Задушница и неколку зборови за смртта (26.05.2018)
Човекот, „херојот“ на сечие време, вообразениот господар над природата, самозамислениот творец на технолошкото „совршенство“, соочен со феноменот наречен ’смрт‘, со тој негов најголем кошмар, станува едно бедно, уплашено и крајно немоќно битие. Зашто, како што се изразил некој поет, „смртта вид нема, но сè што има вид на земно суштество – го проголтува“.