Известување за сеноќно бдение во Куманово (27.03.2017)
На 31 март 2017 година (петок) со почеток во 22 часот, во навечерието на т.н. Акатистна сабота, во храмот на света Троица во Куманово ќе се служи сеноќно бдение во чест на Пресветата и Славна Владичица наша Богородица и Секогашдева Марија.






Еве каков беше тој. На отчитка (егзорцизам,молебен за истерување на зли духови) ги благословуваше само оние, кои испуштаа крици на квичење и мјаукање кај Чашата, не можејќи да се причестат. Не ги одобруваше новите икони, со сомнителност се однесуваше кон старците и пророштвата за последните денови. Не веруваше во исцелителната моќ на млекото и месото за време на постот, проповедувајќи медицина дури и во случај на горушица.
На 24-ти март 2017 година, петокот од третата седмица од Великиот Пост, отец Емил Петровски во сослужение на ѓаконот Игор настески во храмот на св. вмч. Георгиј, во скопската населба Кисела вода, отслужи Утрена богослужба со великопосни часови и н Литургијата на Претходноосветени Дарови.Верниот нрод се причестисо Светите Христови Тајни.
Ние немаме ни почеток ни раѓање; ние сме им началници и родителки на сите страсти. Не малку нè напаѓа еден од нашите непријатели. Тоа е скрушеноста, која се раѓа од послушноста. Ние не можеме на никого да му се покоруваме; ние сме биле началници и на небото и таму не можевме да го поднесуваме покорувањето, па затоа отстапивме оттаму.
Таа цел е онаа, за која спомнав, и е од почетокот на светот скриеното таинство на христијанството, кое се јави во последните времиња (Кол. 1, 26). Неа ја подразбира Павле, кога зборува за Бога, дека Он сака сите луѓе да се спасат, и до познавање на вистината да дојдат (1. Тим. 2, 4). Зашто, познавањето на вистината не е нешто друго, освен самата благодат.
Стресот и уморот не се само лични искуства, туку и општествени и историски феномени. Бјунг-Чул Хан, јужно-корејски филозоф кој живее и работи во Германија, ја толкува современата епидемија на папсаност како неспособност да се излезе на крај со негативните искуства во доба на прекумерна позитивност и универзална достапност на луѓе и добра.
Не му доличи на христијанинот удобно да живее и световно да се радува. Исто така, не треба лицето да ти се помрачува, ниту да сметаш дека не постојат маки на Божјиот пат. Зашто, Неговиот пат отсекогаш и во сите поколенија се среќавал со крст и смрт. И зошто ти мислиш дека удобно можеш да го изминеш патот Божји?
4. Кога раната е уште нова и топла, таа лесно се лекува; застарените и занемарените рани тешко се лекуваат. Тогаш за нивното исцелување потребен е голем труд, сечење, измивање и горење. Многу рани во текот на времето стануваат неисцеливи, „но за Бога сè е можно‘ (Матеј 19, 26).
Бодилото на моите гревови не престанува да го прободува срцето мое; уште не се покајувам за злото што сум го направил. Товарот на моите гревови уште не ме притиска; не ја чувствувам нивната тежина. Уште не сум ја познал сета сила на огнот; да ја знам неа, би бегал да не бидам опфатен од неа. Глас слушам во ушите мои - дека кон мене одат и се приближуваат затоа што срцето мое уште не сум го исчистил.
До моментот на доставувањето на иконата во Североморск, таинствениот круг почнал да се претвора во живописен Венец кој виси на Крстот. Чудото на појавувањето на неракотворниот Трнов Венец Христов на светиот Крст е очигледен за сите и радоста од таа чудесна Божја милост ја чувствува секој кој се моли пред таа икона.Денес, таа икона се наоѓа во храмот Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија, во градот Североморск.
Акo си мoќeн, спoрeд Нeгoвo дoпуштањe си мoќeн. Акo си вo друштвo на луѓe, ти си вo друштвo на oстанатитe Нeгoви гoсти. Акo си вo прирoда, вo Нeгoвата градина си. Акo си вo самoтија, Oн e присутeн. Акo билo кадe тргнeш, Oн тe глeда. Акo билo штo направиш, Oн памeти. Oн e највниматeлниoт Дoмаќин кај Кoгo ти кoга билo си гoстувал.

Молитвата бива различна, зашто едно е да Му се молиме на Бога со нерасеана мисла, а сосем друго, да стоиме на молитва со нашето тело, а мислата да ни биде расеана. А, исто така, едно е да одбираме кога ќе молиме, односно откако ги завршиме разговорите и работите во врска со овој свет, а сосем друго да ја претпоставуваме молитвата над сè друго, над сите светски грижи, да постапуваме според зборовите на апостолот,

Оваа прилика е историска можност да покажеме дека навистина ја сакаме нашата заедничка Татковина – Република Македонија, без разлика на која национална и верска заедница припаѓаме. Треба да сфатиме дека вистинско заедничко живеење се постигнува единствено во мир, со почитување на различностите и на правата на секој поединец, без скратување и нарушување на правата и достоинството на другите.

























