✜✣✜
Оној што вистински бара да се увери дека направените гревови му се простени, тој секој ден кога не плачел го смета за загубен, макар и да направил во тој ден многу добра. Никој од оние, кои треба да плачат за своите гревови, да не ја намалува својата ревност, мамејќи се со мислата дека на смртниот час ќе добие известување за простувањето. Тоа не е сигурно.
Пророкот се молиː „Допушти ми да здивнам, пред да заминам и да ме нема веќе‘ (Псал. 38,13), а апостолот велиː „Каде што е Духот Господен, таму има слобода“ (2. Кор. 3,17), - таму има разрешување и простување; таму каде што е вистинското смирение таму се веригите разврзани. А во кого ги нема овие две работи, тој да не се мами, зашто тој е уште врзан. Оној што сака да се избави од товарот на своите гревови, да им подражава на оние што седат над гробовите надвор од градот и да не престанува да пролева топли и горчливи солзи, да не ги прекинува безгласните ридања на своето срце сè додека не Го види Христос Исуса како дошол и го дигнал каменот на ожесточеноста на неговото срце и, како четиридневниот Лазар – да го разврзе од неговите гревовни врски и да им заповеда на Своите слуги – на ангелите: „Одвиткајте го (од неговите страсти) и оставете го да оди!“ (Јован 11,44) – кон блажената бестрасност.
свети Јован Лествичник
Избор од ФБ страната на : Светланка Трајчева
П.П.