Слово на Неговото Високопреосвештенство Митрополит тетовско–гостиварски г. Јосиф пред почетокот на свечената литија
И нема поубава глетка од оваа – кога браќата живеат заедно (Пс. 132, 1), кога се сплотени, обединети. А тоа што го прави нашето заедништво можно – е само верата, само Црквата, всушност, само и единствено Христос. Во Него е смислата за сѐ, за животот и за смртта, за тагата и за радоста, за искушението и победата. Христос го направи за нас можно – неможното, го победи гревот и ја уништи смртта,