логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Да се најде Бог и самиот себеси

Да се спаси човек, значи да го најде човек Бог и да се најде самиот себеси. Секој човек е неповторлива појава, во тоа се изразени премудроста и красотата на Создателот. Некои го сметаат спасението за откажување од самиот себе-си како личност и индивидуалност, растворување во некаква општа, апстрактна идеја. Тоа, ни се чини, е заблуда. Човек треба да се ослободи не од самиот себеси, туку од туѓото во себе, сочувувајќи ја својата личност и индивидуалност како дар Божји. Кога целта на создавањето би била обопштување и унификација, тогаш Господ можеше да н# создаде во вид на исти геометриски фигури. Секој човек има неповторлива телесна структура. Тоа значи дека секој има и единствена во сиот космос душа. Во тоа како да ни се приоткрива красо-тата Божја, одразена не во еднобразието, туку во многу-образието на Својата творба. Човекот треба да се најде себе-си среде туѓото, што продира во него, опкружувајќи го од сите страни. А туѓото – тоа се гревот, страстите и светот. Но на духовниот пат често се сретнува токму ваква грешка: за да се ослободи човек од туѓото и наталоженото, тој го крши не само гревот туку и себеси, ја уништува дадената од Бога неповторливост на својата личност, т.е. лицето на својата ду-ша. Исто како кога реставратор, наместо да ја исчисти сли-ката од чадот и нечистотијата, би ја изгрундирал истата пов-торно и на истото тоа платно би насликал друга слика, па дури и поневешто.

Ни се чини дека има две опасности на духовниот пат, кога човек се сакати себеси, својот живот, како пеач што пее со туѓ глас, – тоа се принудата, односно насилството, и ими-тацијата. Човек може да имитира примери од книги, на луѓе што ги сретнува, на апстрактни и идеални ликови, создадени во неговите мечти, заборавајќи притоа дека тоа е пример – животот на друг човек, одразот на друга личност и на друга индивидуалност, а апстрактниот лик секогаш е поврзан со разгорена мечтателност и нема кон нас како конкретна реалија никаков однос. Тоа имитирање на другиот е тесно поврзано со вообразбата и затоа станува за душата Прокрус-това постела, ако таа се ориентира не на духот, туку на надворешното. Ние секогаш остануваме тоа што сме, нико-гаш нема да станеме друга личност, но своето „јас” можеме да го извалкаме и да го осакатиме, т.е. да го изгубиме својот пат. Треба да го најдеме своето, затоа човек, земајќи го во обѕир опитот и примерот на другите, треба да не се поисто-ветува себеси со нив, туку да тргнува од самиот себеси, само да разликува што е наше, а што туѓо, што &  е својствено на нашата душа, а што &  е нанесено. Тој треба да ја реши задачата – во линиите што се пресекуваат да го најде својот, а не туѓиот пат. Во служењето на Бога, во духовниот живот важно е да не се губи својата личност, но не тоа што за личност го смета светот, – грутка гордост и суета, – туку сопствената внатрешна неповторливост, таква каква што е и шарата на прстот или бојата на гласот. Ако тоа не биде најдено во духовниот живот, човекот ќе биде фалшив, ќе се фалсификува под името на некој лик од прочитана книга, некој од окружувачката средина или од својата сопствена мечта. Но, во исто време, овде е многу важно во никој случај да не се поистоветуваме со своите страсти, приврзаности, со својата гордост, со својата неприродна состојба, исто како што не се поистоветува болниот со својата болест.

