Предвидени се 40 милиони евра за возобнова на Православниот дом за сирачиња во Константинопол
„Во моментов, објектот е напуштен и оставен на распаѓање, затоа неопходни се итни интервенции за да може да се заштити зградата од понатамошно пропаѓање“, е наведено во извештајот на добротворната организација. Со оглед на тоа дека легален сопственик на местото е Вселенската Патријаршија, таа ќе биде одговорна за распоредување на средствата и реализирање на проектот. Домот за деца содржи 206 соби распоредени на 5 ката и бил изграден од францускиот архитект Александар Валаури во 1899 год.