ЗА ОТЕЦОТ ЈОВАН КРЕСТЈАНКИН
Главна духовна особина на отец Јован за мене секогаш беше не само дарот на расудување, туку и непоколебливата вера во себлагата и совршена Божја промисла, која што ги води Христијаните кон спасение. Во една од книгите на отец Јован како епиграф беа одбрани зборовите кои што тој често ги повторуваше: „Најважно во духовниот живот – е вербата во Божјата промисла и расудувањето со совет“.