логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

ДУХОВНО ВОСПИТУВАЊЕ НА МОМЧЕТО: ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ВРЕМЕТО 

Татјана Шишова

Занимавањето со спорт, стекнувањето на воени вештини, кампувањата, учеството во работа, со акцент на традиционалната машка работа, мноштвото херојски примери со кои изобилува историјата, книжевноста, уметноста и-слава на Бог-современиот живот, тоа се, кажано со јазикот на математиката, неопходни услови но, недоволни за вистинско машко воспитание.

Во наше време, кога духовната борба станува се повжештена, без духовна основа човекот не може да издржи. Сѐ е непостојано, призрачно: традициите кои макар по инерција им дозволуваат на луѓето да ги следат обичаите на предците, се изгубени, вредностите се оспоруваат, се испревртуваат горе и долу. Татковците во поголем дел не претставуваат духовен авторитет, не можат да ги научат децата на вера и благочестие.Тоа значи дека не се вистински глави на семејството, без разлика колку пари заработуваат и какви раководни места завземаат. Синовите пак, кога ќе пораснат малку, повеќе се обраќаат кон татковците, отколку кон мајките. Последните години, навистина, мажите доаѓаат во храмовите но, состојбата значајно не се изменила. Таа пак, треба од корен да се измени бидејќи општеството каде што жената е духовно, душевно, а сега понекогаш и физички е појака од мажот, е осудено на самоуништување.

Притоа, по прашањето на духовното воспитание на момчињата, исто така е важно да се имаат предвид нивните особености, сврзани со полот. Забележувањето (перцепцијата заб. на прев.) на момчињата и девојчињата суштински се разликува. Девојчињата полесно усвојуваат емотивно обоен податок бидејќи се почувстивтелни, поромантични, усмерени на воспоствавување на топли, поверливи односи со предавачот. Нивното забележување е обично поконкретно, усмерено на конкретни задачи: каде овде може да се применат добиените знаења? Машкиот склоп на умот е поинаков-поаналитичен е. Затоа помеѓу мажите има многу повеќе математичари, физичари, философи. Момчињата подобро ги усвојуваат апстрактините науки. Во едно од истражувањата направени на таа тема, бројот на момчињата со математички способности го надминувал бројот на нивните врснички во однос 13:1. На момчињата им е важно да стигнат до суштината, да ја видат длабочината и обемот на проблемот. Тие лесно решааваат нови задачи и за разлика од девојчињата, не сакаат стереотипи. Тие се усмерени на нови знаења, повторувањата им се досадни.

Ако од овој агол се погледне учењето на детето на верата, ќе видиме дека и тоа, исто како и светското образование, денес е повеќе прилагодено на девојчињта. Додека децата се мали, тоа не е толку приметливо, многу момчиња со задоволство сечат ангелчиња од хартија, бојат велигденски јајца, настапуваат во Божиќни престави. Но, како што се ближат кон младешката возраст сето тоа, па дури и вежбите на борба, поклоничките патувања и сл. им стануваат недоволни. Тие, како и многу претходни поколенија на «руски момчиња» (израз на Ф.М. Достоевски), почнуваат во животот да бараат повисока смисла. Ако кај опкружувањето не наидат на разбирање, бараат други извори. Денеска пак, тешко е да се наиде на  разбирање. Воцрковените возрасни луѓе се најчесто жени. Во момчешката возраст, психологијата на момчето, многу се разликува од женската. Исто така, родителите на денешните момчиња, како по правило, пришле кон верата помалку или повеќе во зрела возраст, откако поблуделе во темнината за конечно да излезат на светлината. Затоа им се чини дека синот често бара да биде по неговата воља: «Добро, ние ништо не знаевеме но, тебе смислата ти е откриена од пелени! Оди во црква, моли се, исповедај се, причестувај се, труди се да не грешиш, а кога ќе погрешиш-покај се. И сè ќе биде во ред!»

Тоа секако е правилно но, не го усмерува момчето. Длабокото, сериозно машко воспитување, на современите момчиња им е потребно како воздух. Да се реши тоа прашање единствно со силите на свештениците, кои и без тоа се оптеретени така што ни своите деца не ги гледаат, е нереално. Важно е за родителите тоа го сфатат и порано да се понзанимаваат со тоа, со кого момчето ќе поразговара, за да го сподели своето мислење и сомнеж. Најдобро од сè е, се разбира, таа улога да ја земе на себе и достојно да ја исполни е самиот татко. Тешко е дури да се опише, колку голема среќа е за синот да се гордее со својот татко, не просто како почитуван човек, специјалист во некоја област, туку како и морален, духовен авторитет. Колку голема чест е тоа, во епохата на демонстративно  рушење на авторитетот, пир на невоспитанието.

Доколку во општеството би се вратило разбирањето на овие нешта, многу татковци би се замислиле и би почнале да се однесуваат поинаку. Бидејќи сите мажи, дури и малите момчиња, сакаат да ги почитуваат. Прашање: Заради што? Денес тоа е клучно прашање. Додека неговото решение не премине на духовно рамниште, додека мажите не созреат до сознанието на првостепената важност на верата и не започнат да се однесуваат во склад со тоа, воспитувањето на момчињата ќе накривнува. Без разлика, колку и да се трудат мајките да го исполнат она што татковците не го исполниле.


ДАДЕ ЗБОР-ОДРЖИ ГО!

Учете го момчето да си го одржи зборот. Некогаш тоа се сметало за чест и неотуѓиво својство на мажот. Дури и продажните договори руските трговци и претприемачи многу често ги заклучувале со зборови:« се удирале по рацете (се ракувале)». Да не го исполниш ветувањето значело да ја изгубиш довербата во својот круг на движење, да бидеш нечесен, низок, непосакуван човек. Во овој случај општеството не покажувало никакво снисходење. «Кога не си дал збор-крепи се, кога ќе ја дадеш»-одржи го».-изискувала народната мудрост. Сега пак, ни уфрлуваат, дека неисполнувањето на ветувањето е совршено нормално. Во политиката, како и да неможе да биде поинаку. Но, ако ја оправдуваме нечесноста на мажите на власт, што тогаш да се очекува од обичните луѓе: мажите, татковците, синовите?

Испаѓа дека нема на кого да се потпреш. Како одговор на твојата молба ти одговараат «да» но, тоа ништо не значи. Мајката која се вратила дома од работа, редовно го гледа својот син со нерешени задачи, пикнат во компјутерот, со планина од валкани чинии во мијалникот, без разлика што тој ветувал преку телефон дека сè ќе биде средено кога таа ќе дојде дома. Да му се обрати на мажот исто така е бесмислено: ниту тој самиот не ги исполнува ветувањата. Полиците кои требал да ги закачи пред три недели, се сè уште нераспакувани. Ниту физички неговото присуство во станот не се гледа, без обѕир што тој со сигурност ветил дека ќе дојде порано од работа за да вежба со синот математика. Нема да го продолжувам овој реалистичен цртеж. И онака сè е премногу добро познато. Ќа кажам само дека кај жените, таквата инфантилна неодговорност на мажот предизивикува брзо губење на  почитта кон нив. Очигледно, бидејќи тоа влегува во остра протовречност со архетипскиот лик на мажот како потпора и потслон, зад кој е како зад ѕид од камен. Жената може да се помири со многу недостатоци на сопругот но, губитокот на почитта за бракот е фатален. Дури и ако тој формално не се распадне, жената ќе доживува најдлабоко разочарување и ќе реагира на соодветен начин.


Затоа, посакувајќи му среќа на момчето, тоа задолжително треба да се учи на одговорност, односно да се учи да ги исполнува своите ветувања. Како да се учи? Па, воопшто тука нема посебни мудрости. Ако момчето е склоно да биде лукаво и да манипулира, ако наградата ја бара однапред, а откако ја добие, не го исполнува ветеното, тогаш однапред не треба да му се дава. Тоа треба да биде железен закон, кој нема да може да го скршат никакви наговорувања и хистерика. «Наутро парите-навечер столиците». Никако поинаку. Паралелно пак, треба на синот на му се говори (не како укор туку онака), дека вистинските мажи си го одржуваат зборот. Вреди да се прочита приказната на А.И. Пантелеев «Чесен збор» и да се поразговара за неа. Исто така, треба да се наведат и примери од животот. Меѓу нив, примери од животот, на големите луѓе, житија. На пример, да се потсетите на житието на светите маченици Адријан и Наталија или маченикот Василиск. Адријан го пуштиле кај неговата жена за да ѝ го соопшти денот на своето погубување. Василиск пак, ги замолил стражарите да го пуштат за да се прости со своите најблиски.

