логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Pimen.Vecher

Христос и денес ќе се роди. За сите и за сè. Па какви и да сме, за да бидеме подобри луѓе. Велам луѓе, бидејќи кога не можеме да бидеме добри христијани, да бидеме барем добри луѓе. Да се биде христијанин во вистинската смисла на зборот значи да се биде свет. Кога веќе не успеваме да се држиме до светоста, да се држиме барем до човечноста. Кога веќе не успеваме на братот да му бидеме брат, дај барем да не си бидеме волк еден на друг. До толку можеме. Немаме изговор до толку. Новородениот во злоба и омраза ќе го пречекаме или во надеж дека сепак ќе нè биде? Од нас зависи“. Оваа божикна порака митрополитот на Европската епархија, владиката Пимен, ја испрати до читателите на весникот ВЕЧЕР и целата македонска јавност во празничното интервју. Со владиката разговаравме на повеќе актуелни теми, за решавањето на црковниот спор со СПЦ, за интеграцијата на ПОА во МПЦ-ОА, за томосот, за Вселенската патријаршија и очекувањата од неа, за односите внатре во МПЦ-ОА…, но и за тешката година која е зад нас како од политичко-економски, така од социјален аспект, а која кулминираше со двојното грозоморно убиство, за кое првоосомничен е човекот кој долго време водеше црна кампања против владиката Пимен… За епархијата која ја раководи ќе рече: „Од една страна како архиереј со радост ќе кажам дека се радувам што секој ден сме се побројни и подобро организирани, но и со тага ќе кажам, како Македонец, дека ме боли тоа, бидејќи е плод на масовната емиграција која ни ја остава земјата сè попразна и пожална.

Елизабета АРСОСКА

ФОТО: Ѕвонко ПЛАВЕВСКИ

Почитуван владика Пимен, во период сме на празнично православно чествување. Вечер е Бадник, утре празникот над празниците, Рождестовото Христово – Божик, кога се сплотуваат семејствата и во домовите и во храмовите. Имаме ли сила после толку премрежиња и предизвици, еден со друг да си честитаме: Мир Божји, Христос се роди! Да си простиме и да покажеме дека можеме да бидеме и дека сме народ на Божјата љубов, народ кој може да биде верен и чесен во сите искушенија на овој век?

           Доколку нашиот милостив и човекољубив Господ Бог Света Троица не знаеше (а како срцезналец не може да не знае) дека неговото создание, ние луѓето кои сме создадени според Неговиот образ и подобие, сме способни длабоко во себе да пронајдеме барем ронка желба и способност за покајание и измирување со самите себе, со ближните и на крај и со Него, немаше да го испрати Својот Единороден Син на земјата за да нè повика и да нè поучи на покајание и на крај и да пострада на Крстот заради нас луѓето и нашето спасение. Покажувајќи ни на тој начин врвно смирение со смртта, смртта ја победи и ни ги отвори портите на рајот за да ги всели таму сите што одговориле на неговиот повик да бидеме свети како што и Он самиот е свет. И од денот на Неговото Воскресение тие порти стојат отворени. А штом се отворени и ден-денес, тоа значи дека има сè уште луѓе на земјата кои го живеат подвигот на љубов и покајание. И кога викам луѓе на земјата мислам на сите луѓе, дури и на луѓето во оние земји каде што и денес во очи на празникот на Рождеството Христово се води војна. И ако меѓу тие луѓе со оружје во рака има такви што посакуваат мир и се спремни да си подадат рака во радоста од Раѓањето на Спасителот, тогаш колку повеќе луѓе и колку повеќе желба за тој мир има меѓу нас Македонците кои, фала Му на Бога, повеќе се мразиме на социјалните мрежи и се напаѓаме отколку кога ќе се сретнеме во црква, на улица или во ресторан, или каде било, па брзо ќе ги надминеме разликите во ставовите. Благословени сме од Бога со тоа што омразата меѓу нас стои само на врвовите на нашите јазици, но не и во нашите срца. Па верувам дека денес кога Христос смирено се раѓа во Витлеемската пештера, ќе се роди пак и пак и во нашите срца за да ги стопли, та барем за момент во секого од нас да исчезне пизмата и сите во еден глас да кажеме: слава на Бога во висините, мир на земјата и меѓу луѓето добра волја, Христос се роди.

Годинава што е зад нас беше претешка како од политичко-економски, така од социјален аспект, а кулминираше со двојното грозоморно убиство на 14-годишната Вања и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски. Вие, заедно со уште неколкумина владици бевте цел на напади на првоосомничениот за убиствата, Љупчо Палевски Палчо и неговата партија, кои водеа црна кампања. Како го коментирате?

             Нека е вечен споменот на Вања и Панче и нека Господ Бог ги насели нивните души во Царството небесно, а на оној или оние кои со својот непромислен потег ја потресоа јавноста, оставајќи нè сите во чудење какви нелуѓе живееле меѓу нас до пред само еден месец, нека им дарува покајание, на родителите и роднините утеха, а нам како нација разум за ова да биде пример од кој треба да се згрозиме, та никогаш веќе да не се повтори. Нападите од првооомничениот кон монаштвото датираат уште од пред повеќе од 25 години кога го отвори неделникот „Старт“. И минуваа години во кои сме се сретнувале со него и со некои од тамошните новинари и сме се обидувале да се објасниме дека не сме зло на веков какво што сака да нè продаде на светот преку неговиот медиум. Ние го сведочевме нашето смирение и незлобие преку тој личен контакт за да го одвратиме од намерата за негативна кампања против нас. И успевавме на моменти и на подолг временски период да ги закопаме секирите. И ден-денес имаме контакти со новинари од тоа време кои од наши критичари денес се наши драги пријатели.

За жал, некои луѓе, како Љупчо, никогаш не се смирија до крај. Плод на тоа беше повампирената кампања против неколкумина архијереи, но и монаси и свештеници во годинава која е зад нас. Кампања која ни ја расипуваше Воскресенската радост кога моравме да се објаснуваме со исфанатизирани луѓе дека не може некој лидер на партија и сопственик на поткаст кој патем никогаш не ни влегол во црква, Црквата да ја љуби и чува повеќе од нас кои сме се заветиле пред Бога и народот дека ќе и служиме со целиот наш живот. Сепак, во моменти кога е затворен и кога против него се води постапка, да истурам бес на него и да ликувам во разговорите со оние луѓе со кои морав да се објаснувам за декларацијата со: ете видовте колку бев во право за Љупчо, ми личи како вадење кубура на мртов волк.

Колку што сме мали како држава, толку големи национални трагедии ни се случија. Ќе ни помогне ли само молитва или мора да чекаме некој нов Јован Крстител или апостол Павле да дојде во Македонија за да ни помогне?

                   Свети Павле и свети Јован Крстител лежи во секој од нас кој поучува во верата Христова и кој повикува на покајание. Само кој има уши да чуе.

Неодамна, митрополитот Јован Вранишковски изјави дека недвосмислена е потврдата дека СПЦ со издавањето на Томосот на МПЦ-ОА направила потег на којшто воопшто немала право. Дали е реално очекувањето дека Вселенската патријаршија ќе потпише ист документ со кој ќе ја признае автокефалноста на Македонската црква и со тоа да биде призната и од останатите православни цркви?