Човекот се наоѓа себеси само борејќи се со гревот: тој како да се откопува и се извлекува себеси од земјата на своите страсти. Како да се разликува гласот на гревот и страстите од гласот на душата? На гласот на гревот срцето се одѕива со тревожно чувство, тоа или затајувајќи се, молчи, или, описно кажано, стенка. Гревот го стега човечкото срце, го прави малечко, тесно и сиво. Некоја сенка паѓа врз човекот – сенката на идната одмазда. Гласот на страста го следи чувство на наслада, притоа умот како да ги затвора своите очи, потонува во темнина, а вниманието се слева со чувството на наслада, го пие како чаша со опијанувачки сладок напиток. Според своето дејствие насладата е заспи-вање, потонување во потсознанието, во процес кој нема цел, т.е. кога цел станува самиот процес или заматената радост на нервите и крвта, слична на она чудно задоволство, кое го искусува човек кој на своето тело си ги чеша лишаите или раната. Признак на страста е гаснење на умот (сеедно дали е тоа гнев или похота), туѓата на душата одвишна приврзаност кон некого или нешто, мисла дека не можеме да живееме без тоа („другото”). Уште повеќе, потсвесно предметот на страс-та добива за нас значение на самото Божество. Следењето на својот пат му донесува на човекот чувство на мир, а при деј-ство на благодатта, кога се симнуваат сите противречја, – голем спокој и внатрешна слобода, како во него да се шири срцето (на духот не му тесно во срцето). И уште – чувството на радост. Туѓиот пат ретко дава радост. Духовната радост може да ја има и при длабоко покајание на човекот. Тоа не е емоционална земна радост, туку мир на срцето, озарено од топло светло. Кога благодатта во душата вели: „Тоа е мое”, – таму нема сомнение, а кога наместо духот страста вели “Тоа е мое”, се појавуваат сомнежи и забуни во срцето, што го колебаат и го тревожат. Но страста со својата агресивна енергија ја задушува тревогата, го брка сознанието од срце-то, како пес од туѓ двор, и го тера разумот да се лаже самиот себеси. Значи, прво, ни се чини, зло – е надворешното имити-рање на примери во кое секогаш присуствува артистичка игра. Дури и ако таа игра е проследена со труд, што постиг-нува степен на подвиг, таквиот подвиг за душата ќе се покаже како надворешен. Второ – тоа е насилството: насил-ството на светот (по зборовите на аскетите, обичаите на светот – тоа се разгорени страсти), насилството од страна на нашите блиски, да бидеме како нив. Родителите, давајќи им живот на децата, често на ниво на потсознанието сакаат да живеат во своите деца, затоа ја силуваат душата на своето дете, кое не е копија на своите родители, туку друго суштес-тво. Против таквото насилство е потребна храброст и смире-ние; впрочем, храброста и смирението, правилно разбрани, се едно и исто. Смирението без храброст се претвора во кукавичлук, капитулација пред надворешната сила, храброс-та без смирение се претвора во дрскост, желба на ударот да се одговори со удар. Уште еден вид насилство потекнува од неопитните духовни раководители. Во духовното раководс-тво треба да се владее со способноста да се чувствува другата душа. Духовните раководители не се „назначуваат”, количес-твото прочитана литература не го прави човека духовен нас-тавник. Овде се потребни способности, интуиција, благодат на Духот Свет, да може да се види душата на секој човек, да се почувствува, да му се помогне на човекот да се најде самиот себеси и својот пат. Духовникот кој постапува по шаблон и шема, како психолог, ќе ги сакати своите деца. Душата на човекот е подлабока од сите системи и теории. Духовниот отец треба да поседува таков поглед кој го гледа лицето на душата, како да влегува во другата личност, ја гледа одвнатре, ја прима на себе. Во две еднакви ситуации за две различни личности тој може да каже спротивни решенија, на едно и исто прашање да даде различни одго-вори. Неопитен раководител ќе се потсеќава што прочитал кај еден или кај друг духовен отец, како да собира од полицата лекарства наслепо и му ги дава на човекот, не знаејќи од што боледува. Духовен раководител не може да се стане по нарачка, како што е невозможно да стане поет оној што се изначитал стихови, – тоа е дар Божји, тоа е таа древна харизма, која во ослабен и сокриен вид, но, сепак, с# уште дејствува во нашиот современ црковен живот. Ќе наведеме уште еден пример: неопитниот духовен раководител може да личи на лекар, кој окружувајќи се со прирачници, препишува рецепти, дури и не гледајќи го болниот и неговата болест. Се случува и ова: „духовниот раководител” смета дека добивај-ќи свештенички чин, со тоа добива и безусловна гаранција за правилноста на сите совети и решенија што потекнуваат од него; затоа своите совети и укажувања на паствата ги смета за црковна тајна. Тој обично воопшто не чита никакви духов-ни книги, сметајќи дека со ракоположувањето веќе се прос-ветила неговата мисла. Во беседата, таквиот човек во нешто потсетува на пијан, кој е убеден дека ако го поттурне столбот, тој ќе падне. Столбот нема да падне, но може силно да го осакати човекот кој му се нашол на патот. Постојат и „духовни раководители” кои ги потпомагаат страстите и желбите на духовните деца од суета или за да предизвикаат приврзаност кон себе. Човек го сака оној кој ги оправдува неговите страсти. Постојат „старци” кои собираат деца за само да ги пуштат во својата градина.

Ако духовниот раководител интуитивно не ги чувствува душите на своите духовни деца, тој најчесто ќе паѓа во две крајности: или ќе покажува непотребна претпаз-ливост, оставајќи &  на болеста спокојно да се развива, а на раната да гнои, или – што им е својствено на неопитните, но одлучни лекари, – не искористувајќи ги сите средства, веднаш ќе почне да применува шок терапија и ампутација. Господ на секој човек му дал некаков талент. Тоа е многу среќно најден збор : талант – тоа е мера за злато. Бог, како родител, на секого од луѓето му дал во наследство особени способности и одреден призив. Неопходно е само да се најдат, без да се згреши, да не се менува својственото на својата душа за туѓото, што за човекот ќе биде надворешно и безживотно. Човек не треба себеси да се заменува со некој друг. Евангелието е – Личноста на Самиот Христос Спаси-тел: тоа е божествено и, во исто време, длабоко човечно. Затоа секој човек ќе се најде во него самиот себеси. Евангел-ските заповеди му даваат широчина и слобода на внатреш-ниот живот. Христос ги предупредуваше Своите ученици да не ги заменуваат заповедите со надворешни правила, форму-ли за животот, тогаш кога личноста и индивидуалноста не се ориентираа на идеалот на Евангелието, туку се задушуваа со формалните закони. Во тоа е принципиелната разлика меѓу христијанството, кое ја препородува личноста во Бога, и тал-мудизмот, кој го заклучува човека за цел живот во желез-ниот корсет на правила, закони, разрешенија и забрани, за да добие општ тип Јудеј. Евангелието во својот универзализам е свртено кон личноста, а Талмудот кон етносот како кон са-мостоен субјект и највисока вредност. Во исламскиот фата-лизам личноста е условена, предопределена; овде царува законот на неопходноста. Во хиндуизмот и будизмот личнос-тите како реалии воопшто не постојат, тоа е само минлива форма на општото бесквалитетно битие. Поимите личност и слобода се нераскинливи и сврзани меѓу себе. Христос ни ги открил безграничните внатрешни простори на слободата како нови хоризонти, што се менуват еден со друг при искачувањето во висините. Тоа е можност да се живее во соодвеност со образот и подобието Божјо, дарувани на чове-кот. Тоа е возможност со помош на Божјата благодат да се избавиме од ропството на гревот, враќајќи се кон себеси, а од себеси кон Бога, од духовна интелектуална амеба повторно да станеме богоподобна личност.

(Продолжува)

  Издавач : манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

 Man.Zurce.jpg

Друго:

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3123
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7595
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная