Архимандрит Андреј Конанос: Едвај допирајќи ја земјата (втор дел)
Чудни нешта. Чудно функционира нашиот живот без неговиот Градител – Христос. Он го води нашиот живот. Додека богаташот од приказната имал секакви убави нешта и си велел на себеси: „Одмори си! О, колку пари имам во банката! Со тие пари ќе живеат и моите внуци! Добро сме! Немаме никаков проблем!“ И одеднаш – бам! – неочекуваното!