Монашки потстриг во манастирот во Гетсиманија
За време на благословениот Богородичен пост, искушеничката Латина Стаменкова од Ерусалимскиот Гетсимански манастир на Света Марија Магдалена, ги направи своите први чекори во монаштвото и беше потстрижана, добивајќи го своето монашко име Лаврентија. Инаку сестра Лаврентија е голем пријател на нашиот манастир и ценет соработник на манастирската веб страна, која долги години со голема љубов верно ги известува нашите читатели за сите новини поврзани со Светата Земја и Ерусалим.