логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel


 Иако застранува од вистинската природа на работите, окултното учење почнува со една несомнена христијанска вистина: смртта на телото не е крај на човечкиот живот, туку само почеток на нова состојба на човечката личност, која продолжува да постои одвоена од телото. Смртта која не е создадена од Бога, туку во созданија пристигнала со гревот на Адам во рајот, е најизразениот вид паѓање на човечката природа со кој се соочува човекот. Судбината на личноста во вечноста зависи многу од тоа како таа се однесувала спрема сопствената смрт и како се подготвувала за неа. Вистинскиот христијански однос спрема смртта го вклучува и елементот страв, несигурност, т.е. оние емоции кои окултизмот сака да ги отфрли. Меѓутоа, христијанскиот однос спрема смртта нема ништо заедничко со примитивниот страв каков што можат да почувствуваат оние што умираат без надеж во вечниот живот. Христијанинот ја дочекува смртта со смирена свест, спокојно и, по Божја милост, дури и со одредена сигурност.
    Да ја погледнеме сега христијанската смрт на неколку големи египетски свештеномонаси од 5 век.
Кога му дојде времето на Свети Агатон да се претстави, три дена помина целосно прибран, не разго-варајќи со никого. Најпосле, браќата го запрашаа: „Оче Агатоне, каде си?“ „Стојам пред Христовиот суд“, одговори тој. „Зар и ти се плашиш, оче?“, го запрашаа браќата. Тој одговори: „Вистина, јас со сета сила се грижев да ги извршам Божјите заповеди, но јас сум човек, па не знам дали му се угодни на Бога моите дела“. „Зар навистина не се надеваш за својот живот, кој беше во согласност со Божјата волја?“, повторно запрашаа браќата. „Не можам да имам таква надеж, одговори тој, бидејќи едно е човечкиот суд, а друго Божјиот суд“. Сакаа уште нешто да го запрашаат, но тој им рече: „Љубезно ве молам да не зборувате сега повеќе со мене, бидејќи сум зафатен“. Кажувајќи го тоа, радосно издивна. „Го видовме радосен, зборуваа неговите ученици, како да се сретна и да се поздравува со своите драги пријатели“.
Дури и големите Светители кои умирале со јасно сведоштво на Божјата милост кон нив, го чуваат трезвеното смирение во поглед на своето лично спасение.
Кога на Свети Сисое Велики му дојде времето да умре, неговото лице се озари и тој им рече на собраните отци: „Еве, дојде авва Антониј“. Молчејќи некое време, повторно рече: „Еве, дојде соборот на пророците“. Тогаш стана уште посветол и рече: „Еве, дојде соборот на апостолите“. И повторно неговото лице се озари двојно посилно. Тој почна да разговара со некого. Старците го запрашаа со кого разговара. Тој одговори: „Ангелите дојдоа да ме земат, но ги преколнувам да ме остават уште некое време, заради покајание“. Старците му рекоа: „Оче, тебе покајание не ти е потребно“. Тој им одговори: „Навистина, не знам дали ставив и почеток на покајанието“. А сите знаеја дека е совршен. Така зборуваше и чувствуваше вистинскиот христијанин, иако уште за време на животот воскреснуваше мртви со еден збор и беше исполнет со дарови на Светиот Дух. И повторно засвете неговото лице уште посилно, блескајќи како сонце. Сите се уплашија. Тој им рече: „Гледајте, Господ дојде и рече: „Донесете ми избран сад од пустината““. Со овие зборови тој испушти душа. Се видоа молскавици, а храмот се исполни со миомирис (Скитски Патерик, Епископ Свети Игнатиј, кн. III, стр. 110).
Колку само се разликува овој длабок и трезвен христијански однос од површниот пристап на некои денешни неправославни христијани кои сметаат дека се веќе „спасени“, дека дури и нема да бидат ставени на Судот како сите луѓе, па нема ни зошто да се плашат од смртта. Слично сфаќање (кое е многу распространето меѓу современите протестанти и кое практично не е далеку од окултистичките идеи) е и она дека не треба да се плашиме од смртта, бидејќи нема вечни маки. Без сомнение, ако и ненамерно, и ова сфаќање потпомогнало за формирање на современиот однос спрема смртта. Блажениот Теофилакт Охридски (XI век) во својот коментар за Евангелието пишува: „Многумина се опрелестуваат со лажна надеж, мислат дека ќе го добијат Царството Небесно и дека ќе се соединат со оние што почиваат на врвот на доблестите. Таквите негуваат високо мислење за себе во срцето… Многумина се повикани, бидејќи Бог повикува многумина, односно сите; но малкумина се избрани, малкумина се спасени, малкумина се достојни на Божјиот избор“ (Толкување по Мат. 22,14).
