Игумен Трифун: Стражарење над нашите мисли
Сите сме слушнале за познатата слика во која чашата на едната личност е половина испразната, а на другата – половина полна. Првата личност е склона кон минување низ животот со неисполнети цели, додека втората ќе го гледа својот свет како прекрасна расцветана градина. Дури и сиот плевел во таа градина може да изгледа убав, доколку ги отстрануваме од себе негативните помисли.