Јована Матевска Атанасова: Магда
Ноќта кога Магда ја грабаа месечината се капеше во сопствениот отсјај, расплодена по езерата и соголените брда. Маглата натежнуваше, со куршуми од слана ги напаѓаше посевите, им задаваше тешкотија во дишењето на зовичаните. Мостот се прелеваше како прстен пред темното платно и сета природа беше како изведена од некоја приказна од Магдината книга.