    Сличноста меѓу окултната филозофија и современите протестантски погледи претставува, можеби, и главната причина поради што обидите на некои протестанти–евангелисти да ги критикуваат современите посмртни искуства од гледна точка на библиското христијанство биле толку неуспешни. И самите критичари толку изгубиле од традиционалното христијанско учење за задгробниот живот, поднебесното царство, дејствувањето на демоните и нивните измами, што нивната критика е често распливната и произволна, а нивната моќ на расудување во оваа област не е ништо подобра од онаа на световните истражувачи, поради што и допуштаат да бидат измамени од лажните т.н. христијански или библиски искуства во воздушното царство.
Вистинскиот христијански однос спрема смртта се заснова врз свеста за коренитата разлика меѓу овој живот и идниот. Митрополитот Макариј Московски (Булгаков) со следните зборови го подвлекува библиското и учењето на Светите Отци за ова прашање: „Смртта е меѓа што го ограничува времето на подвигот за човекот и на која почнува времето за отплаќање, така што после смртта не е можно ниту покајание ниту исправање на животот. Оваа вистина ја искажал Христос Спасителот со својата приказна за богатиот и за Лазар, од која се гледа дека и едниот и другиот веднаш после смртта го добиле заслуженото, а богатиот, колку и да се мачел во пеколот, не можел со покајание да се ослободи од своите маки“ (Лука 16,26, кн. II, стр. 524). (Но, тоа сѐ уште не е конечниот суд - заб. прев.).
Поради тоа смртта, всушност, е таа реалност која во човекот ја побудува свеста за разликата меѓу овој свет и идниот и која поттикнува на живот исполнет со покајание и прочистување додека сѐ уште имаме скапоцено време. Кога некој брат го запрашал светиот авва Доротеј за себе, зошто му се случува бесцелно да го поминува времето во својата ќелија, тој му одговорил: „Затоа што сѐ уште не си ја сфатил очекуваната награда, ниту идните мачења. Бидејќи, кога навистина би го знаел тоа, дури и ќелијата да ти е полна со црви до висина на грлото, ти би стоел и би трпел, не раслабувајќи се“ (Авва Доротеј, поука 12 „За стравот од идните маки“).
На сличен начин учи и Свети Серафим Саровски во ова наше модерно време: „Кога би знаел каква радост ја очекува душата на праведникот на небесата, ти би се охрабрил во овој привремен живот со благодарност да поднесеш мака, гонење и клеветење. Кога и целата оваа наша ќелија би била полна со црви и кога црвите би ни го гризеле телото во текот на сиот овој наш привремен живот, пак со сето срце би требало на тоа да се согласиме за да не се лишиме од онаа небесна радост која Бог ја подготвил за оние што Го љубат“.
    Непостоењето на стравот пред лицето на смртта кај протестантите, како и кај окултистите, претставува директна последица на нивната незапознатост со тоа што ги очекува во идниот живот и што е можно да се направи сега за да се подготват за смртта. Вистинското доживување или видение на задгробниот живот потресува до длабочината на душата и доколку човекот дотогаш не водел ревносно христијански начин на живеење, започнува коренити промени на сиот живот заради подготовка за идниот. Кога преподобниот Атанасиј Киево–Печерски починал и по два дена оживеал, игуменот и браќата се „ужаснаа гледајќи дека оживе, па почнаа да му поставуваат прашања како оживе и што виде и што слушна во моментот кога се разделуваше од телото. На сите тие прашања тој ги изговарал само зборовите: „Спасувајте се!“ Бидејќи браќата упорно го молеа да им каже нешто корисно, тој им остави завет на послушание и непрестано покајание. Веднаш потоа Атанасиј се затвори во пештерата каде што помина дваесет години, не излегувајќи, живеејќи тука и дење и ноќе во непрестајни солзи, земајќи малку леб и вода и не разговарајќи со никого целото тоа време. Кога дојде моментот на неговата смрт, тој им ја повтори својата поука за послушанието и покајанието на собраните браќа и со мир почина во Господа“ (кн. III, стр. 129, Киево–Печерски патерик, Свети Атанасиј, наречен Воскреснат, се претстави на 2 декември).
Исто така, пречесниот Беда на Запад проповеда како некој жител на Нортумбрија, кој бил мртов цела ноќ, враќајќи се во живот, рекол: „Навистина, јас станав од прегратката на смртта и повторно ми е допуштено да живеам меѓу луѓето. Но, отсега не треба да живеам како порано, туку треба да водам сосема друг живот“. Тој го раздал сиот свој имот и се оддалечил во манастир. Подоцна зборувал дека ги видел небесата, пеколот, но „тој Божји човек не сакал да зборува за тоа со луѓето кои не сакале да слушаат и кои воделе безгрижен живот, туку само со оние што имале страв од казната или се радувале со надеж за вечен живот и кои сакале да ги примат неговите зборови во срцето и да растат во светоста“.
Дури и во наше време авторот на текстот „За многумина неверојатен, но вистински случај“ бил толку потресен од своето вистинско искуство од оној свет што во целост го изменил својот начин на живеење, станал монах и напишал повест за своето искуство за да ги разбуди сличните на себе што живеат во лажна безгрижност, не верувајќи во идниот живот.