   Pimen.Vecher1         Веќе неколку децении наназад, а можеби и повеќе, во православниот свет опстојуваат два концепта за стигање до автокефален статус. Еден е Цариградскиот, кој стои на старото правило дека конечниот Томос треба да го даде првата по чест патријаршија, и вториот кој полека, но сигурно го наметнува Москва е дека тоа треба да го стори мајката црква, односно црквата која последна имала јурисдикција над црквата, која се бори за автокефалност. Митрополитот Јован говореше за првиот концепт и со право го потенцираше немањето право тоа да го стори СПЦ. Ние им благодариме на СПЦ за пружената рака, за прекинот на изолацијата преку сè почестите сослужувања, за надминатите децениски недоразбирања и за писмената препорака до целиот православен свет да го прифати нашето афтокефално постоење, односно документот кој тие го нарекоа Томос. Но не треба тука да се застане. И покрај разногласието во Синодот на МПЦ- ОА, јас верувам дека до добивањето на конечниот Томос од Вселенската патријаршија никогаш нема да престане дијалогот со Цариград, бидејќи не би требало да бидеме задоволни со половични решенија. Но, ќе треба многу време за да се соберат сите расфрлени пердуви во јавноста за „непристојните предлози“ од страна на Цариград за крадење на дијаспората, за откажување од вековното име…

-Како го коментирате разногласието во Синодот, за блокот на владици кои сметаат дека Вселенската патријаршија не треба веќе да биде првопрестолна црква и да одлучува за автокефалност додека не се постигне сеправославна согласност?

               Верувам дека секој од нас кој го зел благиот Христов јарем на себе ѝ мисли добро на нашата црква на која сме и се заколнале пред Бога дека верно ќе ѝ служиме и ќе ја чуваме. Уште верувам дека секој од нас, членовите на светиот архиерејски Синод, од сè срце се моли судирот во концептите за доаѓање до конечно решение да не стане судир на личности или, пак, како архијереи да станеме заробеници на суети, та проблемот да расне наместо да исчезне. Како очекуваме црквите низ светот да имаат единствен став за сеправославна согласност ако ние внатрешно ја немаме? Ќе ја префрламе ли вината во туѓ двор и ќе ја ишкаме одговорноста од нас? Речено е, по љубовта меѓу себе ќе нè познаат дека сме Христови ученици, и во тоа препознавање во љубов ќе бидеме прифатени во сеправославниот собор. Сепак сè од нас зависи.

Синодот ги прифати во својата јурисдикција и им определи епархии и задолженија на четирите архијереи на ПОА на митрополитот Јован Вранишковски. Може ли така лесно и едноставно да се направи симбиоза?

             Pimen.Vecher2 Христијански е да се проштева меѓусебно, да се подаде рака. Тоа и се направи. По долги преговори и смирувања се најде денешново решение. Верувам, сите се задоволни. Нашиот страв, внатре во Синодот, за постигнување на денешнава симбиоза беше од реакцијата на народот. Ние со години се знаеме меѓусебно и затоа си веруваме како браќа дека секој ќе се држи до дадениот збор и ќе ги исполнува задолженијата дадени од Синодот и ќе функционираме како една црква која го води народот кон спасението, но за време на договарањето имаше закани од дел од народ дека ќе се обиде сè тоа да се бојкотира и спречи на терен. На крај зачудувачки, многу лесно и без реакција помина спроведувањето на одлуките на терен, за што Му благодарам на Бога, а и на народот што се покажавме како охристовени личности кои знаат да веруваат во исправноста на донесување на одлуки на Синодот и да ги почитуваат истите. Верувам во иднина ќе биде уште полесно и поедноставно нашето заедничко дејствување во Црквата Македонска.

Постојат ли навистина затскриени условувачки клаузули кои допрва Синодот треба да ги испорача?

             Споменав во еден од претходните одговори дека никогаш не е прекинат дијалогот со Вселенската патријаршија и нема да се прекине. Засега усно се спомнуваат 2-3 услова за доаѓање до конечно решение, кои ни оддалеку не се толку страшни како што некој ги пласира во јавноста и ги напумпа во обидите да се створи раскол и да се дискредитираат некои личности од МПЦ. Колку помалку теории на заговор за наше исчезнување, толку понестрашни клаузули и толку побрзо до конечен Томос.

Бевте вклучени во кампања за промена на името на државата. Од оваа временска дистанца се каете ли?

