Благородните спомени,за да постојат и во иднината, како блескави патокази на духовната историја тие треба да се запишат.
(Почеток на житието на Преподобниот Јосиф Исихат, кое го напиша блажено- починатиот Старец Јосиф Ватопедски, негово духовно чедо)
Старец Јосиф Ватопедски е роден на 1 јули 1920 година, на Кипар, на истиот датум на кој и блажено се и упокои. Неговата мајка која во тоа време била седум месеци бремена, отишла на денот на Светите Бесребреници во манастирот кој бил посветен на нив, на поклонение. Ненадејно во манастирот се породила. Изгледало како детето да е мртво родено. Меѓутоа, се установило дека детето е живо, и одлучиле веднаш да го крстат. На Светото Крштение детето го добило името Сократис.
Кога младиот Сократiс имал петнаесет години одлучил да отпатува за Америка, каде биле и неговите постари браќа. Но пред да отпатува, посакал да отиде во познатиот манастир Ставровуни (Кипар) за да се поклони и да побара благослов од Бога за патот. Со неговото доаѓање во манстирот неговиот живот засекогаш се променил. Манастирскиот комплекс, Светите икони, древните фрески, пределот во кој се наоѓал манстирот, но пред се животот на монасите оставиле силен впечаток на младиот Сократис. Во една прилика тој самиот раскажува:
''Заминав од дома кога бев уште младо момче, имав петнаесет години.Моето семејство беше во Америка.Ние бевме пет браќа и една сестра, и сите четворица беа во Америка. Јас исто така се спремав да одам за Америка, како би започнал со школувањето.Тогаш ништо не знаев за монаштво. Немав многу прилки да учам.Морав многу да работам,да ги извршувам сите оние работи оклоу домачинството.Тогаш незнаев се уште да читам и да пишувам како треба, и во една таква состојба случјно и воден од радозналост, отидов во посета на еден манастир во таа област по прв пат.Таму монасите живееа Атонски начин на живот. Кога го видов тој начин на живот кој го живееа монасите бев трогнат и помислив, како јас не знаев дека ваков начин на живот постои? И тогаш ми беше кажано, ДА, постои (таков начин на живот ) и сите Светии кои ги почитуваш, пред да бидат прогласени за свети, живееа ваков начин на живот.
О мој Боже, помислив, такво прекрасно нешто да постои а јас не знаев за тоа? А јас планирам да заминам за Америка. Ќе здобијам диплома, ќе спечалам неколку долари и ништо повеќе од тоа! Ќе го изгубам благословот и овој живот кој води кон осветување!
Ги извадив документите кои ги бев спремил за пат, ги искинав и не отидов...Кога заврши кризата, 46-та година и кога нештата тргнаа на подобро, отидов на Атос, затоа како што знаете, основата е овде..тоа е вистински монашки живот и размислував како ќе најдам овде духовни луѓе и ќе постанам добар монах...Кога дојдов 46-та година сакав да најдам свет човек, личност од која ќе можам да се поучувам, да се научам на догматите и на автентичното Светоотечко предание. Слушнав дека постои некој Старец кој живее во пештера, молитвен живот (Исусовата молитва) и бев истраен во желбата да се сретнам со него.
Која е вредноста на било што, ако не се здобиете со благодатта на Светиот Дух, што е тоа што ќе ме преобрази? Тогаш ќе го изгубам својот пат.
Со Старецот го најдов својот пат, затоа што во неговата личност го видов дејството на Светиот Дух, Кој беше гаранција (дека сме на вистинскиот пат). Оваа беше мојата диплома.
Старец Јосиф пред да замине на Света Гора поминува некое време во манастироt Ставровуни под духовно раководство на о. Кипријан кој бил духовник на манастирот. Со негов благослов заминува на Света Гора, заради подобро духовно напредување.
Фотографија на Старецот, од неговиот пасош од тој период
Во 1946 година се запознава со старец Јосиф Исихаст, на кој духовно се потчинува. Старец Јосиф го прима кај себе, и тој постанува прв послушник на старецот Јосиф Исихаст. Од 1947-1959 година (до упокојување на Старецот) останува покрај него, во строго послушание и подвиг.
