Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков : „Ако нашата молитва не го опфати целиот свет, не сме Христови и не сме деца на Пресвета Богородица“
Знаеме дека за секој дар што од Бог го добиваме, го добиваме од Неа и преку Неа, и поради Нејзините молитви, бидејќи самите со ништо не сме го заслужиле. Сѐ што имаме добро во нашиот живот, во нашиот град, во нашата епархија, во нашата држава, е поради молитвите на Пресвета Богородица. И, убаво е да се види како народот Божји оди по својата Пречиста Владичица, оти тоа е образот што го иконизира оваа литија. Таа почнува од храмот, извира од Светата Литургија, а нејзиниот крај е во вечноста, во Царството Божјо.