              Се каам за тоа што поверував во тоа дека го надминавме и последниот услов. Ах, кешки да беше така, но што е тука е. Сепак дел од ветувањето за условот се исполни. НАТО достоја на зборот и како членка ни гарантира територијален интегритет. Тоа ми е некоја утеха дека вредеше сите плукања да се претрпат.

И да, колку и да се каам, немам намера да се објаснувам со секого, за тоа што го направив од љубов кон земјата во која сум роден и живеам и од страв за нејзиниот опстој, затоа што немам ни друга татковина, ни друг пасош.

           Признавам бев во кампањата, но да потсетам дека никогаш и никаде не сум ја употребил придавката Северна, бидејќи ништо како граѓанин не ме обврзува на тоа, нити пак од злоба кон одредени луѓе со поинакво мислење погрдно си ја нареков некогаш земјата Северџанија, нити Македонецот Северџан. Срамно и лицемерно е да се лутиш и некого да обвинуваш за промена на името, а ти веќе името Македонија да не го спомнуваш туку да си ја нарекуваш земјата со разни погрдни имиња.

Горд Македонец од Македонија сум и тоа секогаш ќе бидам. Љубовта кон Црквата и татковината се покажува со дела, а не со прсти на тастатура. И кој ме знае, знае дека такви дела имам зад себе.

Како стојат работите во вашите црковни општини? Се чини дека се сè побројни?

           Од една страна како архијереј на Европската епархија со радост ќе кажам дека се радувам што секој ден сме се побројни и подобро организирани, но и со тага ќе кажам, како Македонец, дека ме боли тоа, бидејќи е плод на масовната емиграција која ни ја остава земјата сè попразна и пожална.

Минатата година се радувавме на две осветувања на цркви во Загреб и во Дортмунд. Годинава верувам дека ќе почнеме со градба во Берлин и во Виена. Би можел и сите други црковни општини да ги пофалам за сè нешто, но да не направиме адресар од интервјуто, бидејќи се веќе повеќе од 40 општини. Само уште би додал дека се радуваме сите и на новите иницијативи за отворање на црковни општини во нови земји и нови градови. Тоа значи дека Македонецот во она малку што може да го понесе со себе кога оди во туѓина, не заборава со себе да ја понесе и верата.

Неодамна излезе од печат Вашата најнова книга Пост и Параклис. Вие сте познат по многу интересен стил на пишување, умеете необично да играте со зборови кои ја предизвикуваат слободата за читателот да ги восприеми онака како што самиот чувствува. Се крчка ли ново дело?

          Korica.Post.i.paraklis       Најпрвин да Ви се заблагодарам за позитивната критика од воведниот дел на прашањето. Првиот тираж од 1000 книги дел се продаде, а дел се подари и веќе се испечати и резервен тираж, што ме радува дека ете со нешто конкретно сум помогнал во ширење на словото за Бога кај нашиот народ. Дека сум ставил едно скалило на патот по кој чекориме кон Вечноста. Тоа и ме мотивира да не застанам со пишување. Долгите патувања гледам да ги искористам душеполезно, па продолжив со пишувањето на нова книга која ја започнав за време на Великиот пост во манастирот во Ново село. Верувам дека во оваа јубилејна година за нашата епархија во која славиме 30 години од нејзиното формирање, заедно со монографијата за сите општини во Европската епархија, ќе се испромовира и моето ново дело.

 

 

 

 

 

Голем е бројот на вашите почитувачи како духовник но, и на Вашите ставови по актуелни општествено-политички состојби. Политичарите радо се дружат со Вас. Има ли во Вас желба активно да влезете во политиката?