Карпите на Света Ана. Храмот на Чесниот Претеча на братството на Преподобниот Јосиф Исихаст, на кое што припаѓаше и старец Јосиф Ватопедски
Братството на старец Јосиф Исихаст. Позади старецот Јосиф Исихаст ( кој седи ) стои старец Јосиф Ватопедски
(трет од десно)
Келија на Благовештение во која престојуваше братството на старец Јосиф Исихаст се до
неговото блажено упокојување.
Во тој период од 1946-1959 година, околу старецот Јосиф Исихаст се создало братство на исклучителни монаси. После упокојувасњето на старецот Јосиф Исихаст, а по негов благослов, братството се раздвоиlo. Секој од браќата отиде во посебна келија, и со текот на времето секој создаде свое братство.
Старец Јосиф (подоцна Ватопедски) му послужи на Бога на различни места: во Новиот Скит, Кутлумуш, во манастирот на Чесниот Крст (Минтис кај Патмос), во симонопетриската келија Благовештение кај Кареја, повторно накратко во Кутлумуш, и во Благовештенската келија во Нов скит. Живот со новото братство, кое од ден во ден станувало се поголемо, станувал се потежок.
Фотографија од 1982 година, од прериодот кога старец Јосиф престојуваше накратко во манастирот Кутлумуш. На фотографијата се старец Пајсиј Светогорец, јероминах Атанасиј (сега митрополит Лемесолски)
и монах Нифонт Ватопедски тогаш мирјанин.
Фотографии од секојдневниот живот на Старецот во Новиот Скит. Страрецот не се иземаше себе си од послушанието. Бил во исто време и старец и послушник со голема љубов. Секогаш им давал пример на браќата
Старец Јосиф со двајца јеромонаси од своето братство о. Атанасиј (сега митрополит Лемесолски) и отец Ефрем (сега игумен на Ватопед) во Новиот скит, 1985 година
Моменти на одмор
Старец Јосиф со својот некогашен собрат, старец Харалампиј, сега игумен на манастирот Дионисијат, 1986 година
Фотографија од Старецот фатен во моментот додека се моли
Страрец Јосиф во својата келија, во Новиот скит
Старец Јосиф покрај својата работна маса, на која поминуваше повеќе часови секојдневно одговарал на многубројните писма на духовните чеда , и пишувал книги
Самиот старец Јосиф Исихаста зборувал пророчки за своите духовни чеда и браќа: " Овие монаси ќе го обноват монаштвото на Света Гора". Така и се случило! Прв о. Ефрем е повикан со своето братство да го обнови и уреди манастирот Филотеј. Не многу долго после тоа, од тоа братство се обновени уште три светогорски манастири. Подоцна, старец Ефрем, по Божја промисла заминува за Америка, каде оснива седумнаесет манастири. По заминувањето на старец Ефрем со своето братство во Филотеј, и старец Харалампиј го обновува и го уредува манастирот Дионисијат. Старец Јосиф кој сакаше силно да го исполни пророштвото на неговиот Старец, некако како да останал единствен брз кого пророштвото на Старецот не се исполнуваше, иако беше најстар од сите во братството. Но, Господ имаше причини заради што го одоlговлечуваше времето за исполнување на пророштвото. Можеби малку подолго чекал, но морало така да биде, за се создадат подобри услови за да го добие можеби најголемиот дар од сите чеда на старецот Јосиф Исихаст- манастирот Ватопед. Манастирот Ватопед во тоа време се наоѓал во состојба на распаѓање, со идиоритмичki начин на уредување и манастирски комплекс во многу лоша состојба. Старец Јосиф со своето братство премина од Новиот скит во Ватопед по повик на ватопедското братство, а по совет и предскажување на старец Порфириј.
Почетокот на животот во Ватопед бил многу тежок. Во мај 1990 година, за игумен на манастирот Ватопед бил востоличен архимандрит Ефрем, од братството на старец Јосиф. И после дваесет години, игуменот Ефрем и старец Јосиф, со благодатта Божја, го обновуваат поголемиот дел од манастирскиот комплекс, но она што е најважно го обновуваат монаштвото. Денес манастирот има повеќе од сто монаси. Братството живее интензивен духовен живот, со преубави богослуженија, чести сеноќни бденија, непрестајна молитва, и често причестување.
