Преподобен Теофил Струмички
Откако светителот долги години поживеа испоснички, непријателот на човечкиот род подигна гонење на светите икони, а нивните поклоници преку беззакониот цар Лав Исавријанин иконоборец ги подложи на мачење. Овој цар го замрази благолепието на Божјиот дом и ги лиши од украс храмовите Господови: светите икони ги фрлаше во кал, ги газеше со нозе, ги гореше во оган, и мнозина верни ги мачеше и ги убиваше затоа што ги почитуваа иконите. Свети Теофил, пак, му се противеше на силникот и сите благоразумно ги поучуваше молитвено да ги почитуваат светите икони и да му се поклонуваат на лицето живописано на нив.