Теоретски, обајцата можеле да побегнат но, тие се вратиле во сигурна смрт, затоа што сакале да пострадаат за Христа и несакале да го изгубат своето добро име, за да ги означат како лажговци и кукавици.
И уште нешто: не ги давајте не само толку посакуваните слатки и цртани филмови туку и нешто многу поважно! Тоа се привилегиите поврзани со созревањето. Односно, онака, како што било исправно во сите времиња и кај сите народи. Детето прво треба да докаже дека созреало до премин во друга возрастана категорија, а дури потоа да ги добивало своите додатни права. Не обратно, како што денес се случува.


МОМЧИЊАТА СЕ ПОВЕШТИ ОД ДЕВОЈЧИЊАТА


Момчињата, во просек се поподвижни и пошеговити од девојлињата. Тоа истоа така не е бесцелно. На инертното момче би му било тешко да се избори со не толку лесните задачи на наоѓање храна, заштита на родот и освојување на нови земји. Во споредба со девојчињата, момчињата имаат поразвиено чувство за ориентација. Се сеќавам, колку ме поразуваше кога мојот постар син, веќе со три и пол години ми го покажуваше мене патот, кога го возев преку целиот град кај прабаба му. Самата јас не го бев запаметила патот, а нему му беа доволно неколку патувања за да ми каже каде да свртам, а каде да одам право.

Во момчињата дреме древен инстикт на ловец. Ним им е потребен простор, потребни им се пространстава, доживувања. 95% од младите скитници се од машки пол. Поминувајќи го поголемиот дел од животот во затворен и особено тесен затворен простор-градски стан и школска училница, момчињата страдаат од физичка и психичка депривација (недостаток на движење и неопходни позитивни чувства). Затоа за време на промена или кога ќе истрчаат од станот на улица, ти почнуваат да се будалат, да трчаат, да лудуваат. Обидите да се сузбие тој излив на енергија доведува до уште поголема напнатост, раст на агресивност и непослушност.  Многумина родители приметуваат, дека детето кое неколку дена се наоѓа меѓу четири ѕида ( на пример поради болест) тоа почнува буквално да стои на глава. Кога пак ќе излезе на слобода, откако ќе се истрча и искока, се успокојува, станува попослушно и прилагодливо. Затоа задолжително треба да се имаат на ум тие особини на момчето.


Неопходно е така да се устрои животот на децата за да имаат можност што повеќе да шетаат и да бидат на свеж воздух, да планинарат, да видат  нови места, зиме да се клизаат и санкаат, на пролет и  на лето да возат велосипед. Накусо, возрасните се должни да ги задоволовуваат потребите на момчето за движење и освојување на пространство. Седечкиот начин на живот, тој бич на граѓаните и за возрасните е исполнет со множество крајно непријатни болести, за младиот организам, кој сѐ уште се обликува, тој е просто погубен. Секако, постојат нешта пред кои човекот треба да се смири. Ние не можеме да го смениме одделенско-предметниот систем на школски предавања, иако и во рамките на тој систем постојат методики кои им дозволуваат  на децата да се движат. На пример, системот на В. Ф. Базарни, според кој училниците се опремени не со обични клупи, туку со маси-пултови и учениците можат да работат или седејќи лили стоејќи. Но, начинот на кој детето го минува слободното време, скоро во потполност зависи од родителите: што тие му дозволуваат, на што ги трошат средствата.

Гледано од овие позиции, подобро е да не се поттикнува потребата на синот кон компјутерска  забава и телевизија.
Особено во работни денови, по училиште. Покрај другите минуси, тоа е и додатен притисок за очите и хиподинамија (недостаток на движење) која води кон нарушување на работата на срцето и крвните садови и големиот мозок, од што доаѓа до општа слабот, несоница, се смалува работната способност, се снижува умната активност. Лошо делувана коскено-мускулниот апарат, на работата на желудочно-цревниот тракт.  Накусо говорејќи-на целиот организам. Во училишна возраст за момчињата е важно да вежбаат во некоја спортска секција. Тоа дава можност да се менуваат умниот напор со телесниот, дисциплинира, одвлекува од бесцелно минување на времето.