Старец Ефрем Филотејски, старец Ефрем Катунакијски,
старец Јосиф Ватопедси пред портата на манастирот Ватопед-1989 година
Старец Јосиф, исто како и неговиот некогашен собрат старец Ефрем Филотејки, со својот живот облаготвори и други краеви. На Кипар го испрати јеромонахот Атанасиј, кој е поставен за игумен на манастирот Махера, денеска еден од најугледните манастири на Кипар. Јеромонахот Атанасиј обновил и основал десетина манастири на Кипар, кои преставуваат вистински светилници на многустрадалниот кипарски народ.
Подоцна о. Атанасиј е избран за митрополит Лемесолски. Последните години во метохот Свети Никола во Ксантија го прати монахот Нифонт, кој бил познат по своите добродетели, кој им бил прибежиште и утеха на голем број верни.
Ватопед не им помага духовно само на христијаните од Грција туку и на сите околни народи.Годишно манастирот го посетувале околу 20000 илјади луѓе.
Старец Јосиф во првите години од својот престој во Ватопед, живеел во самиот манастир, во една келија која се наоѓала покрај самиот соборен храм. Последните години се преселил во една одвоена келија, на десет минути одење од манастирот. Тука покрај себе имал и еден собрат, кој му служеше. Во таа келија постојано ги примал браќата монаси и мирјани.
Река од луѓе поминала во келијата на Старецот, примајќи благодатна помош од неговите едностави, но длабоки и премудри поуки, кои извираа од големото искуство, втемелено на практичното изучување на Светото Писмо и Светите Отци. Освен тоа одговарал на голем број на писма.
Два пати во неделата Старецот, во среда и недела навечер, веднаш после повечерието, одел во манастирот и беседел со браќата на разни теми. Тие синаксиси значително го бодреле братството.
Келија на старецот Јосиф Ватопедски недалеку од манастирот
Старецот деновите ги поминувал во пост, молитва, солзи, и духовна грижа за своите ближни (монаси и мирјани). Неговите зборови и совети имале голема сила! Плодовите на неговата молитва се чувствувале веднаш! Откако некој ќе го помолел да се моли за него заради некоја мака и силата на молитвата веднаш ја ќе ја почуствувал! Инсистирал на послушание.
Старецот го сфаќал послушанието како израз на потполна слобода и љубов, и на тој начин им го предаваше на своите духовни чеда. Инсистирал на огнена и безгранична љубов, кон Бога, Црквата и кон сите. Самиот тој бил обземен од Љубовта! Сиот горел од љубовта кон Бога. Зборувал за Бога со такво воодушевување и восхит, како што дете зборува за својот татко. Инсистирал сесрдно служење на ближниот, и воопшто на Црквата Христова!Барал на богослужбата сите да бидат со крепок дух и внимателни, да го отвараме срцето кон Господа, да Му пееме и да му вознесуваме молитви огнени, силни и ревносни. Старецот бил човек со сеопфатна љубов. Ги љубел сите, и многу често од таа сеопфатна љубов неможел да да ги сопре солзите. Тој многу често ги изговарал зборовите: Центар на нашата љубов е Христос! Игуменот отец Ефрем во своето слово на погребот, во една реченица најубаво го опишал Старецот: Многу го возљуби Бога. Митрополитот лемесолски Атанасиј во својата беседа на погребот тоа што го кажал за Старецот кај сите оставило силен впечаток:
Толку години се причестуваше од нашите раце, и никогаш не го видовме да се причестува без потоци од солзи.
Старецот на секоја Литургија толку многу треперел што било страшно да го гледаш. Кога ќе го спомнел името на Мајката Божја, неговите очи се полнеле со топли солзи на љубов. Тој многу го сакал монаштвото, многу се радувал на новите искушеници, треперел на монашењата. Ликувал на ракоположувањата! Но, тој многу го љубел и бракаот. Со голема радост, почитување и љубов говорел за бракот, за светоста на бракот, за односот помеѓу сопружниците, за вниманието спрема децата, за грижата спрема родителите. Едноставно се восхитувал на Боженствената убавина на монаштвото и бракот. Говорел често и нагласувал како мажите треба да ги сакаат своите жени, дека ,,во бракот на жените им се ,,укинува" крстеното име. Во бракот името на жената е љубов".