Ваквите случаи често се среќаваат во житијата на Светиите и во другите православни извори и тие се во остар контраст со искуствата на современите луѓе што ги виделе „небесата“ и „оној свет“, останувајќи и понатаму во лажната увереност дека се веќе подготвени за животот после смртта и дека нема причина да се плашат од самата смрт.
Значењето на сеќавањето за смртта во христијанскиот живот може да се види од учебникот за христијанскиот подвиг „Лествица“ од преподобниот Јован Лествичник, чиј шести степен е специјално посветен на тоа: „Како што е лебот попотребен од секоја друга храна така и помислата на смртта е понужна од сите други дејности… За човекот е неизводливо да го помине денот богоугодно доколку не мисли дека е тоа последниот ден од неговиот живот“ („Лествица“ 6:4, 24). Писмото добро вели: „Во сите твои работи спомнувај си за твојот крај, и никогаш нема да згрешиш“ (Сир. 7,39). Големиот светител преп. Варсонуфиј од Газа го советувал братот: „Нека го закрепнат твоите мисли сеќавањето на смртта, чиј момент не му е познат на никого. Да побрзаме да направиме добро до нашиот исход од овој живот – бидејќи ние не знаеме кога ќе бидеме повикани – да не се покажеме неподготвени и да не останеме, заедно со петте луди девојки, надвор од брачниот дворец“.
Големиот авва Пимен, дознавајќи за смртта на египетскиот подвижник преп. Арсениј Велики, рекол: „Блажен Арсениј, ти се оплака себеси во текот на земниот живот! Ако не се оплакуваме себеси овде, ќе плачеме вечно. Неможно е да се избегне плачот: или овде – доброволно, или таму во маки, неволно“. (Патерик Скитски, види кај Св. еп. Игнатиј, кн. III, стр. 108).
Само оној што поседува ваков трезвен христијански поглед на животот може да се осмели да рече, заедно со Свети апостол Павле, дека „сака да умре и да биде со Христа“ (Фил. 1,23).
Само оној што води христијански живот во подвиг, покајание и оплакување на своите гревови може да каже со Свети Амвросиј Милански: „Будалите се плашат од смртта како од најголемо зло, а мудрите ја бараат како одмор од напорот и како крај на маките“ („Смртта како богатство“, 8:32).
Преосветениот Свети Игнатиј (Брјанчанинов) ја завршува својата позната „Беседа за смртта“ со зборовите кои денес, по сто години, звучат за нас како повик да се вратиме на единствениот правилен однос спрема смртта – христијанскиот, отфрлувајќи ги сите розови илузии за нашата сегашна духовна состојба и сите лажни надежи во поглед на идниот живот:
„…Корисно е да се буди во себе сеќавањето на смртта со посетување гробови, со посетување болни, со присуство покрај смртната постела на ближните и
погребите, со чести размислувања и обновување во сеќавањата на смртта на современиците кои сме ги виделе или за кои сме слушале… Спознавајќи колку е краток нашиот земен живот и колку се суетни сите земни богатства и почести, сфаќајќи каква ужасна иднина ги очекува оние кои, запоставувајќи ги Искупителот и спасението, се принеле себеси сосема како жртва на гревот и гнилежот – да ги одвратиме нашите духовни очи од непрестаното гледање на измамувачката и лажна убавина на светот, која лесно го лови човечкото срце за да ја сака и за да ѝ служи; да ги насочиме кон страшната, но спасоносна глетка – смртта која нѐ очекува. Да се оплакуваме себеси благовремено, да се измиеме со солзи и да ги исповедаме нашите гревови запишани во книгата на Творецот. Да стекнеме благодат од Светиот Дух – тој печат, тој знак на избирање и спасение, бидејќи тоа ни е неопходно за да
поминеме слободно низ воздушното пространство и да стекнеме пристап кон небесните двери и живеалишта.


38.machenici1

…Протерани од рајот! Не живееме на земјата заради веселба, заради прославување, заради играње, туку за тоа со вера, со покајание и крст да ја убиеме смртта која нас нѐ уби и за да си го повратиме изгубениот рај.
Нека им дари милостивиот Бог на читателите на овие зборови и на писателот да се сеќаваат на смртта за време на земниот живот и, сеќавајќи се на неа, да се умртват за сѐ што е суетно, па со живот за вечноста да го отстранат од себе осилото на смртта кога ќе настапи нејзиниот момент, и да преминат во блажен, вечен, вистински живот. Амин“ (т. III, 181 – 183).

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
 

Извадок од книгата Душата после смртта - Јеромонах Серафим Роуз

 

Извор:

 https://www.manastirslepche.mk/novost/hristijanskiot-odnos-sprema-smrtta-jeromonah-serafim-rouz/

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3224
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7717
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная