваа основна Тајна". Станува збор за беседата одржана спроти празникот Богојавление и по тој повод. Овде нема да ја изложам целата анализа. Сакам само да укажам на неговата анализа и толкување на трикратното потопување во водата на крштаваниот од страна на свештеникот. Вели дека водата навистина очистува, но човечката душа. Затоа Господ влегува во реката Јордан, а заедно со Него и благодатта на Светот Дух, та сите кои ќе бидат крстени, следејќи Го Неговиот пример, да се сретнат со Него и со Светиот Дух и ќе се исполнат со благодат што ги очистува и ги осветлува ангелските (словесни) духови. Крштаваниот трипати се потопува во водата, од една страна при призивањето на Светата Троица, а од друга по примерот на Господовото тридневно претстојување во гробот. Исто така, учи дека со трите потопувања во водата се пројавува „и воскреснување на трите делови на душата, заради повраќањето на сите три истовремено - душата, умот и телото".
Но светото крштавање е тесно поврзано со покајанието. Тоа не може да се замисли без покајание, со оглед дека „покајанието е почеток, средина и крај на христијанскиот начин на живеење". Покајанието доаѓа и пред и по светото крштавање. „Затоа се бара и му се долгува и пред светото крштавање, и за време на светото крштавање и по светото крштавање". Всушност тоа е она за кое веќе говоревме, а зборувајќи и во следното поглавје, дека светите тајни на Црквата не можат да се замислат без подвижничко-безмолвниот живот. Покајанието пред светото Крштение се гледа во поредокот пред светото крштавање, т.е. во поредокот преку кој се постанува огласен, а тоа, всушност, е распнување на копнежите и, воопшто, човеково очистување. А покајанието што следува по св. крштавање се увидува во исполнувањето на Христовите заповеди.
Светителот се користи со еден карактеристичен пример за да би ја истакнал нужноста од водење подвижнички живот по св. крштавање, а таа нужност, всушност, претставува покајание. Како што и штотуку роденото дете се стекнува со можност за наследување на куќата и имотот од своите родители, но наследството не го стекнува веднаш зашто не е полнолетно, така и штотуку крстениот со светото крштавање добива можност да постане наследник Божји и сонаследник Христов, но тоа ќе биде тогаш кога духовно ќе созрее. И како што детето ги губи сите права на наследство, ако во меѓувреме умре, така и крстениот ќе прими „божествено и бесмртно посиновување и сигурно на-следство дури во идниот век, ако претходно не биде лишен со разумна смрт". А „разумна смрт е" - „гревот".
Со други зборови, св. крштавање ни дава можност за наследување на Небесното Царство, но ако човекот ја изгуби Божјата благодат поради гревот, таа ги губи правата и можноста за спасение, зашто, всушност, гревот е живот против природата, оддалечување на човекот од Бога. Затоа светителот и нагласува дека покајанието е неопходно и пред и по крштавањето. Крстениот, доколку сака да обезбеди спасение, „треба да живее подалеку од секој грев". Бо спротивно, ако, по ветувањата што ги дал, не живее според Христа и не ги исполнува Неговите заповеди и Му се противи на Доброчинителот, тогаш по-станува отпадник и од посиновувањето и од вечното наследство.
Да го разгледаме сега учењето на светиот Григориј за големата света тајна - божествената Литургија, бидејќи таа е една од централните свети тајни на Црквата, зашто преку неа човекот се исцелува и се спасува. Светителот учи дека Христос со воплотувањето постанал наш брат. Со откривањето на светите тајни ни постанал пријател, а со светото причестување со Неговите тело и крв, постанал наш Женик. „Преку причеста со Својата крв не врзал и не привлекол кон Себе како и женикот невестата, постанувајќи со нас едно тело". Значи, низ светата тајна Евхаристија, преку заедницата со Неговите тело и крв, постанува наш Женик. Се соединува со нас.
Говорејќи за божествената причест на Божик, по четириесетдневниот пост, вели дека христијаните, причестувајќи се со пречистите тајни, постануваат причесници на телото и крвта Христови, постануваат со Него еден дух и едно тело. Тоа значи „... во сопричесноста да се биде со Неговото тело и крв и така со Него да се биде соединет и на божествен начин да се постане еден дух и едно тело". Преку божествената причест Христос ни дарува соединување со Него и така, не само по дух, туку и по тело постануваме со Него „тело од Неговото тело и коска од Неговите коски".
Како што спроти Богојавление дава целосна анализа и толкување на светата тајна Крштение, исто така, спроти Божик целата проповед и ја посветува на светата тајна Евхаристија, докажувајќи се така и како богослов на евхаристијата.
Во примањето на крвта Христова се наоѓа огромната важност за душата. „Таа (крвта Христова) не обновува и не прави вечни. Таа не прави бесмртни и вечно неовенливи, како и дрвото што е посадено покрај живата вода на Светиот Дух, па тоа раѓа род за вечен живот". Од чесната трпеза се излеваат умни извори што ја напојуваат душата и го вознесуваат човекот до небесата. Причестувајќи се со светите дарови, постануваме царска порфира или, подобро речено, царски крв и тело „преобразувајќи се кон божествено посиновување". Сето тоа го открива големото значење на светото причестување со телото и крвта Христови. Но, светителот притоа не создава некаква апстрактна и интелектуалистичка „есхатологија". Со други зборови, не се задоволува со тоа да прикаже колкава е вредноста на светата причест, туку во својата беседа, што ја упатува кон своето стадо, - додека гледа како христијаните се подготвуваат за причестување со телото и со крвта Христови, истовремено анализира и некои други занимливи моменти. Прво, нагласува дека многу христијани недостојно пристапуваат кон потирот, второ, истакнува какво треба да биде достојното подготвување за оваа света тајна, трето, објаснува на кој начин треба да пристапуваме, и четврто - што треба да правиме откако ќе се причестиме со телото и крвта Христови. Да ги погледнеме сите подробно.
Во почетокот нагласува дека многу христијани на недостоен начин пристапуваат кон потирот за да се причестат. Затоа, говорејќи во прво лице множина, вели: ако пристапиме кон божествената причест со нечиста совест, ако пред тоа не сме добиле опростување на гревовите преку својот духовен отец, а пред да сме се сообразиле со правилата на побожност, тогаш „пристапуваме кон осуда и вечни пеколни маки одгонувајќи ја така божествената сомилост и Неговото долготрпение кон нас". И како што ќе биде казнет оној што ја раскинал царската порфира и ја фрлил во нечистотија, така ќе се случи и со оној кој недостојно пристапува кон светата причест. Но, во тој случај божествениот дар е недостапен зашто незабележливо одлетал.
Значи, неопходна е темелна и исправна подготовка. Како вистински богослов, светителот ги изложува особините на вистинското покајание, но и неговата неопходност за причестувањето со телото и крвта Христови. На тој начин ја избегнува сувопарната интелектуална анализирачка вредност на светата причест. Тој не е ниту философ, ни етичар, туку богослов во полна смисла на зборот. Зашто, сите кои ја искусиле божествената благодат, добро ја познаваат нејзината енергија, но и начинот на кој го напушта човекот. Затоа и се вистински пастири на народот Божји.
Потребно е очистување на телото и душата: „Затоа, браќа, претходно да ги очистиме телото, устата и разумот и да пристапиме со добра и чиста совест". Очистувањето не се задоволува само со надворешната чистота на телото, туку се протега до чистотата на душата, што е најважно. Потребно е очистување на совеста, па и на самиот разум, „за да можеме да пристапиме (кон потирот), измивајќи ја нечистотијата и во длабочината на душата". Како богослов-подвижник светителот не се ограничува на површната нечистотија, туку инсистира и очистување и на најдлабоките делови на душата. „Зашто само така можеме да пристапиме кон Причеста на нашето спасение".