Бил олицетворение на љубов! Имал безрезервна и безгранична љубов кон сите и кон се. Кога требало знаел да биде и многу строг. Всушност тој не бил строг кон другите, во смисла на кротоста, туку бил многу одговорен и сериозен духовник, кој по праешањето на верата и духовниот живот не правил компромис! Старецот секојдневно во молитвата го полагал својот живот за своите ближни. Тој се радувал на секого кој доаѓал во неговата келија. Кога доаѓале кај nego за совет, често пати кога луѓето заминувале од неговата келија понизно ги замолувал да се молат за него како нивните молитви да му биле потребни. Највпечатливата особина на Старецот била самоосудувањето. За време на животот бил наклеветен, но никогаш за тоа не кажал ниту еден збор. Еденоставно се предавал на Божјата волја.
Како показател на таа карактеристика на Старецот ќе ги наведеме зборовите на игуменот на Vатопeд отец Ефрем кој ги кажал на погребот: Го прашувавме Старецот : Што чувствуваш спрема оние кои те осудуваат, а знаеш дека неправедно те осудуваат? Ни одговараше: не чувствувам ништо против нив, ниту ми паѓа тешко, зошто јас самиот себе си повеќе се осудувам, отколку што тие мене ме осудуваат.
Старецот имал исклучителен дар за беседништво и пишување. Напишал многу книги за духовен живот. Освен тоа имал дар и за химнографија, пишување на црковни песни и составување на богослужби. Напишал преубава служна на неговиот старец Јосиф Исихаст, како и дva молебни канона на чудотворните Ватопедски икони Пресвета Богородица- Сецарица и Утешителка. Иконата Пресвета Богородица Сецарица, Сtарецот многу ја почитувал. Затоа на погребот на неговите гради му ја положиле таа икона.
Старец Јосиф со игуменот Ефрем, на Пасха 2009 год. Една од неговите последни фотографии
Еден брат во Христа го раскажал своето искуство со Старецот, преку кое се открива само еден мал дел од богатството на Старецот кое тој го имал во себе. Некогаш старецот Јосиф заминал од Света Гора во Солун на неколку дена, да ги посети своите многубројни духовни чеда. На ден-два пред да се врати Старецот, игуменот пратил еден брат во Христа да ја подспреми и исчисти келијата на Старецот. Цело време додека тој подспремал и чистел, се чувстувало големо благоухание. Помислил дека мирисот доаѓал од некои свети мошти, од црквичката на Старецот. Но Старецот немал свети мошти во црквата. Братот сепак отишол до црквата, и одел од икона до икона, помислил дека мирисот доаѓа од некоја икона. Меѓутоа не успеал да го најде изворот на благоуханието. Продолжил да ја чисти келијата. Во моментот кога се доближил до работната маса на Старецот (на која Старецот секојдневно пишувал книги, и одговарал на писмата на своите чеда, и за кои се молел и плачел со часови) приметил дека мирисот доаѓал токму од таму. Почнал внимателно да ги проверува сите предмети кои се наоѓале на масата, за да открие од каде доаѓа благоуханието. На масата се наоѓало и едно марамче кое очигледно било употребувано. Со него Старецот ги бришел солзите. Тие топли солзи на Старецот од љубов кон многубројните души кои страдале, благоухале.
Еве и едно друго сведоштво: Кога бев студент четврта година( а студиите траеа пет години ) почнав да размислувам кога ќе ја почнам да ја слушам петата година, да започнам паралелно да одам на уште еден факултет богословие или музикологија. Тоа во мене се уште беше само една помисла, онака од далеку, и не бев сигурен што повеќе сакам од тие две работи, и дали воопшто бев спремен за уште едни студии, затоа во врска со оваа на Старецоt ништо не му кажав. Во една прилика кога го посетив Старецот, седевме надвор пред неговата келија и зборувавме за други работи, кои не се поврзани со моето студирање. Додека ми зборуваше за работи поврзани за духовен живот, одеднаш застана ме погледна со насмевка и ми рече: А за тоа што размислуваш во врска со богословија или музикологија, остави го сега. Заврши ги сега овие студии, па ќе видиме подоцна. Бев запрепастен, со какви дарови бил удостоен старец Јосиф.