            Покојниот митрополит Кирил, знаеше на шега да каже дека ние сме зимзелени, а политичарите листопадни. Односно дека нашите функции се доживотни, а нивните мандатни и привремени. И зошто тогаш човек би се стремел кон нешто минливо? Шегата на страна, никогаш сум немал амбиција да бидам политичар, па ни сега. Ангажманот мој и на цела плејада млади луѓе во една партија на почетоците на демократијата по осамостојувањето беше кауза и идеја за подобро утре. За утре во кое нема членството во една партија да биде фактор за вработување, за напредување во кариера како во претходниот систем, туку квалитетот на поединецот. И за таа идеја живеевме, но живеевме во фармерки и патики. Не се гледавме во костими кои не се симнуваат никогаш веќе после матурската прослава, како да сме друга каста која е избрана да владее и да жнее лични придобивки. За жал, кариеристите ги истиснаа сонувачите од светот на политиката. Затоа денес сме на ова дереџе.

Бевте многу активен на социјалните мрежи, дури и во времињата кога Синодот забрани таква комуникација имавте многу пародични објави за секојдневните општествено-политички збиднувања. Но, во последно време затаивте. Се заморивте ли или едноставно ви стана здодевно?

Pimen.Vecher3

          Песимист е оптимист со искуство. Или во превод, човек се носи со идејата дека треба да е активен за она што почнало да се расипува да не се дорасипе или да го замени со ново. И на секаков начин човек ќе се обиде да помогне. Пишував и опоменував користејќи ја мојата смисла за хумор, за помалку да боли опомената или советот. Некому тоа му се допаѓаше, а некому не.

И ете се случи промената. А понуди ли промената нешто подобро? Врати ли насмевка некому надвор од врхушката на новата власт? Или не, или барем јас не гледам. За жал не гледам ни некоја внатрешна светла точка во претендентите кои се спремаат за враќање на власт, освен закани и желба за одмазда. На злото со зло да се враќа. А тоа е тотално обратно од она на кое сме повикани од Бога, кога ни е заповедано да нема веќе ни око за око, ни заб за заб, туку треба на фрлениот камен со леб да возвратиме. И се додека не гледам такви политичари кои ќе се занимаваат со иднина, а не со блиско минато за да наплатат секој коментар, секоја замерка, не планирам да се заземам со пофалба, нит со критика да не би, кај еднаш се прелажав, немој сега и вторпат.

               Не се каам за мојот активизам од пред некоја година, но се каам за тоа што не успеавме преку промената на личности, да промениме и политички амбиции и страсти кај избраните. Оној песимист кој го спомнав на почетокот на одговорот, никако не сум јас. Јас сум вечен оптимист. Мојот оптимизам се раѓа секогаш кога повторно се раѓа Христос.

Верувам и се надевам дека ете токму денес се раѓа или веќе безгрижно расте генерација која ќе ги сфати и ќе се поучи на сите наши грешки и ќе изроди политичари кои ќе бидат спремни да му служат на својот народ, наместо народот да им служи нив на патот кога од политичари стануваат лакоми елитисти.

Христос и денес ќе се роди. За сите и за сѐ. Па какви и да сме, за да бидеме подобри луѓе. Велам луѓе, бидејќи кога не можеме да бидеме добри Христијани, да бидеме барем добри луѓе.

Да се биде Христијанин во вистинската смисла на зборот значи да се биде свет. Кога веќе не успеваме да се држиме до светоста, да се држиме барем до човечноста. Кога веќе не успеваме на братот да му бидеме брат, дај барем да не си бидеме волк еден на друг. До толку можеме. Немаме изговор до толку.

Новородениот во злоба и омраза ќе го пречекаме или во надеж дека сепак ќе нѐ биде? Од нас зависи.

Христос се роди!

 07.01.2024

https://www.vecer.press/%d0%b8%d0%bd%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%b2%d1%98%d1%83-%d1%81%d0%be-%d0%b2%d0%bb%d0%b0%d0%b4%d0%b8%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d0%bc%d0%b5%d0%bd-%d0%ba%d0%be%d0%b3%d0%b0-%d0%b2%d0%b5%d1%9c%d0%b5/?fbclid=IwAR1RPfToSUXqgs06gMWJyiAO7Paq0dK-PDhaaGmtN2XQY_O-NxysfXqQTu4

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная