Зошто ни Грците ни Бугарите не го присвојуваат македонскиот Хомер?
Човекот кој е автор на поемите „Сердарот“ (1860) и „Скендербег“ (1861), „Автобиографијата“ (1885), преведувачот (во обид) на Хомеровата „Илијада“ и „Одисеја“, на „Ослободениот Ерусалим“ на Торквато Тасо и „Бесниот Орландо“ на Лудовико Ариосто, со пламена народна акција и проповеди, со учителствување, со жива и пишана реч – ќе биде пресуден фактор за конечниот пораз на елинофилството во Македонија.