Во една друга наша средба, седев сам со Старецот пред неговата келија,беше тоа мојот последен ден на Света Гора.Се припремав да се вратам дома. Пред да ми го даде својот благослов, стерецот ми рече: Сега кога ќе отидеш од тука внимавај добро, те молам. Ќе ти дојде една помисла(не прецизираше, но зборуваше описно) која треба веднаш да ја одфрлиш. Ако не ја отфрлиш, ќе дојде друга, и неа веднаш да ја отфрлиш! Ако ги прифатиш ќе паднеш во грев. Старецот, насмевнувајки се, со едно по малку шегобијно движење на своето тело го опиша гревот. Му заблагодарив на Старецот што ме предупреди, и го замолив да се моли за мене. Кога заминав од Света Гора, после петнаесет ми се случи онаа за што ме предупредуваше Старецот. Но заради својата небрежност и невнимание, дури после падот се сетив на се за што ми зборуваше Старецот. Од една страна жалев поради гревот, а од друга страна бев вчудоневиден од суптилноста на старчевите упатства за случувањата кои треба да се случат. Но тоа не беше крајот. По неколку недели повторно отидов кај Старецот. Тој не знаеше дека сум пристигнат во Ватопед. Следниот ден, после Светата Литургија и трпезата, тргнав пешки до келијата на Старецот. Приближувајќи се до неговата келија, го видов Старецот како излегува од келијата, и ме бараше со погледот како да знаеше дека доаѓам. Беше насмеан како по обичај, и радосно ме гледаше како се приближувам. Кога се приближив до него, ми кажа благо и со полно љубов: Е кога се ти зборував пред да се случи, не ме послуша! Што да ти правам сега...
Ова е само капка во океанот од чуда кои ги направи Старецот за време на својот живот.
И покрај се Старецот успеал да остане скриен за многумина. Таму каде ке се појавела неговата светост тој веднаш исчезнувал. Сакаше да остане скриен од очите на светот, и Господ тоа му го даруваше.
А еве каков блажен крај имал старецот Јосиф Ватопедски. Последните години тој се повлекол во една келија во близината на Ватопед. Сакал да се припреми за да замине од овој суетен свет. Кога го прашувале: Како сте Старече?, би одговарал: Еве го чекам возот да ме собере и да ме одведе во татковината (мислејќи на небесната Татковина), но доцни незнам зошто. Зборувал некако носталгично. Инаку последните месец дека Старецот го извршувал целото богослужбено правило напамет, па и во сон.
Последниот ден од својот овоземен живот, оклолу 10 часот наутро, Старецот му рекол на монахот кој го служел: Денеска заминувам, ја чувствувам смртта. Монахот му одговорил: Ќе биде како Господ сака, Старче! Неколку саати подоцна Старецот рекол: Што прават овие демони овде? Малку подоцна повторно го прашал монахот: Овие светители, зошто дошле тука, што бараат овде? Дошле ли да ни помогнат? Монахот одговорил: Да Старче дошле да помогнат. Вечерта, Старецот очигледно обавувајќи го богослужењето напамет, го прашал монахот: Како одеше наредниот тропар?
Оклолу 2:20 наутро Старецот се упокоил. Веднаш биле известени игуменот Ефрем и браќата. После четириесет и пет минути од упокојувањето на Старецот, се собрале браќата во келијата на Старецот. Старецот бил положен на подот од црквата Свети Јосиф Исихаст, која била склоп на келијата. Неговите раце биле прекрстени на градите, обвиткани со бројаница. Старчевото лице било мирно, како да спиел. Но, устата останала полуотворена.
Монасите се сохрануваат потполно замотани и зашиени во мантија. Игуменот наложил Старецот да се замота во мантијата, но лицето да се остави откриено. Отците му кажале на Игуменот, дека можеби ќе биде грдо да се видат полуотворените уста на Старецот, но игуменот инсистирал да направат така као што тој благословил. Му ставиле на Старецот една газа под долната уста, и ја завржале над челото, за да се затвори устата, но тоа не помогнало. Спремањето на Старецот за погреб траело уште четириесетина минути. Старецот бил замотан и зашиен во мантијата. Останало уште да се исече мантијата на местото на неговото лице, по благословот на Игуменот.
Ја исекле мантијата и биле восхитени! Старецот сам ја затворил устата и се насмевнал.
Изразот на лицето покажувало озареност и радост.Ова било прво чудо на старецот по неговото упокојување. Така Старецот ги љубел своите браќа, сакал по навика да им служи,
да им направи по волја и по неговата смрт.
Извор: vatopaidi.wordpress.com
Благодарност до Тони.
Од Редакцијата на ПфреминПортал