Митрополит Атанасиј Лимасолски: За совеста – I дел
Отците на Црквата расудиле дека совеста е многу важна за човекот. Тие дури тврдат дека само совеста е во состојба да го доведе човекот до определена мера на богопознание. Авва Марко вели: „Ако сакаш да се исцелиш, погрижи се за твојата совест“. Тоа е и одговорот на прашањето што ќе стане со сите оние луѓе кои никогаш не чуле за Бога, за Црквата, за Христос, не го читале Евангелието. Има милиони луѓе кои не чуле ништо, како тие ќе бидат судени од Бога? Каков ќе биде нивниот пат и врска со Бога?