Боже, Моето срце е подготвено: нека Ми биде според Твоите зборови – (втор дел)
Многу од неверните жители на Ерусалим кога го слушнале необичното пеење и гледајќи ја торжествената поворка, побрзале да ги известат за тоа првосвештениците и старешините; сите тие пламнале од гнев и завист кога виделе какви почести и се даваат на Мајката на распнатиот од нив Исус. Јудејските началници, веднаш собрале војска и го поучиле народот да ги нападнат христијаните со оружје, сите да ги разгонат, апостолите да ги убијат, а телото на Богородица да го запалат;