И навистина, само на тој начин човекот може да дојде до спасение. Во спротивно - на суд. Светителот, се разбира, не е утопист. Знае дека, всушност, никој не е целосно достоен да пристапи кон потирот и да постане причесник на божествените тајни. Ние сме недостојни, но Бог од недостојни не прави достојни. Затоа и ја потенцира важноста од покајанието, зашто единствено на тој начин Бог ги прави недостојните достојни. „Да постанеме достојни преку покајание, или подобро речено, преку покајни дела да се принесеме пред Оној Кој со Својата сила недостојните ги прави достојни".
Но, од нас се бара, освен покајание пред светата причест, да пристапиме и со вера. Треба да пристапиме со надеж и вера „имајќи го на ум не само видливото, туку и невидливото". Надежта и верата се однесуваат на тоа - гледајќи го лебот што се наоѓа на Чесната Трпеза, треба да го видиме божеството. „Зашто тој леб е како завеса, зад кој се крие божеството". Светителот, секако, не мисли дека само треба да промислуваме и да имаме добри помисли дека во лебот се крие божество, дека тој леб е вистинско тело Христово, туку верувам дека светителот сака, главно, да ја потенцира личната вера, а тоа „умозрение" и „гледање на срцето" е Божјо созерцание. Оној кој е удостоен со созерцание Божјо тој во лебот и виното Го гледа Христа, и, би можело да се рече, дека тие се облека на Неговото самопонижување. Познавам еден подвижник кој, за време на светата причест, во моментот кога ги примал телото и крвта Христови, веднаш здогледал несоздадена светлина и тоа траело цели три дена. Така и верата, за која овде зборува светителот, не е промислување на разумот, туку созерцание на Бога, лично уверување во Неговото постоење, исповедување, па макар и со раните на Крстот.
Светото причестување не е крај на еден период на каење, туку почеток на нов период на каење. Како што на чинот на светата тајна Крштение му претходи покајанието и по него следува, така е и кај светата причест. На светата причест & претходи и по неа следува покајание. Свети Григориј Палама во таа смисла е прилично речит. Ќе наведам само неколку негови карактеристични цитати: „Но ние, браќа, ве молам, да си ја зачуваме Божјата благодат неизвалкана и себеси, со целото свое битие, да се присилиме на послушност и на исполнување на светите заповеди и преку дела самите себе да Му се принесуваме на Бога". Благодатта во нас треба да остане несмалена, а тоа можеме да го постигнеме само со вложување на сите наши сили за да ги исполнуваме заповедите Христови и плодотворно да се принесуваме себе си пред Бога. По светата причест, особено се потребни будност и молитва „за да бидеме над страстите,,, но и за да би ги зачувале оние добродетели што Христос благоволил да ги всади во нас. Причестувајќи се со завет и со крв Христова, никако не смееме да ја „осквернавиме со дела". Како што сите оние што го чуваат осветувањето постануваат причестници на Христовите ветувања, „така голема казна им следува на оние што самите себеси, после даровите, постануваат невредни". По светата причест, треба да се прават дела исполнети со љубов кон Бога и кон ближните, смирување, што е можно помалку да се обраќа внимание на телесните желби и страсти, да ги умртвиме деловите на телото, да умреме за гревот и да живееме за добрината.
Досега видовме дека свети Григориј е богослов на светите тајни. Се уверивме дека не богословствува апстрактно. Ги упатува христијаните да живеат светотаински живот во прегратките на Црквата. Тој, исто така, нагласува дека светотаинскиот живот не е независен од подвижничкиот живот. Ги врзува светите тајни со подвигот што, всушност, е практикување на Христовите заповеди. Така, обраќајќи им се на еретиците, масалијанци, ја подвлекува потребата од светите тајни за спасението на човекот и за духовниот живот. Врз основа на сето што досега го изнесовме, јасно се гледа дека светителот не само што не ги потценува светите тајни, туку ги смета за суштински и неопходни. Сега ќе му посветиме внимание на неговото учење за другиот центар на духовниот живот преку кој се исцелуваме - за безмолвничкиот (тихувателен) живот.

 Publikacija.Deb.kic.jpg


Превел: протојереј Митре Попоски, Дебарско- кичевска епархија

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная