Арх. Емилијан Симонопетриски - „Крстот и искуството на Крстот во Православната Црква“
Постојат толку многу препреки кои се појавуваат и го прават тежок човечкиот живот, а дните негови болни! Можеме да кажеме дека она што човекот го живее е сè она што може да се види, а тоа се препреки, проблеми, страв и болка. Но, тие препреки, слично на спортски достигнувања го челичат човечкото тело, и заради тоа Бог не ги отстранува од нас.