„ СО СТРАВ БОЖЈИ И ВЕРА ПРИСТАПЕТЕ...“
Си дошол во храмот, а си го изоставил најважното - Светите Дарови, а тие се сé. Тебе ти остана само нафората. Знаеш ли што е светиот олтар? Тоа е нешто најдрагоцено што постои на земјата. Царските престоли, претстедателските фотелји, академските катедри - имаат помала вредност. Светиот Престол е несогорлива капина. Тука слегува Христос, тука пребива Светиот Дух. Околу Престолот стојат свети Ангели. Колку величествена, страшна глетка!