г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски (03.09.2017 г. Брвеница)
Денешното свето Евангелие прочитано на Божествената литургија во овој свет храм посветен на светиот Атанасиј Велики во с. Брвеница говореше за параболата за лошите и неблагодарни лозари, кои испаднале предавници. Параболата е сликовита. Еден домаќин дал лозје под наем. Многу пати праќал слуги да ја наплатат наемнината, но наемниците ги убивале сите слуги. Потоа конечно го пратил и својот син, мислејќи дека ќе го почитуваат.