Св. Климент Охридски: Слово за страдањето и мачеништвото на Свети Јован Претеча и Крстител
Ти беше првиот учител на покајанието! Ти беше единствениот кој уште во утробата на мајка си поучуваше во вератa и пророкуваше за Христа, а сега си во прегратките на небесниот Отец. Тебе Иродијада те осуди неправедно и твојата глава беше донесена за време на царска гозба, не на глинена, ниту на сребрена, ниту на златна чинија, бидејќи тоа беше гнасно за тебе, туку на царот му