Писмо до Антиохискиот Патријарх г. Јован (12.08.2020)
Ваша Светост, дозволете ми од свое име, од името на Светиот Синод на МПЦ-ОА, од свештенството, монаштвото и од верниот народ во нашата диецеза, да ја изразам нашата сострадалност, сочувство, и молитвена поткрепа на семејствата на починатите, повредените и на целиот страдален народ во Вашата Патријаршија. Нашите молитви, и молитвите на верниот народ во нашата земја, се кон Христа Распнатиот и Воскреснатиот и Неговата Пресвета Мајка, за тие да ги упокојат душите на настраданите, да ги утешат ожалостените и да им дадат сила, здравје и крепок дух на преживеаните во несреќа што го најде Вашиот народ.