ЗОШТО ТРЕБА ДА ОДАМ ВО ХРАМОТ, АКО БОГ Е ВО МЕНЕ, ВО МОЈАТА ДУША?
Сите ние имаме пријатели или роднини коишто со недоумение гледаат на нашето собирање во храмот. На нивните лица се гледа длабоко неразбирање, а понекогаш и вознемиреност. Понекогаш тоа се преточува во зборовите: „Но, добро, ти забега во верата, нека ти биде. Но, зошто мораш да одиш во храмот и да трошиш толку време и сили за тоа? Еве, јас, на пример, исто така верувам. Но, јас си верувам во душата.