БАВЕТЕ СО РАЗВОЈ НА УМОТ

Инаку, за умниот притисок. Разрушувањето на фундаменталното образование, учењето на учениците да работат воглавном во рамките на зададените алгоритми, подучување во духот на решавање на стереотипни задачи, скоро погодување на правилниот одговор во контролните задачи, кога контролната или испитот повеќе личат на решавање на крстословки, отколку на сериозна, длабока проверка на знаењето-сличните «изуми» кои сметаат на нормалниот развој на интелектот, за момчето се просто убиствени. Машкиот ум, љубопитен, слободен, кој бара самостални решенија, се наоѓа заробен во кафез. Хаотичноста на предавањето на наставниот материјал, отсуството на редот и внатрешната логика-сето она што било карактеристрика на класичното образование-особено е недоспустливо за аналитичкиот машки склад на умот. Не сфаќајќи ја смислата, не гледајќи логика во прозволната група на факти, паметното момче се губи. Тој неможе маханички да ја учи лекцијата за да му се допадне на учителот (мотив кој често е сосема доволен за девојчињата). Интересот кон учењето престанува, тешкотиите се натрупуваат, дупките во знаењето стануваат се поголеми и на крајот на основното училиште детето, кое толку многу ветувало, често се претвора во невротичен тројкаш.

Доколку момчето уште и како малечок го ставаат да игра видео игри, тогаш работата потполно е пропадната. Не само заради тоа што тоа е тип на зависност, кој неизбежно води кон скратување на видокругот, губиток на љубопитноста, а често и никакви занимања освен игрите. Се работи за тоа што компјутерот, според мислењето на психијатрите и психолозите, кои го изучувале тоа прашање, го изобличува мислењето на детето, го учи да мисли не творечки, туку технолошки. Во поголемиот број на популарни игри, нема место за полет на фантазијата и мислите, барањето на решението се сведува на избор од порано зададени варијанти (т.е. и тоа се своевидни тестови) на децата им се наметнуваат стандардни обрасци и клишеа.

Мислењето се програмира, доаѓа до роботизација на  личноста. Детето не се учи да бара решенија самостално, не учи да анализира и да изведува заклучоци но, работи пред сè со методот на проба и грешка, бидејќи само така може да се напредува во компјутерските игри. Обратете внимание колку многу во современите реклами има многу момчиња со туп, дури и отворено дебилен израз на лицето. За жал, во тој случај рекламата не го покажува саканото, наместо стварното, туку во одредена мерка, ја одржува стварноста. Доволно е да се провозите со метро, да поминете по улиците, да погледнете од страна. Децата, воглавном, не се раѓаат со недостаток на интелектуално рамнише, туку совршено нормални, дури и бистри! Така што станува збор за типична педагошка запуштеност и намерно заглупување на луѓето во информативната војна, што изобилува со трагични последици како за поединечната личност, така и за државата во целина.

Заглупените мажи не само што не предизвикуваат уважување кај жените (а тоа значи дека го губат правото на првенство во семејството), туку често не се ни во состојба да разберат што всушност се случува. Затоа со нив е лесно да се манипулира. Заостанатоста, нефлексибилноста, вкалупеноста на мислењето, доведува со заслепеност, кога човек дури ни под притисок на непобитни докази, неможе да ја прифати онаа гледна точка која не се вклопува во општите стереотипи и или паѓа во агресија или заминува од реалноста во светот на компјутерско-телевизиските сништа, се затупува со наркотици или алкохол. Односно уште повеќе ја исклучува и онака слабата свет.


(крај на вториот дел)

Воспитување на момче-Татјана Шишова ...

Татјана Шишова, Член на Сојузот на писателите на Русија, мајка на три деца

Извадок од «Родителскиот прирачник»-издание на Православана породица-Београд 2014 лето Господово
http://православнајапородица.срб
подготви: М.Б.

18-ти мај 2018 лето Господово

Друго:

Воспитување на момче-Татјана Шишова ...

.Воспитание на девојче-Татјана Шишова ...

Психолозите советуваат: На децата повеќе да им се чита од Библијата



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7709
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная